Во нашиве подрачја немаше вебасто. Затоа и скоро никој немал. Инаку се разбира дека е многу нормално за некои ладни земји.
Како и да е ова е употребливо и за ладење (ако не се лажам).
И има опција за неколку пати во денот да сетираш (ако не се лажам).
На пример во 7 одиш на вежбање ставаш да ти се згрее колата на 22ц.
Потоа во 8:20 излегуваш од вежбање пак ставаш да те чека колата во 8:20 со температура 22ц. И да си одиш накај канцеларија во топла кола.
Овој момент мене особено ми се допаѓа затоа што овозможува и на одење и на враќање да е колата стоплена. Што е многу корисно за целата година, не само за во зима, туку и за постојано. Ставаш колата да е 22ц. И он си средува другото. Ако станало лето или некој пеколен ден, она ќе си знае дека не треба да грее. Ако се погодил некој арктички ден во Мај, ќе си загрее. Битно колата те чека спремна сабајле на 22ц зиме-лете. И после вежбање пак те чека на 22ц. Ако има некој желба може и во 16ч да те чека на 22ц за од работа кога се враќаш. (Само да не заборавиш летно време да ставиш на 26ц, зошто 22ц во 16ч никогаш нема да постигне
)