Автор Тема: Давачки за увоз на возило од ЕУ - проценка и cost breakdown  (Прочитано 4393 пати)

Отсутен Shefket

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3

Здраво на сите,
Сакам да увезам  BMW Х5 од ЕУ, 2014 година, 162ккм, дизел, 166г/км ЦО2, цена (без ЕУ давачки) - 23000 еур.

Царина има калкулатор, незнам дали е точен:
https://ite.customs.gov.mk:8070/userForm


Колку (отприлика) вкупно ќе треба да се плати за да се увезе?

Поздрав
Шефкет

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5055
  • The Spartan General
Одг: Давачки за увоз на возило од ЕУ - проценка и cost breakdown
« Одговори #1 на: 28 Февруари 2024, 13:48:32 pm »
10 do 11k evra.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 440
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: Давачки за увоз на возило од ЕУ - проценка и cost breakdown
« Одговори #2 на: 28 Февруари 2024, 13:49:26 pm »
За најсигурна калкулација, прашај на https://www.davackizavozila.mk/. 450 денари е пресметката ама се прилично точни и ќе добиеш од-до во зависност од нивото на опрема. Ако имаш VIN број, уште поубаво.

PS, линкот што си го постирал е само калкулаторот, не знам колку ти излегол данокот тука. И имај на ум дека имаш и 15% царина.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3872
Одг: Давачки за увоз на возило од ЕУ - проценка и cost breakdown
« Одговори #3 на: 28 Февруари 2024, 14:02:26 pm »
5% царина и 18% данок после на се вкупно.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1093
Одг: Давачки за увоз на возило од ЕУ - проценка и cost breakdown
« Одговори #4 на: 28 Февруари 2024, 14:05:30 pm »
За најсигурна калкулација, прашај на https://www.davackizavozila.mk/. 450 денари е пресметката ама се прилично точни и ќе добиеш од-до во зависност од нивото на опрема. Ако имаш VIN број, уште поубаво.

PS, линкот што си го постирал е само калкулаторот, не знам колку ти излегол данокот тука. И имај на ум дека имаш и 15% царина.

18% има ДДВ, царината (5%) се плаќа само ако нема ЕУР1 и е вклучена во самиот калкулатор ако избереш дека возилото нема потекло од ЕУ.

Значи вака, ако го користиш калкулаторов, откако ќе ја добиеш сумата за данок, додади ја на цената на возилото и помножи со 1.18 за да пресметаш ДДВ. Бројката што ќе ја добиеш е целосната сума со се цената на возилото.

Значи:
(цена на возило + сумата од калкулатор) * 1.18 = вкупната цена до пред регистрација.

Е сега тука треба да земеш во предвид дека каталошката цена на тоа возило може да биде поголема од цената по која што си го купил, и дека сите пресметки се прават по основа на која цена е повисока (каталошка или куповна), така да може да варира.

ЕДИТ: Заборавив да напоменам, дури и ако го земаш од Германија возилото, мислам дека некој тука спомна дека веќе не издавале ЕУР1 сертификати за ЕУ потекло, така да на калкулаторот избери дека потеклото не е од ЕУ.

ЕДИТ 2: Секако, цените се чисто информативни, и може да се деси варијација особено бидејќи и транспорт се вклучува во пресметките.

Отсутен Stefan995

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 107
Одг: Давачки за увоз на возило од ЕУ - проценка и cost breakdown
« Одговори #5 на: 28 Февруари 2024, 15:41:52 pm »
Мојата poormans апликација вика дека ако колата ја проценат на 23к евра, ова ќе бидат цените со и без ЕУР1.
Земено е во обзир царина, CO2, Данок на моторни возила (луксуз ;D) и 18% ДДВ.


Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5951
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Давачки за увоз на возило од ЕУ - проценка и cost breakdown
« Одговори #6 на: 28 Февруари 2024, 15:45:26 pm »
10.000€.
40-45% отприлика на еуро 5 дизелче.

Отсутен Shefket

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Одг: Давачки за увоз на возило од ЕУ - проценка и cost breakdown
« Одговори #7 на: 28 Февруари 2024, 16:16:56 pm »
Фала на сите за одговорите, значи околу 10к (меѓу 9 и 11к би се движело).

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5951
  • Шо да пишам тука?🤔
Да не отворам нова тема.
Колку кошта увоз на Lexus IS250 (куповна цена околу 5-6к евра од Холандија) со највисока опрема, евро 4 бензин 2007ма 153кв бензин?

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1859
Да не отворам нова тема.
Колку кошта увоз на Lexus IS250 (куповна цена околу 5-6к евра од Холандија) со највисока опрема, евро 4 бензин 2007ма 153кв бензин?

https://www.davackizavozila.mk/

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5951
  • Шо да пишам тука?🤔
Го знам ова, немам вин број (не е само едно возило во понуда).

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5050
Го знам ова, немам вин број (не е само едно возило во понуда).
Cim go znaes ke stais toa so najmnogu oprema i ke ja imas najskapata varijanta

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk


Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7306
Го знам ова, немам вин број (не е само едно возило во понуда).

Барај да ти дадат/пратат COC документ, тука ги има сите информации што ти ги треба.

Отсутен Alk96

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Здраво
Дали некој знае колку би коштале давачки до регистрација за Опел Корса 2012 5 врати 1.2 бензин 85 коња еуро5 со повисоко ниво на опрема е. Немам број од шасија...

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1658
Здраво
Дали некој знае колку би коштале давачки до регистрација за Опел Корса 2012 5 врати 1.2 бензин 85 коња еуро5 со повисоко ниво на опрема е. Немам број од шасија...
Мислам дека можеш да побараш од davackizavozila.mk пресметка и без број на шасија, ќе ти даде од-до за моделска година. Мислам дека можеш да очекуваш до максимум 120.000ден.

Sent from my SM-S908E using Tapatalk