Јас сметам дека тојотата седан има доста мала изолација и во комбинација со Фалкен гуми на кои беше ставена, беше неверојатно бучна на патот Маврово-Скопје при брзини од 130кмч. Тоа дополнето со мануелен менувач и мотор со послаб вртежен момент може да е тешко. Моторот некако ќе се проголта заради тоа што е тојота и заради издржливоста, но бучавата е тешко да се надмине според мене. Доколку возилото се вози во град можеби ќе е во ред, но на отворено сметам дека е една од најгласните коли на пазарот.
Секако вашите искуства може да се разликуваат.
Од друга страна Камик не е убаво возило на изглед, но 1.5тси ацт е многу моќен мотор за таа каросерија и ќе влева многу повеќе лезет при возењето. Навистина ќе е драстично подобро повлекувањето во секое време. Звучната изолација е подобра од Тојотата. Мислам дека во овој случај Камикот треба да се погледне примарно, иако ова го кажувам со многу тешко срце. Реално тојотата е подобра кола, единствена работа која и недостасува е изолацијата. Ама тоа многу значи.
Одлуката е твоја, но мислам дека барем ти помогнав што треба да провериш и да искусиш сам пред да купуваш.