Автор Тема: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet  (Прочитано 695 пати)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6911
Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« на: 30 Ноември 2025, 16:52:37 pm »
За неколку денови на 5ти декември ќе наполни три години во моја сопственост, па мислам оти и треба да се претстави моето засега верно возило во тој период (пу пу да не го урочам).

Станува збор за Фиат Браво со 1.4 t-jet мотор со сила од 88 kw, произведено 2007ма година.
Нема плин, го возам на бензин.

Од опрема нема нешто wow, има двозонски климатроник, електрика само на предни стакла и магленки напред и назад.
Дали е фабрички такво или не не знам, ама има спојлери и премногу крути амортизери кои и после 56 000 км по македонските патишта, исто се однесуваат, едноставно колата е камен тврда, вози како по шина.

Тоа е тоа, нема мислам што друго да се опишува за колата, можам само да кажам бидејќи е прва лично моја купена кола и навистина ми прави мерак како и првиот ден кога ја земав, иако тежи 1480 кг, упарена со 6 степениот менувач кој е со кратки преноси делува дека има повеќе од 120 коњски сили, во секој степен на преносот во опсег 1800-5000 вртежи има снага да полни без проблеми.

Kога го купив имаше 108 350 км (и сметам дека се вистински оти беше на старите табли со три бројки, а и кај Нуме имавме проверено, точно му покажа на дијагностика колку на табла, толку на дијагностиката)
Денес после 3 години има 164 500 км, односно за три години сум поминал 56 150 км

Еве и слики денес тазе сликани:













Во однос на одржувањето, само ќе прикачам слики од екселот каде што се забележувам (да и мене ме заболува глава коа ќе ги видам сумите збирно  ;D )











Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6911
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #1 на: 01 Декември 2025, 21:45:47 pm »
Саботата вечерта ми откажа предно лево за долго светло, мини х1 лед, само почна да трепери и потоа жареше како свеќа.

Денес земени во пар две, исто од кај CarProDetailing.

Ja намонтирав едната и уствари сфаќам дека е прилично ослабено и на десниот фар, така да после 1 година и 4 месеци користење менувам сијалици ама само за долго.

За краткото светло и понатаму сум со ксенонот, ама ми делува и тој дека има ослабено, ама ќе го потерам уште некое време.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15005
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #2 на: 02 Декември 2025, 01:20:05 am »
Кај да е и Џимни ќе отвори тема за Џимнито. Има надеж 😂

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6911
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #3 на: 02 Декември 2025, 06:47:12 am »
Нека поминат три години, ќе отворам тема и за Џимнито ;D

Присутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8111
  • Плинаш!!!
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #4 на: 02 Декември 2025, 08:02:02 am »
Од секогаш ми се допаѓало бравото на изглед и старото и ова. Моторот таманка си е за каросеријата.
Пред да ја земам меривата барав браво или пунто со истиот мотор ама не најдов, дизел не сакав. Роднина имаше браво па дојде на гости да го разгледам и се разочарав. Внатре некако како се да се распаѓа, некако не квалитетно изработено и ме одврати од идејата за фиат повторно. Исто читав многу негативни коментари као ако немате што да правите купете фиат, стално ќе имате занимација, се по нешто ќе му фали иако никогаш нема да ве остави на пат.

Можеле итаљаниве малку повеќе да посветат внимание и да поработат на квалитет.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2688
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #5 на: 02 Декември 2025, 09:07:01 am »
Жиле не знам дали забелешката се однесува само за Бравото и ентериерот, затоа што ентериерот на Грандето е доста квалитетно направен. Можеби таков бил тој примерок што си го гледал, генерално и Бравото ми делува солидно направено внатре. Сепак зависи и кој и како го вози.
Своерачен потпис ;)

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 902
  • The best or nothing.
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #6 на: 02 Декември 2025, 09:13:13 am »
Убава кола. Класа над стило.
Имаш слика со проекторите? Како осветлуваат пат ме интересира.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6911
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #7 на: 02 Декември 2025, 09:31:06 am »
Од секогаш ми се допаѓало бравото на изглед и старото и ова. Моторот таманка си е за каросеријата.
Пред да ја земам меривата барав браво или пунто со истиот мотор ама не најдов, дизел не сакав. Роднина имаше браво па дојде на гости да го разгледам и се разочарав. Внатре некако како се да се распаѓа, некако не квалитетно изработено и ме одврати од идејата за фиат повторно. Исто читав многу негативни коментари као ако немате што да правите купете фиат, стално ќе имате занимација, се по нешто ќе му фали иако никогаш нема да ве остави на пат.

