Автор Тема: Volkswagen Golf 8 GTE  (Прочитано 47742 пати)

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2027
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #330 на: 09 Јули 2025, 13:11:03 pm »
Таман со таблицата хаха, не знам зошто али имам замисла во глава дека со други бандаши ке има многу друг изглед колава

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55133
  • Махер
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #331 на: 09 Јули 2025, 13:39:14 pm »
Таман со таблицата хаха, не знам зошто али имам замисла во глава дека со други бандаши ке има многу друг изглед колава
Одлични се бандажите. Едино со 4 краци ако најде исти па тие да ги стави.

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #332 на: 09 Јули 2025, 13:43:13 pm »
Таман со таблицата хаха, не знам зошто али имам замисла во глава дека со други бандаши ке има многу друг изглед колава
Одлични се бандажите. Едино со 4 краци ако најде исти па тие да ги стави.

Баш одговараат на брендот.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17824
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #333 на: 09 Јули 2025, 14:50:52 pm »
Имаше едни спирали во гепек што ти се возеа, уште не се уградија сами на кола?

Да те пратиме во Аутокинг да видат што може да направат со дифузери и тие јаките светла во браник од GTI моделите?

Осигурачот за гајтанвеѓата го најде кој е? Слободен сум вечер, ќе дојдам ќе го искорнеме од табла, пиши ми ;D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30194
    • CARclub.mk
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #334 на: 05 Август 2025, 11:07:25 am »


Апдејт од одмор, многу сличен на ланскиот.

Поминати вкупно 883 километри (Скопје - Сарти - Околу Сарти - Скопје). Цело време клима, сите нишани. Просек 6.1 на одење, 5.7 на враќање. Локално поминати 130 километри на струја (си ја полнев колата позади приколица во камп), па локален просек нула.

Наполнив бензин на последната Макпетрол бензинска кај Гевгелија пред да влезам во Грција. Со тоа гориво извозев до Сарти, и успеав да се вратам до Скопје без да треба да полнам пак. Since Refuel индикаторот покажуваше поминати 731 км и просечна потрошувачка од 4.9 литри на 100 км. Минус 130 километри поминати локално, тоа значи 600 километри со еден резервоар. Не звучи како многу километри за со еден резервоар, ама имајте предвид дека резервоарот е само 40 литри. Во Скопје стигнав на резерва со бензин за 40 километри и околу 25км рејнџ од батериите (во возење ставив да полни, разликата во потрошувачка е незначителна).

Long-term потрошувачка (на 2791 км во моментов) со две патувања (едно до Крагујевац и назад, едно до Сарти и назад) е 3.4 литри бензин на 100 километри и 8.7 kWh на 100 километри.
« Последно менување: 05 Август 2025, 11:17:47 am zeroSignal »

Отсутен Goku

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 14
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #335 на: 07 Август 2025, 20:49:29 pm »
Јас со Шкодата 2,0 115хп до Ксамил - 4,1 л со клима на враќање 4,6 исто со клима цел пат
Хибридов некако има смисла само ако најголем дел го возиш низ град на картки релации, имаш каде да го полниш и ако повремено сакаш да искочиш подалеку може да возиш на бензин.
Инаку да треба на ново да купуваш хибрид наместо дизел незнам колку се исплати.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7324
  • French diamond
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #336 на: 07 Август 2025, 21:33:49 pm »
Не заборавај само дека хибридот има 250 коња, а ти 115.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8966
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #337 на: 07 Август 2025, 21:42:49 pm »
Ѓорѓески вторпат брани Голф во истата година.
Спремете се, доаѓа апокалипсата.


Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен SirPsyhoSexy

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 792
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #338 на: 07 Август 2025, 22:26:52 pm »
Јас со Шкодата 2,0 115хп до Ксамил - 4,1 л со клима на враќање 4,6 исто со клима цел пат
Хибридов некако има смисла само ако најголем дел го возиш низ град на картки релации, имаш каде да го полниш и ако повремено сакаш да искочиш подалеку може да возиш на бензин.
Инаку да треба на ново да купуваш хибрид наместо дизел незнам колку се исплати.

