Преку банка ја плати жена ми од Велес, они ја видоа уплатата за некои 10-15мин. Кеш за жал не може. Опрема не се додава, иде така конфигурирана од нив. Попуст нема затоа што според нив веќе е на попуст. Тој што личи на драги шпага им е главен продавач, среќа си немав работа со него.
Sent from my iPhone using Tapatalk
Фала.
Прашувам бидејки јас бев заинтересиран за стариот модел на Ceed-от, кој беше на промоција со новите турбо мотори.
Ова е околу 2018-2019 година, кога излезе Ceed моделот со 4 точки како на Порше на предните фарови.
И баш тој Драги Шпага продавачот ми се погоди.
Леле човече, толку арогантно човече не ми се верува дака ја работи таа работа.
Го прашувам плаќање кеш, вика не може.
Викам попуст за плаќање целата сума од еднаш, денес, ми вика мене секое плаќање ми е како кеш, јас си ја добивам целата сума, а твој проблем како ке си ги обезбедиш парите.
Не дека не е така, но не е убаво кога некој ке ти го исплеска во фаца.
Викам нешто гратис опрема, јок.
Се изнервирав сам со себе, до толку ли не ме бива за пазар и преговарање.
Секој со кој зборев, секој секаде добиле или попуст или гратис опрема. Во Пежо колега доби и попуст и гратис опрема.
Ми вика земај што има на лагер, ако не ти се допаѓа боја и сакаш да порачаш 8-9 месеци чекање.
И си заврте грб, отиде да гледа нешто.
Како Ferari да продава, не Киа.
Си реков шо го е***, утре треба сервис кај нив да правам, ако вака ме третираат сега, како ли ке биде за сервис.
И си излегов.
И секој кој го видам со Киа го прашувам истото, и до сега само еден сретнав кој тврди дека извадил попуст од кај нив.