Бидна сервисот на 42.209 километри. Покрај другите работи, ми кажаа дека треба да се сменат и свеќици (интервалот е 4 години или 60.000 километри). Океј. Бидејќи претходно 12 години возев дизел, целосно имав заборавено дека свеќици постојат како трошок. Ама како што веќе реков, ќе ја одржувам колата во официјален сервис, во согласност со препораките од производителот. И за сè ќе бидам максимално транспарентен.
- Свеќици: 7721 мкд
- Масло: 3359 мкд
- Филтер за полен: 2456 мкд
- Филтер за воздух: 1796 мкд
- Филтер за масло: 933 мкд
- Штопна: 372 мкд (ping
@marjanot)
- Работни операции: 3583 мкд
- ДДВ: 3640 мкд
Вкупно: 23.865 денари.
Ако се изземат свеќиците од математиката, цената е скоро непроменета од лани.