Преведи.
Sent from my SM-S938B using Tapatalk
Пред долго време беше донесен закон со кој требаше да се овозможи увоз и регистрација на коли кои не се наменети за европскиот пазар, односно немаат европско типско одобрување (EU Type Approval). Законот во пракса воопшто не функционира затоа што не беше назначен овластен претставник кој би издавал ТÜВ/технички потврди потребни за единечно одобрување на ваквите коли.
Конкретно, станува збор за германски модели произведени за корејскиот пазар. Значи, само BMW, Audi, Mercedes, Volkswagen. Не за корејските марки.
Низ цела Европа оваа постапка функционира нормално, додека кај нас до сега беше буквално невозможна, најверојатно поради нечиј интерес.
Ваквите коли ги одбиваа на теxнички и не можеа да се регистрираат. Имаше случки каде што поединци преправаа коли со ставање нови плочки на шасии и додаваа кодови за европско типско одобрување, само за да ги поминат како европски и да можат да ги регистрираат. Теxничките кај нас појма немаа и долго време на овој начин влагаа корејски увози. Некои ги фатија а други си се возат до ден денес без проблем.
Дали колите од Кореја се толку добри што некој би ризикувал да преправа шасија само за да ги регистрира? Да. Половните коли на корејскиот пазар се и до 50% поевтини од европските и генерално се посочувани
Авто плацеви низ Германија, Холандија, Белгија и други европски земји редовно увезуваат коли од Кореја. Истото важи и за Бугарија и Албанија. Голем дел од коливе со косовски и албански таблички што ги гледаме кај нас се претежно корејски увози. Ако прошетате низ авто плацевите во Драч, ќе видите дека секоја можна кола е увезена од Кореја.
Процесот на купување е прост и едоноставен. Се иде преку autowini. Од преглед на колата, до плаќање и организација на транспорт и документација. Ваше е само да платите и да ја подигнете колата кога ќе пристигне на пристаништето во Драч.
Дополнително, има целосен пристап до детална историја за колата. Ако била оштетена, точно е наведено каде било оштетувањето, колку била поправката, достапни се слики, сервисни извештаи, видеа и други проверки.
Клучниот дел за отпочнување на единечно одобрување за коливе без европски тип е веќе донесен - тув / теxничката потврда која сега може да биде издадена од двете фирми наведени погоре во известувањето од министерството. Сега, само останува да се направат некои измени поврзани со регистрација на овие возила, со што целиот процес ќе биде овозможен, без никакви пречки.