Автор Тема: Toyota corolla 1.5 TNGA 6 M/T vs Skoda Kamiq 1.5 TSI ACT  (Прочитано 5223 пати)

Отсутен driverMK

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Toyota corolla 1.5 TNGA 6 M/T vs Skoda Kamiq 1.5 TSI ACT
« на: 05 Ноември 2023, 14:10:16 pm »
Zdravo ve molam za pomos koja kola e podobra , poveke sum za toyotata no me buni atvomsferski motor so 3 cilindri Blagodaram

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6841
  • French diamond
Одг: Toyota corolla 1.5 TNGA 6 M/T vs Skoda Kamiq 1.5 TSI ACT
« Одговори #1 на: 05 Ноември 2023, 14:31:06 pm »
3 цилиндри атмо во Корола ? Јас не би ја ни погледнал. Да не си нешто грешка?

Едит : Вистина било бе, како не му е срам да нудат во денешно време и на овие цени 3 цилиндри атмо...

Отсутен driverMK

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Toyota corolla 1.5 TNGA 6 M/T vs Skoda Kamiq 1.5 TSI ACT
« Одговори #2 на: 05 Ноември 2023, 14:45:17 pm »
za do 22000 eur nema izbor golem

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6841
  • French diamond
Одг: Toyota corolla 1.5 TNGA 6 M/T vs Skoda Kamiq 1.5 TSI ACT
« Одговори #3 на: 05 Ноември 2023, 14:58:01 pm »
Ако не бркаш перформанси за секојдневно возење низ град верувам ќе биди топ, прашањето е како би се понашала на отворено со 4ца на пример и товар, ако патуваш често, јас би одел на Шкодата. . Најубаво закажи пробна вожња ако има, да видиш дали би ти праел ќеф.

Отсутен driverMK

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Toyota corolla 1.5 TNGA 6 M/T vs Skoda Kamiq 1.5 TSI ACT
« Одговори #4 на: 05 Ноември 2023, 15:33:53 pm »
ja probav toyotata na otvoren pat davase zvuk vo 4 kon 5 ta brzina posle spiese na patot e sega bev sam od druga strana e naprodavano vozilo

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве
Одг: Toyota corolla 1.5 TNGA 6 M/T vs Skoda Kamiq 1.5 TSI ACT
« Одговори #5 на: 05 Ноември 2023, 18:30:38 pm »
Атмо 1.5 со три цилиндри ќе биде очаен.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1406
Одг: Toyota corolla 1.5 TNGA 6 M/T vs Skoda Kamiq 1.5 TSI ACT
« Одговори #6 на: 05 Ноември 2023, 22:28:32 pm »
Купи си ја таа што повеќе ти се допаѓа. Батали која е подобра...

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13919
Одг: Toyota corolla 1.5 TNGA 6 M/T vs Skoda Kamiq 1.5 TSI ACT
« Одговори #7 на: 06 Ноември 2023, 00:17:03 am »
Ги сакам Тојота и мислам дека се навистина одлични коли, ама моторов е очај.

1.5 120 коња како ли беше. Ако паметам добро 150Nm на 4500+ обртаи.

Тоа треба со закон да се забрани.

1.5Tsi е супер, ко што гледаш и на форумов е доста застапен и сите сме задоволни.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: Toyota corolla 1.5 TNGA 6 M/T vs Skoda Kamiq 1.5 TSI ACT
« Одговори #8 на: 06 Ноември 2023, 08:23:16 am »
Zdravo ve molam za pomos koja kola e podobra , poveke sum za toyotata no me buni atvomsferski motor so 3 cilindri Blagodaram

Пред се треба да одлучиш какво возило ти е потребно. Второ 99% од членовите на форумот се агресивни возачи и тркачи, така да нив им е потребно возило со турбо и со минимум 300 коња и минимум 500 Nm торк.
Така да изгледа на погрешно место го поставуваш прашањето.

