Автор Тема: Volkswagen Golf 8 GTE  (Прочитано 28962 пати)

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #165 на: 22 Февруари 2024, 15:42:47 pm »
Сега да земе да почне да свири гитара, Schecter ќе купи... :))))

Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7076
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #166 на: 07 Март 2024, 12:36:27 pm »
Еве решение и за веѓата, трајна (д)епилација:


Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2748
  • Слобода или смрт
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #167 на: 07 Март 2024, 13:11:36 pm »
Има ли опција доколку патуваш на отворено и батеријата е празна а знаеш дека ќе пристигнеш во голем град за некое време да му кажеш на системот да ја наполни батеријата?

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7076
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #168 на: 07 Март 2024, 13:32:55 pm »
Има ли опција доколку патуваш на отворено и батеријата е празна а знаеш дека ќе пристигнеш во голем град за некое време да му кажеш на системот да ја наполни батеријата?
Секако ја полни ако возиш на бензин.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #169 на: 07 Март 2024, 15:51:23 pm »
Има ли опција доколку патуваш на отворено и батеријата е празна а знаеш дека ќе пристигнеш во голем град за некое време да му кажеш на системот да ја наполни батеријата?


Кај мене може експлицитно да му кажеш на системот да го користи бензинецот за да ја полни поактивно батеријата, а не само со рекуперација.
Претпоставувам дека може и на Голфот.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #170 на: 08 Март 2024, 09:55:52 am »
Има ли опција доколку патуваш на отворено и батеријата е празна а знаеш дека ќе пристигнеш во голем град за некое време да му кажеш на системот да ја наполни батеријата?

Да, има. Има неколку опции кога вози во хибриден режим и има опција да си ја троши батеријата најнормално, да ја троши ама да ја одржува на тековното ниво и да ја полни до одредено ниво.

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2748
  • Слобода или смрт
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #171 на: 08 Март 2024, 10:23:45 am »
Има ли опција доколку патуваш на отворено и батеријата е празна а знаеш дека ќе пристигнеш во голем град за некое време да му кажеш на системот да ја наполни батеријата?

Да, има. Има неколку опции кога вози во хибриден режим и има опција да си ја троши батеријата најнормално, да ја троши ама да ја одржува на тековното ниво и да ја полни до одредено ниво.

Супер опција е ова. Конкретно сценарио би ми било тргам од Скопје со полна батерија и си излегувам низ градските гужви со струја. Возам до Софија на бензин и пред Софија пуштам да се полни батеријата на максимум и низ градските гужви и семафори пак си возам на струја. Освен капацитетот на багажникот малку што ме одвраќа сериозно ми е на листата на потенцијално наредно возило.

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3778
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #172 на: 08 Март 2024, 10:36:04 am »
Истиов мотор го има во Октавија караван РС, мислам е попрактичен избор него ли во Голф хеч.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #173 на: 08 Март 2024, 18:13:19 pm »
Батали тоа опциите, него сметката за струја за фебруари стигна ? Шо вели есапот :D
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #174 на: 08 Март 2024, 18:53:00 pm »
Есапот вели, да е жив и здрав комшијата. Преврзани се кабли од неговиот саат.

Шала на страна, пуцај со бројки зеро. Да видиме дали троши како клима или како ТА печка.  ;D
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #175 на: 08 Март 2024, 19:27:03 pm »
Батали тоа опциите, него сметката за струја за фебруари стигна ? Шо вели есапот :D

Незначителен ефект на сметката за струја. :)

Во моментов терам финални финеси околу изведбата за инсталација за полнење и најверојатно ќе ставам мерач на кабелот на кој е поврзан утикачот за полнење, па ќе имам и конкретни бројки.

Со досегашниот есап, просечната потрошувачка на вкупно (ситно над) 700 поминати километри досега е 1.4 литри бензин на 100 километри. За жал, долгорочното мерење ми се ресетираше бидејќи колата беше во Порше на софтверски апдејт и ситна корекција на заден браник кај што ме поткачи едно дете.

Сепак, забележувам дека како што растат температурите, расте и автономијата на струја. Во моментов наутро со полни батерии покажува автономија до 43 километри. Очекувам таа автономија да расте.

Следната недела ќе оди и првата објава на порталот за ова.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #176 на: 08 Март 2024, 19:50:36 pm »
Полека почнуваат да ми течат лиги.

За низ град на струја, за подалечни дестинации на бензин или комбинирано, сеедно. Перфектно за мои потреби.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7277
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #177 на: 08 Март 2024, 20:13:00 pm »
Со среќан да се вози класен, 1,4 литри бензин е пресмешно малку. Сакав да прашам, колку е животниот век на една батерија, ако годишно поминуваш околу 15.000 км, и колку би чинела замената со нова?

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2748
  • Слобода или смрт
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #178 на: 09 Март 2024, 19:03:20 pm »
Иако кај нас сеуште нема пазар но додека да дојде до тоа веројатно ќе се развие моделот на поправање на батеријата со промена на пробиените ќелии само. Во америка е доста развиено за тесла ваков тип на поправки. На крајот од денот и цела батерија да се промени 13 киловати е со цена би требало да е прилично ок.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #179 на: 09 Март 2024, 20:02:32 pm »
Иако кај нас сеуште нема пазар но додека да дојде до тоа веројатно ќе се развие моделот на поправање на батеријата со промена на пробиените ќелии само. Во америка е доста развиено за тесла ваков тип на поправки. На крајот од денот и цела батерија да се промени 13 киловати е со цена би требало да е прилично ок.
Кои поправки? Батеријата не е твоја туку е на лизинг. Штом рикне батеријата ти ја менуваат без пари. Ондак возиш даље.