Како што паѓаат температурите, особено насабајле, почнав пак да си користам автоматско греење пред да излезам од дома. Три пати неделно излегувам од дома пред 07:00, а колата е наместена да се згрее на 24 степени до 06:55. Додека е уштекана на полнач, има опција да ја грее кабината на струја од мрежа. Зошто до 06:55? Па на евтина струја да биде, нормално.
И прекрасно е, си влегувам во топла кола. Плус, кога е згреана колата, се грее и батеријата, па и подобар range има насабајле.
Иначе, немам нешто особено да пријавам. До сега поминав скоро 15.000 километри. Не е многу, ама па возам многу други коли. Автономијата од 50-тина километри на ден ми ги задоволува потребите, а и кога ќе се потроши батеријата не е страшно. Ако приметам дека батеријата е при крај (односно дека има помалку од 5-6 километри рејнџ), префрлам во хибридно возење и си пичам хибридно. Дури и ако се испразни, прилично брзо полни доволно за километар-два, па пак си возам хибридно.
Wireless Android Auto сè уште не работи откако во еден момент ми се испразни телефонот додека беше врзан на AA. Помина сигурно повеќе од една година, не успеав да најдам решение. Милион работи пробав, на следен сервис ќе им кажам во Порше да ѕирнат дали може нешто да се направи. Ако не, здравје, има Bluetooth. И се врзува
одма. Понекогаш уште пред да можам да ставам во Drive се активира музиката од телефон. Генерално, infotainment-от му е (по)слаба страна, највеќе ради тоа што е релативно спор. Навигацијата си работи одлично и се апдејтира преку интернец во реално време.
Се навикнав на капацитативните контроли, дури ми се и лесни за користење. Највеќе ги користам тие на воланот.
Ден-денес ми смета звукот на отварање и затварање на возачката врата. Звучи како Тојота Корола, не како VW. Другите врати се океј.
Во план се модификации, некои се веќе и набавени. Спиралите чекаат, Прки ги донесе, никако да дојдат на ред. Некои се веќе и направени. На пример, ставив црни капаци за ретровизорите бидејќи возачкиот свечено сам си го поткршив на влегување во двор. Црниве стигнаа одамна, и ете.
Една сликичка, тазе вчера перен. Не дека денес се најавува дека ќе врне.
