Сѐ пробав од горенаведеното (преку меил не смее идентификација да се прави, пишано и на инфо и на хелпдеск меилот, на вибер не одговараат на пораките), единствено успеав да го сменам бројот со биометриска идентификација преку OneID апликацијата, па ми текна на начинот кој 
@balanar го напиша, но едниот оператор рече дека не смее така да воспоставува повик, а другиот оператор само ми рече дека слабо ме слуша, но дека мора да поминат 24ч по промена на бројот, па ќе видиме.
П.С Картичката била блокирана дека долг период не е користена(10 месеци), односно поради безбедносни причини. Чисто за инфо за тие што се во странство, да не дојдат во ваква ситуација.