Се што треба да направат е да го тргнат тој "Данок по вредност", барем на период од 3 години. За нешто постари возила кои се сепак со контролирани еколошки норми, да им намалат ДДВ на 5%.
Неколку пати сме го правеле муабетов. Јас би го тргнал целосно данокот за моторни возила, вклучувајќи ја и one-time CO2 таксата, и би тргнал тоа 5% царина. ДДВ на 18% е океј и ќе бидат цените на возилата порамнети (или можда нешто поефтини од други земји). Е сеа, ова е контроверзно можда, ама би ја тргнал Еуро4 рестрикцијата за увоз, со тоа што би вовел годишна еко-такса при регистрација која експоненцијално ќе расте за пониски/постари еко норми и поголем CО2. Така да ако некој е спремен да даде 5-6-7000 евра годишно за регистрација на Еуро3 Ферари или Порше, слободно, пари во буџет за кола што ќе се вози 4-5000 километри годишно. Додека па за обичните 20+ годишни коли нема да се исплати да ги регистрираш ако годишно треба да ја даваш вредноста на колата во еко такса.
Моментално Данокот за моторни возила казнува понови, поскапи, почисти возила, затоа што CO2 делот од тој данок е релативно мал во споредба со остатокот, и во државава поефтино е да увезеш и да регистрираш 20 годишна Еуро4 кола од 6-7000 евра отколку нова, Еуро6д+ кола од 2020 и нагоре која што кошта 20-30к евра. Баш пред недела дена проверував, за Giulia QV од 2024та година со Euro6e стандард (значи со OPF), која имаше 15ина илјади километри и нето цена од 57000 евра, увозните давачки беа 30000 евра.
tl;dr
- царина
- ДМВ
+ 18% ДДВ е океј (можда 5% за нови коли и коли понови од 2-3 години)
- Еуро4
+ експоненцијално накачување на еко такса годишна при регистрација
И 5% царина е ок, ќе стигне вкупно до кај 24% царина и ддв, нека одат од нас 5% 
Ова е добитна комбинација и според мене, целосна мотивација за кантите да одат во отпад.
Sent from my SM-S938B using Tapatalk
Има проблем со еко таксата. Треба да е стварно голема, за да има поента. Иначе пак ќе искочи поевтино да се вози половен крш од ново возило, барем во очите на финансиски необразуваниот народ.
Пластичен пример.
Да речеме дека нова кола чини 15.000 Евра и годишно чини 50 евра да се регистрира (технички преглед + еко такса некаква, не сметам осигурување). Вкупно 15.350 Евра за (некаков разумен рок од) 7 години.
Ако половната чини 10.000 Евра ама чини 500 евра годишно да се регистрира, просечен човек ќе рече „па мене ми е поевтино да возам половна, 10.000 ќе дадам сега, 500 евра годишно следниве 7 години, вкупно 13.500, тууу, раат“.
А истиот тој човек не разбира (или одбива да разбере) дека новата кола која има и гаранција во тој период од 7 години, ќе го чини значително помалку.
Секако, ова се многу „од ракав“ бројки. Само сакам да ја доловам поентата.
Е ова е тоа што просечниот човек кај нас не го разбира. Ако се воведат еко норми, одма ке излезат со апаши, го крадете народот и слично. А суштината е дека по ново = на пофтино.
Јас сакам да верувам дека на некој на власт до сега му текнало ова, но поради менталниот склоп на населението и плашење од некаква казна на следни избори, не се реализира таква идеја.
Гледајте само што се случува со сејф сити. Кај нас секоја одлука ке врти на политика на максимум, затоа и сме вака заглавени.
Sent from my POCOPHONE F1 using Tapatalk