Автор Тема: Toyota corolla 1.5 TNGA 6 M/T vs Skoda Kamiq 1.5 TSI ACT  (Прочитано 5219 пати)

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 873
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Toyota corolla 1.5 TNGA 6 M/T vs Skoda Kamiq 1.5 TSI ACT
« Одговори #60 на: 09 Ноември 2023, 14:30:24 pm »
za do 22000 eur nema izbor golem

Не прифаќај да купиш кола по каталошка цена. Пробај да добиеш попуст. Дури и во најголемиот ек на недостаток на чипови, испорака по година дена, кога цените одеа нагоре од месец во месец, секаде каде отидов успеав да добијам попуст 5-10% на официјалните цени.

Во тој ценовен ранг можеш да погледнеш што нудат од Kia Ceed. Дефинтивно позрела кола од Королата, мултилинк вешање, турбо-мотор, добра изолација, голем гепек. Хечбек по европски вкус. Моментално еден од подобро ценовно позиционирани модели.

Пежо исто така моментално има акција на 2008 по официјални 21.000евра. 1.2 моторот иако е три клипа е со турбо. Тоа е најеластичниот мотор во својата класа, влече уште од ниски вртежи и потрошувачката му е поволна, околу 6 литри. Со тоа имај во обзир и дека сервисот за 1.2 PureTech е 5000ден, за 1.5 TSI е 15.000ден. 2008 нуди и најмногу простор/гепек во својот сегмент, а и деловите се доста поефтини и од Шкода и од Тојота.

Ако стриктно бираш од двата споменати модела од првиот пост јас би избрал Шкода, највеќе поради погонот и звучната изолација. 1.5 ТСИ е нешто најдобро што може да се добие во тој ценовен ранг. Моќен, еластичен, економичен, рафиниран.

Го пробав новиот Сид скоро - супер се движи, удобен, но беше бучен на отворено - и тоа се слуша патот, а не ветрот. Во однос на цената, немаат мануелец на лагер, така што аутоматикот е околу 27.000 ЕУР.

Од Шкодите, би ја погледнал и Скалата, ако веќе Октавијата не е во опција. Имаат исти материјали во внатрешноста, за некој сантим подолга е, но има 470 литри багажник и подобра потрошувачка.
« Последно менување: 09 Ноември 2023, 15:36:47 pm 386ka »

Отсутен driverMK

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Toyota corolla 1.5 TNGA 6 M/T vs Skoda Kamiq 1.5 TSI ACT
« Одговори #61 на: 09 Ноември 2023, 18:03:32 pm »
A suzuki vitara samo hibridi gi imat ? Tie se okolu 21000 eur i prostorno se ok .kia ceed obicna verzija e 24-25000

Отсутен driverMK

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Toyota corolla 1.5 TNGA 6 M/T vs Skoda Kamiq 1.5 TSI ACT
« Одговори #62 на: 09 Ноември 2023, 18:06:54 pm »
Sala nastrana se imam vozeno vo id 3 mislam bese struja kolice voznja ludnica kako pocetnik kako so razbrav so Toyota se vozulkam do 120 maks skoda 160 bez problem

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4995
Одг: Toyota corolla 1.5 TNGA 6 M/T vs Skoda Kamiq 1.5 TSI ACT
« Одговори #63 на: 09 Ноември 2023, 19:03:53 pm »
Sala nastrana se imam vozeno vo id 3 mislam bese struja kolice voznja ludnica kako pocetnik kako so razbrav so Toyota se vozulkam do 120 maks skoda 160 bez problem
Najludnica, kup pari a materijalite vnatre kako od reciklirani pelisterka sisinja

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk


Отсутен AND_031

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 399
Одг: Toyota corolla 1.5 TNGA 6 M/T vs Skoda Kamiq 1.5 TSI ACT
« Одговори #64 на: 10 Ноември 2023, 05:14:44 am »
Во 2024та правите муабет нова кола малолитражен атмо вс турбо бензин.

На автомобилски форум, не на фемина. ;D

Добар е атмото и во 2024, ако се врти високо  ;D


Го пробав новиот Сид скоро - супер се движи, удобен, но беше бучен на отворено - и тоа се слуша патот, а не ветрот. Во однос на цената, немаат мануелец на лагер, така што аутоматикот е околу 27.000 ЕУР.

Од Шкодите, би ја погледнал и Скалата, ако веќе Октавијата не е во опција. Имаат исти материјали во внатрешноста, за некој сантим подолга е, но има 470 литри багажник и подобра потрошувачка.
2019 правев тест вожња на Ceed не приметив дека е нешто посебно бучен, кога се слуша патот може да е и до гумите. Инаку другар баш деновиве договори мануелен 1.5 Ceed vo GT пакет.



Без автоматик и хеч, не караван би се доближил до гореспоменатата цена
« Последно менување: 10 Ноември 2023, 05:27:31 am AND_031 »