Шкодата 2.0 може да ти троши толку со возење 90 и ветар у грб. Све си има намена. Просечен македонец купува кола за на одмор, а ја вози во град цела година.

Како не е добар на автопат со тие бројки? Ако возиш повеќе од 100 км на отворено дневно само има предност пред Плаг ин хибрид. Заштедите во град се огромни.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30194
    • CARclub.mk
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #339 на: 03 Ноември 2025, 14:18:45 pm »
Како што паѓаат температурите, особено насабајле, почнав пак да си користам автоматско греење пред да излезам од дома. Три пати неделно излегувам од дома пред 07:00, а колата е наместена да се згрее на 24 степени до 06:55. Додека е уштекана на полнач, има опција да ја грее кабината на струја од мрежа. Зошто до 06:55? Па на евтина струја да биде, нормално.

И прекрасно е, си влегувам во топла кола. Плус, кога е згреана колата, се грее и батеријата, па и подобар range има насабајле.

Иначе, немам нешто особено да пријавам. До сега поминав скоро 15.000 километри. Не е многу, ама па возам многу други коли. Автономијата од 50-тина километри на ден ми ги задоволува потребите, а и кога ќе се потроши батеријата не е страшно. Ако приметам дека батеријата е при крај (односно дека има помалку од 5-6 километри рејнџ), префрлам во хибридно возење и си пичам хибридно. Дури и ако се испразни, прилично брзо полни доволно за километар-два, па пак си возам хибридно.

Wireless Android Auto сè уште не работи откако во еден момент ми се испразни телефонот додека беше врзан на AA. Помина сигурно повеќе од една година, не успеав да најдам решение. Милион работи пробав, на следен сервис ќе им кажам во Порше да ѕирнат дали може нешто да се направи. Ако не, здравје, има Bluetooth. И се врзува одма. Понекогаш уште пред да можам да ставам во Drive се активира музиката од телефон. Генерално, infotainment-от му е (по)слаба страна, највеќе ради тоа што е релативно спор. Навигацијата си работи одлично и се апдејтира преку интернец во реално време.

Се навикнав на капацитативните контроли, дури ми се и лесни за користење. Највеќе ги користам тие на воланот.

Ден-денес ми смета звукот на отварање и затварање на возачката врата. Звучи како Тојота Корола, не како VW. Другите врати се океј.

Во план се модификации, некои се веќе и набавени. Спиралите чекаат, Прки ги донесе, никако да дојдат на ред. Некои се веќе и направени. На пример, ставив црни капаци за ретровизорите бидејќи возачкиот свечено сам си го поткршив на влегување во двор. Црниве стигнаа одамна, и ете.

Една сликичка, тазе вчера перен. Не дека денес се најавува дека ќе врне.


Отсутен JezuzNoChill

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1023
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #340 на: 03 Ноември 2025, 16:53:31 pm »
И со друг телефон не работи Android Auto?

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7275
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #341 на: 03 Ноември 2025, 16:57:02 pm »
А да ти дадам AAWireless2 да пробаш?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30194
    • CARclub.mk
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #342 на: 03 Ноември 2025, 17:56:15 pm »
И со друг телефон не работи Android Auto?

Само тоа го немам пробано, а ми текна, не дека не.

А да ти дадам AAWireless2 да пробаш?

Прифаќам.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7275
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #343 на: 03 Ноември 2025, 18:38:28 pm »
Ако ти работи на кабел ќе работи и Aawireless, помини утре да пробаме.

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1895
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #344 на: 03 Ноември 2025, 18:49:33 pm »
Малку надвор од темата, од каде може да се купи ова чудо оти не е достапно за порачка кај нас...

Sent from my SM-S938B using Tapatalk