Како што е ред, сумаризација, статистика итн итн за 2025.
Солидно извозена километража, со неколку излети накај Холандија, Велигденски блиц-одмор во Хрватска, тегнење приколка накај Австрија, шетање низ Швајцарија и Италија и така...
Поминати 18218 километри, искористени некои 832 литри бензин и 2792 kWh струја, регенерирани 838 kWh струја.
Пресметките ќе кажат, сублимирани просеци за целата километража од:
- 4.6 л / 100 км бензин
- 15.3 кВч / 100 км струја
- 4.6 кВч / 100 км регенерирана струја
Потрошени поприлично многу евра за бензин, продолжување на гаранција за 2025 и 2026, ТУВ, осигурување, инспекција + сервис, и нови летни гуми.

Си го обожавам аутово, прописно многу мерак ми прави
