Автор Тема: Volvo V60 Recharge Inscription  (Прочитано 13829 пати)

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3776
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #60 на: 18 Декември 2023, 14:22:24 pm »
Со здравје да се вози, изгледа топ.

Се надевам имаш долга и сеопфатна гаранција, пошо во неколку видеа на Savagegeese за Волво напомена дека стално се јавувале некои проблемчиња кај покомплексните погонски единици.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Присутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 347
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #61 на: 18 Декември 2023, 16:14:16 pm »
Преубаво, браво за храбриот избор. Со здравје да се вози!

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #62 на: 27 Декември 2023, 09:07:05 am »
@velestrumf имаше ли и други возила од други брендови како опции при изборот на ново возило и ако да, кои беа карактеристиките Волво-то да го изберете?
Има ли Волво програми за продолжени гаранции подолги од 2 години? Има ли опција за месечна претплата за редовни сервиси?

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #63 на: 27 Декември 2023, 12:24:49 pm »
Избор секако дека има, ние го избравме Волвото пошто отсекогаш сме сакале Волво, и пошто најмногу нуди за парите (премиум производители, понуда во оваа категорија). Едино друго што можеби до негде влагаше у комбинација беше БМВ 3 Туринг хибрид, ама не вреди за парите. Ми имаат кажано дека Мерцедесот е скржав со понуда на простор, а Ауди не сакам.

Волво има „Волво Селект“ програма, која може да ја продолжуваш секоја година, не сум сигурен колку максимум... За месечната претплата не сум сигурен, не ми ни текнало да прашам.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4997
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #64 на: 27 Декември 2023, 12:27:39 pm »
@velestrumf имаше ли и други возила од други брендови како опции при изборот на ново возило и ако да, кои беа карактеристиките Волво-то да го изберете?
Има ли Волво програми за продолжени гаранции подолги од 2 години? Има ли опција за месечна претплата за редовни сервиси?
Mislam deka za tvoja visina nema da e bash. Ke te zbere ama nema da e tolku prostorno

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk


Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #65 на: 27 Декември 2023, 13:51:21 pm »
Можеби, треба да се проба кога ќе дојде време за тоа. XC60 не нуди повеќе простор за нозете на патниците позади мене од сегашново возило, но мислам дека V60 e покомотно од XC60. Ме интересираше кои други возила биле во потесен избор, претпоставувам во сличен ценовен ранг, и кое возило победило во изборот. BMW 3 е премало, А6ката Avant е многу убава, ама и јас кога би бирал би го избрал V60. Ќе ја пратам темава со мерак за новости и впечатоци од возилото и понатака.

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1413
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #66 на: 27 Декември 2023, 16:46:42 pm »
Со среќа да се вози. Многу добра кола. Гледам дека е со германски таблици, ваљда во Германија живееш. Ме интересира ако не е тајна дали ја купи или ти е на оперативен лизинг? Баравме со сестра ми за неа нова пошто истече за Q2ката и освен еден Compass 4xe (кој што го зема) ништо интересно а со добра цена немаше (Лајпциг и околина)....

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #67 на: 27 Декември 2023, 18:07:56 pm »
Можеби, треба да се проба кога ќе дојде време за тоа. XC60 не нуди повеќе простор за нозете на патниците позади мене од сегашново возило, но мислам дека V60 e покомотно од XC60. Ме интересираше кои други возила биле во потесен избор, претпоставувам во сличен ценовен ранг, и кое возило победило во изборот. BMW 3 е премало, А6ката Avant е многу убава, ама и јас кога би бирал би го избрал V60. Ќе ја пратам темава со мерак за новости и впечатоци од возилото и понатака.

Возилово е цирка 20 цм пократко од Инсигнијата, а во кабината нуди повеќе простор и е покомотно. Би претпоставил дека тука негде е и ХС60, само што е повисоко седењето, ама мислам дека платформата е иста, односно дека ХС60 е V60 „на штикли“.

А6 Авант е друга класа (Е-класа, БМВ 5, В90), тука во игра влегува А4. Од субјективни причини, Аудито воопшто не влезе во игра.