Што се однесува до моторот, три цилиндри, сигурно нема да го вградувале ако нема побарувачка, нема пласман и не е добар. Постојат приоритети за кои се купува возило. Ако имаш тезга на зелен пазар сигурно дека ке ти препорачам скроз друго возило, или пак ако си тркач, ке ти препорачам возило како што 99% од членовите сакаат да возат.

Еве ти една кратка рецензија од нашите соседи, конкретно овде станува збор за моторот и неговите возни карактеристики. Нормално во корелација со твоите потреби.

https://youtu.be/qJjumijOUSs?si=kyMl8ouDgX5RmLxw&t=509
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1719
Toyota corolla 1.5 TNGA 6 M/T vs Skoda Kamiq 1.5 TSI ACT
« Одговори #9 на: 06 Ноември 2023, 08:31:03 am »
Возев Корола седан со овој мотор со десетина километри на одометар. Значи нова новцата. Моторот е поуздан и економичен.  Јас ја тестирав 2-3 саати во град и на отворено, ми извади просечна потрошувачка од 6.5л/100км. Турбо нема. На автопат немај очекувања за над 120-130км/ч. Колата е добро склопена и има многу безбедносни системи како стандардна опрема.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4218
Одг: Toyota corolla 1.5 TNGA 6 M/T vs Skoda Kamiq 1.5 TSI ACT
« Одговори #10 на: 06 Ноември 2023, 09:19:35 am »
На изглед мене тојотата ми е поубава, а мислам дека е покомотна од камикот. Ако моторот не е проблем заради перформансите, веројатно тојотата е подобар избор.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4995
Одг: Toyota corolla 1.5 TNGA 6 M/T vs Skoda Kamiq 1.5 TSI ACT
« Одговори #11 на: 06 Ноември 2023, 10:06:04 am »
Ako ja probuvas tojotata vlezete barem trojca vo kola i nekade na uspon, na primer na obikolnica.
So toj motor mislam deka tovarena koga ke ja vozis bajagi ke treba da ja brkas za normalna brzina

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk


Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Toyota corolla 1.5 TNGA 6 M/T vs Skoda Kamiq 1.5 TSI ACT
« Одговори #12 на: 06 Ноември 2023, 10:16:45 am »
Јас сметам дека тојотата седан има доста мала изолација и во комбинација со Фалкен гуми на кои беше ставена, беше неверојатно бучна на патот Маврово-Скопје при брзини од 130кмч. Тоа дополнето со мануелен менувач и мотор со послаб вртежен момент може да е тешко. Моторот некако ќе се проголта заради тоа што е тојота и заради издржливоста, но бучавата е тешко да се надмине според мене. Доколку возилото се вози во град можеби ќе е во ред, но на отворено сметам дека е една од најгласните коли на пазарот.

Секако вашите искуства може да се разликуваат.

Од друга страна Камик не е убаво возило на изглед, но 1.5тси ацт е многу моќен мотор за таа каросерија и ќе влева многу повеќе лезет при возењето. Навистина ќе е драстично подобро повлекувањето во секое време. Звучната изолација е подобра од Тојотата. Мислам дека во овој случај Камикот треба да се погледне примарно, иако ова го кажувам со многу тешко срце. Реално тојотата е подобра кола, единствена работа која и недостасува е изолацијата. Ама тоа многу значи.

Одлуката е твоја, но мислам дека барем ти помогнав што треба да провериш и да искусиш сам пред да купуваш.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Одг: Toyota corolla 1.5 TNGA 6 M/T vs Skoda Kamiq 1.5 TSI ACT
« Одговори #13 на: 06 Ноември 2023, 10:34:18 am »
Aко се гледа Камик треба да се почека да стигни фејслифт-от кај нас, вака на слики излгеда подобро од моменталната верзија.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4995
Одг: Toyota corolla 1.5 TNGA 6 M/T vs Skoda Kamiq 1.5 TSI ACT
« Одговори #14 на: 06 Ноември 2023, 10:40:10 am »
Druze odi vidi probaj, tuka sve gataci se. Nikoj ja nemal kolata i za sekogo imaat sovet

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk