Ќе си одговорам во мојата тема, за да не му ја сјебам темата на
@velestrumf.
А во тој момент моторот ладен е ?
Возење плаг-ин хибрид бара малку од малку механичка емпатија. Затоа, кога треба да возам на отворено, уште во град ставам во хибриден режим и го стартувам бензинецот да поработи за да се подраздвижат течностите и да се подзагрее моторот. Баш за да не стартува бензинецот на 130 километри на час без мање-више никакво подмачкување.
Плус, кога возам на отворено (барем јас) не оставам никогаш батеријата да се испразни до крај. Секогаш го ставам погонот во некој battery hold или battery charge режим - па така секогаш има нешто во батериите и ја имам целата моќ на располагање и не се ставам во ситуација да влечам празни батерии само со бензинскиот мотор. Влијанието врз потрошувачката е незначително (+ ~0.2 литри на 100 километри).
Pisi brojka vo € kolku cini 100km izvozeni so vozilovo vo smisol na gorivo, t.s. nebitno struja. benzin. Prosek vo €
Во изминатиов период ми се случува на ден да поминам повеќе од она што можам на струја, па се активира и бензинецот. За 520 (од последно ресетирање) километри просечната потрошувачка ми е 2.2 литри бензин на 100 километри и 21.2 kWh на 100 километри. Во пари - 154 денари за бензин и 100 денари за струја. 254 денари, односно 4.1 евро на 100 километри.
Има периоди кога скоро воопшто не сум возел на бензин. На пример, имам интервал од 25 дена и 555 километри кога скоро цело време сум возел на струја. Тогаш потрошувачката на бензин била 0.7 литри на 100 километри, а на струја 17.4 kWh на 100 км, односно 49 денари за бензин и 82 денари за струја. 131 денар, односно 2.1 евро на 100 километри.
Имам и еден подолг интервал од 2320 километри, таму потрошувачката е 2.1 литри бензин на 100 километри и 15.7 kWh струја на 100 километри. 147 денари за бензин + 74 денари за струја. 3.5 евра на 100 километри.
Едит: Имам интересен инвервал од 02.06 до 27.08, кога сум поминал вкупно 3422 километри (long term потрошувачката автоматски се ресетира на 99 саати и 59 минути, глуп систем, ама апликацијата си памти сè). Ова е период и од одмор, и од акање натаму-нааму, итн. Просечната потрошувачка на тие 3422 километри е 3.4 литри бензин на 100 километри (238 денари) и 8.6 kWh на 100 километри (40 денари). Вкупно, 278 денари или 4.5 евра на 100 километри.
Едит пак: Гледам да не го полнам целосно резервоарот за да не стои горивото без врска, па си гледав интервали меѓу полнење. Најдолг интервал меѓу полнење гориво ми бил 3 месеци. Сум ставил гориво на 24.12.2024, па потоа на 17.03.2025.