Можеле итаљаниве малку повеќе да посветат внимание и да поработат на квалитет.

Засега не ме оставило на пат никаде. Во еден ден сум одел и до Охрид и назад, и два пати имам цел круг од 800 км свретено околу земјава, нигде не рекло дотука одам и повеќе не.
Се она во списокот е стандардно за возило што се вози секојдневно, освен менувачот, реално само тој е единствен дефект што го појави изненадно и непланирано.
Се останато го сметам во тековно и редовно одржување

За ентериерот, зависи што ќе начекаш, пред ова браво отидов едно друго да пробам во Виница, беше со 1.4 тјет 150 кс мотор, ама толку беше целото лом, искшени пластики внатре, изгорени седишта со цигари. Моторот трокираше и чудно работеше и влечеше како да е 1.4 75 кс атмосферец а не 150 коња.

За некој ден тогаш отидов ова да го видам, седнав провозив и тоа е, одма пруживме рака.
Има една маана, се лупи лакот, али тоа е, ако сакам да е топ ќе мора цела кола фарбање, а 1500 евра за фарбање за 20 години стара кола шознам, некако не ми се даваат.

Убава кола. Класа над стило.
Имаш слика со проекторите? Како осветлуваат пат ме интересира.

Имам видео, еве повели. Само тука на видеово се кренати на макс светлата, јас ги имам штелнато малку подоле. Пошто средното светло е лупа, снопот е рамна линија и не смета.
Долгото смета и тоа многу бидејки е рефлектор, ама тоа му е и намената, долго светло кога нема никој пред тебе.


Присутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8111
  • Плинаш!!!
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #8 на: 02 Декември 2025, 14:34:49 pm »
Жиле не знам дали забелешката се однесува само за Бравото и ентериерот, затоа што ентериерот на Грандето е доста квалитетно направен. Можеби таков бил тој примерок што си го гледал, генерално и Бравото ми делува солидно направено внатре. Сепак зависи и кој и како го вози.
Зборам за бравото од роднината, лош впечаток ми остави. Избледени пластики, самата пластика како да се рони копчиња излупени, штознам повеќе ми делуваше како не квалитетно изработено одколку дека беше запуштено. Барем таков впечаток имав. Очекував повеќе, може би затоа и се разочарав. Пунтото што го имав внатре немаше ништо мрднатно, обледено излупено од пластика.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6911
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #9 на: 02 Декември 2025, 17:12:11 pm »
За изглед внатрешно и надворешно по мој вкус е стварно убаво.
Иначе да, не делува и на допир како премиум возило и ке кажам дека не е, други возила во таа класа сметам дека внатрешно на допир на квалитет веројатно се барем едно ниво погоре.

Но сепак за парите за кои ќе го земеш, не е лошо.

За мене што се однесува внатрешноста имам три маани, а тоа се:
1. Мал простор. Ако надворешно делува големо, сепак внатре не изобилува со простор. Личност повисока од 175 цм ако се смести комотно на предно седиште, позади тој удира со колената напред.

2. Лоши седишта. Не ми се допаѓаат и на мене, се чувствувам како на клупа да седам.
Како што кажав погоре, колата е ненормално тврда и буквално седиштата не те задржуваат.
Дали има други седишта што можам да ги упасирам наместо овие не знам.

3. Многу малку простор за оставање телефон, шише вода и остали тракатанци.


Ама се заборавам кога ќе го видам, за мене стварно е убаво возило со убав дизајн.

Присутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8111
  • Плинаш!!!
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #10 на: 02 Декември 2025, 20:00:38 pm »
Се е така како што си напишал. Заборавив дека е тесно многу внатре а од надвор делува големо. Меривата па е контра од бравото. Седиштата исто се посебна прича. Реков требале итаљаните малку да поработат на квалитет па и на простор. За изглед нема збор.