Има голема разлика од Ceed GT до ова што го зема, практично од хеч во караван, пресудно беше која поопремена кола на лагер ја има?
Кога појдов во Киа ги прашав што имаат на лагер од SW и GT Line. Од SW ја имаа оваа и уште една на царина, Lunar Silver боја и мислам дека беше со рачен мењач. Од GT Line имаа неколку на лагер, со автоматски мењач во црвена, црна и Dark Penta Metal и не ме бендисаа, а со рачен имаа плус во Lunar Silver за која се помислив.
Gt Line има нешто плус опрема, ама некако не ми легна пијано финишот во ентериерот и дигитална шалт табла (за некој тоа најверојатно е голем плус, изгледа помодерно и поскапо).
Околу бојата, по интернет додека гледав видеа, гледав со Lunar Silver, Yuka Steel Gray и Experience Green. Најмногу ми се допадна Yuka Steel Gray.
Во КИА едно од двете SW кои беа на лагер беше во таа боја, со автоматски мењач, без претерано пијано финиш пластики во ентериер и со аналогна шалт табла. Тоа е тоа