Автор Тема: Банки, заштеди, сметки  (Прочитано 10522 пати)

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5231
Одг: Банки, заштеди, сметки
« Одговори #120 на: 11 Октомври 2025, 12:44:31 pm »
Банкоматот во Германија ми ја повлече дебитната картичка од Македонија, македонскиот телефонски број не ми е во функција, а немам ни пристап до НЛБ Клик апликацијата (нов уред, а податоците ги знам). Кога пробувам да ѕвонам од Германија на двата броеви од контакт центарот на НЛБ банка добивам само "Избравте непостоечки број", а преку меил не смееле ништо. Помош?
pisi email jas taka sum gi kontaktiral. nwsto helpdesk bese mailot

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk


Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4422
Одг: Банки, заштеди, сметки
« Одговори #121 на: 11 Октомври 2025, 13:01:29 pm »
Банкоматот во Германија ми ја повлече дебитната картичка од Македонија, македонскиот телефонски број не ми е во функција, а немам ни пристап до НЛБ Клик апликацијата (нов уред, а податоците ги знам). Кога пробувам да ѕвонам од Германија на двата броеви од контакт центарот на НЛБ банка добивам само "Избравте непостоечки број", а преку меил не смееле ништо. Помош?
Многу несреќна комбинација ти се десила, искрено не верувам дека ќе можеш нешто да направиш од тука. Го немаш бројот кој ти го имаат во систем, ја немаш апликацијата на телефон, многу е зезнато да те идентификуват. Пробај си ја среќата у секој случај.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44441
  • Il Moderatore
Одг: Банки, заштеди, сметки
« Одговори #122 на: 11 Октомври 2025, 13:32:17 pm »
Те идентификуваат по матичен и уште некој податок, дали адреса или сл, не ми текнува сега. Како и да е, тек супорт на НЛБ на телефон тешко се добива од странство, јас еднаш се изнамачив, (дури да сфатам дека е 1ви август, а картицата ми е со важност до јули).

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17805
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Банки, заштеди, сметки
« Одговори #123 на: 11 Октомври 2025, 13:41:01 pm »
Банкоматот во Германија ми ја повлече дебитната картичка од Македонија, македонскиот телефонски број не ми е во функција, а немам ни пристап до НЛБ Клик апликацијата (нов уред, а податоците ги знам). Кога пробувам да ѕвонам од Германија на двата броеви од контакт центарот на НЛБ банка добивам само "Избравте непостоечки број", а преку меил не смееле ништо. Помош?

Има копче за вибер и има мејл што може да го пробаш истовремено.

https://www.nlb.mk/kontakt

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2486
Одг: Банки, заштеди, сметки
« Одговори #124 на: 11 Октомври 2025, 14:03:56 pm »
Банкоматот во Германија ми ја повлече дебитната картичка од Македонија, македонскиот телефонски број не ми е во функција, а немам ни пристап до НЛБ Клик апликацијата (нов уред, а податоците ги знам). Кога пробувам да ѕвонам од Германија на двата броеви од контакт центарот на НЛБ банка добивам само "Избравте непостоечки број", а преку меил не смееле ништо. Помош?

Нека им ѕвони некој од Македонија, нека те стави на speaker, па ти збори со нив преку неговиот телефон.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6257
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Банки, заштеди, сметки
« Одговори #125 на: 11 Октомври 2025, 14:49:06 pm »
Сѐ пробав од горенаведеното (преку меил не смее идентификација да се прави, пишано и на инфо и на хелпдеск меилот, на вибер не одговараат на пораките), единствено успеав да го сменам бројот со биометриска идентификација преку OneID апликацијата, па ми текна на начинот кој @balanar го напиша, но едниот оператор рече дека не смее така да воспоставува повик, а другиот оператор само ми рече дека слабо ме слуша, но дека мора да поминат 24ч по промена на бројот, па ќе видиме.

П.С Картичката била блокирана дека долг период не е користена(10 месеци), односно поради безбедносни причини. Чисто за инфо за тие што се во странство, да не дојдат во ваква ситуација.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4422
Одг: Банки, заштеди, сметки
« Одговори #126 на: 11 Октомври 2025, 17:57:17 pm »
Ако све не бива, еве види си тарифа за СЕПА трансфер, парите ако ги прати некој до 12 часот, ги имаш истиот ден тука. https://www.nlb.mk/fizicki-lica/sepa-sistem

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14778
  • Пудингот на шоферството
Одг: Банки, заштеди, сметки
« Одговори #127 на: 11 Октомври 2025, 23:09:28 pm »
@nestor04  Јас уште пред да дојдам во Де избришав сите сметки на мое име,поништив картички,се одјавив од адреса за да намалам нервози и стрењиви.
За дел од наведените начини за можно решавање на твојот проблем подобро е да не коментирам ништо.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7010
  • Бенве сие бенве
Одг: Банки, заштеди, сметки
« Одговори #128 на: 12 Октомври 2025, 04:53:30 am »
Напрај си револут несторче, ќе имаш виртуелна картичка која што ќе ја наполниш со средствата од нлб и си ги решил сите проблеми.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14817
Одг: Банки, заштеди, сметки
« Одговори #129 на: 12 Октомври 2025, 13:44:44 pm »
Revolut, Wise имаш доста опции