Фала ви на сите за честитките.
Брзо падна одлуката за ново возило, уште побрзо за кое ново возило. Како што спомнав, дилемата беше помеѓу GT Line и SW.
GT line немаше на лагер комбинација која мене ми се допаѓа, па затоа се одлучив за SW. За мене сосема задоволително возило. Секако Proceed уште повеќе ми се допаѓа, ама не можам да си го дозволам, над лимит баѓи.
Другари од Битола, ве поздравувам и убаа дума имате, треба да паркираме некој викенд на горнио пазар, па кај Гајдаро
Дорчо верно ме служеше 12 години, никогаш не ме оставил на пат, никогаш некој сериозен дефект. Навреме сервиси и промена на потрошни материјали. Си останува во фамилија, на татко ми му го оставам, во сосема ок состојба, немаме афинитети за продажба.
Чешити кои се запазени, како што кажав претходно, доволно чешити што ми се мене по ќеф, плус, ќе си прочиташ, ќе си прашаш, ќе послушаш поупатени
А за масло на големо од кај Прчот, ќе напрајме список
Ама прво ќе го побарам некое зимско гумче да ме снабди.
Околу опремата, копи/пасте од страната на Киа:
Безбедност
Систем за избегнување фронтален удар - FCA
Систем за одржување на возилото во лента - LKAS
Автоматска регулација на долги светла - HBA
Предупредување за замор кај возач - DAW
Електронска контрола за стабилизација - ESC
Електронска дистрибуција на сила на сопирање - EBD
Асистенција при тргнување на нагорнина - HAC
Систем за контрола на притисок во пневматиците - TPMS
Централно заклучување со волуметарски алармен систем
Задни паркинг сензори со графички приказ и звучен сигнал
Задна камера за помош при паркирање со динамично водење за позиција на автомобилот
Воздушни перници ( 2х предни, 2х странични и 2х завеси)
Ентериер и удобност
Автоматски клима уред со две независни зони, и автоматско одмаглување на предно стакло
Електрична паркинг сопирачка
Мултимедијален систем со 8“ LCD дисплеј осетлив на допир, Android Auto, Apple CarPlay, 6 звучници
Bluetooth за конекција со мобилен телефон, Audio Streaming, USB конектори
Аудио команди на управувач
Управувач подесив по височина и длабочина
Патен компјутер со 4,2” дисплеј со висока резолуција
Електрика на предни и задни стакла
Потпирач за рака на централна конзола со USB конектори за задна клупа
Возачко седиште подесиво по висина
Темпомат и ограничувач на брзина
Автоматска контрола на светла и бришачи
Делива задна клупа 60:40
Помошно резервно тркало со дигалка и алат
ISOFix за детски седишта
Тоа што ми се гасни на семафори за сеа не ме бендисва и не ме бендисва шо по дифолт е уклучено, па треба да го исклучвам.