Со среќа да се вози. Многу добра кола. Гледам дека е со германски таблици, ваљда во Германија живееш. Ме интересира ако не е тајна дали ја купи или ти е на оперативен лизинг? Баравме со сестра ми за неа нова пошто истече за Q2ката и освен еден Compass 4xe (кој што го зема) ништо интересно а со добра цена немаше (Лајпциг и околина)....

Да, во Германија сум веќе скоро 8 години. Не е на оперативен лизинг, купена е со учество + кредит. Лајпциг е прописно поисточно од мене, така да, не би знаел какви се понудите и условите за возила таму.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1727
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #68 на: 27 Декември 2023, 22:45:37 pm »
Со здравје да се вози, одличен избор.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #69 на: 28 Декември 2023, 10:58:41 am »
8 години си таму веќе? Бреј време лети.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #70 на: 02 Јануари 2024, 16:50:19 pm »
У прошливе ца. 700 км, 3.9 л/100км, у последните 100 км, 2.9 л/100 км.



« Последно менување: 02 Јануари 2024, 21:13:46 pm zeroSignal »
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4997
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #71 на: 02 Јануари 2024, 17:09:09 pm »
Prosecna brzina? Na pumpa koa tocis moze da izmeris kolku laze bordot?

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk


Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #72 на: 02 Јануари 2024, 18:37:57 pm »
За потрошувачка е малце тешко да се пресмета, поради начинот на кој што се троши горивото. „Регуларна“ математика ќе биде тешка да се изигра, поради полнењата со струја, и возењето на бензин, кога батеријата ќе се истроши. Како релевантни информации ќе ги земам податоците од апликацијата на телефон, пошто иначе стварно е тешко да се држи чекор. Апликацијата си има дневник, каде што се заведени сите податоци за возењето - времетраење, дистанца, потрошувачка / регенерација на струја, севкупна потрошувачка на гориво итн. Секако е подобро осмислена и направена, од било кој Ексел што ќе се измалтретирам да го дотерувам, или од постоечките апликации кои ги користев до сега: Fuelly и Spritmonitor.
Бензин наточив 30 литри кога ја купивме, покажа малце над пола резервоар. До сега имаме поминато 458 километри, индикаторот вчера се спушти на пола резервоар. Според апликацијата, просечна потрошувачка до сега е 4,2 л / 100 км.

Сеуште не сум точел пак, откако ја купивме.

Според апп, просечна брзина у прошливе 714 поминати километри е 46 км/ч.

Како што реков, како релевантни ќе ги зимам податоците од апликацијата / возилото, пошто неам подобар начин како да пресметам потрошувачка.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #73 на: 02 Јануари 2024, 18:39:53 pm »
Мислам дека и тоа е поентата на возилото, да не се замараш со потрошувачка, туку само да седнеш и да возиш.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4997
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #74 на: 02 Јануари 2024, 18:45:38 pm »
За потрошувачка е малце тешко да се пресмета, поради начинот на кој што се троши горивото. „Регуларна“ математика ќе биде тешка да се изигра, поради полнењата со струја, и возењето на бензин, кога батеријата ќе се истроши. Како релевантни информации ќе ги земам податоците од апликацијата на телефон, пошто иначе стварно е тешко да се држи чекор. Апликацијата си има дневник, каде што се заведени сите податоци за возењето - времетраење, дистанца, потрошувачка / регенерација на струја, севкупна потрошувачка на гориво итн. Секако е подобро осмислена и направена, од било кој Ексел што ќе се измалтретирам да го дотерувам, или од постоечките апликации кои ги користев до сега: Fuelly и Spritmonitor.
Бензин наточив 30 литри кога ја купивме, покажа малце над пола резервоар. До сега имаме поминато 458 километри, индикаторот вчера се спушти на пола резервоар. Според апликацијата, просечна потрошувачка до сега е 4,2 л / 100 км.

Сеуште не сум точел пак, откако ја купивме.

Според апп, просечна брзина у прошливе 714 поминати километри е 46 км/ч.

Како што реков, како релевантни ќе ги зимам податоците од апликацијата / возилото, пошто неам подобар начин како да пресметам потрошувачка.
Spored brzinava pretpostavuvam kombinirana voznja e?
Me interesira na otvoreno koga ke imas prosek 100km/h kako ke se brojkite

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk