Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
На сопствениците на возила чии регистарски таблички се со ознаката МК им преостануваат уште 10 дена, заклучно со 12 февруари, за старата ознака на регистарските таблички да ја заменат со новата – НМК.
ЦитатНа сопствениците на возила чии регистарски таблички се со ознаката МК им преостануваат уште 10 дена, заклучно со 12 февруари, за старата ознака на регистарските таблички да ја заменат со новата – НМК.На повидок нови гужви пошто до вчера немаше налепници, а сите ќе запнат баш на 13ти да излезат од државава
Налепниците за регистарските таблички со новиот код НМК, кои граѓаните треба да ги имаат на своите возила заклучно со 12 февруари годинава, сè уште не се доставени до станиците за технички преглед на возилата
Ако имаат повеќе од 1000 гласа овие што се власт сега, треба да продужат да владеат и покрај сите глупости и малтретирања кои ги приредија само со новиве документи и со налепниците за таблиците.
Цитат: ficomk на 02 Февруари 2024, 18:31:54 pmАко имаат повеќе од 1000 гласа овие што се власт сега, треба да продужат да владеат и покрај сите глупости и малтретирања кои ги приредија само со новиве документи и со налепниците за таблиците.https://360stepeni.mk/mvr-predlaga-nalepnitsite-za-registarskite-tablichki-so-kodot-nmk-da-bidat-besplatni/Неверојатно!
Цитат: Mikius на 02 Февруари 2024, 19:24:09 pmЦитат: ficomk на 02 Февруари 2024, 18:31:54 pmАко имаат повеќе од 1000 гласа овие што се власт сега, треба да продужат да владеат и покрај сите глупости и малтретирања кои ги приредија само со новиве документи и со налепниците за таблиците.https://360stepeni.mk/mvr-predlaga-nalepnitsite-za-registarskite-tablichki-so-kodot-nmk-da-bidat-besplatni/Неверојатно!Некој инфилтриран од ФБИ е ова, не е џандар.
Момци, за муабетов за стари/нови пасоши, имате информации за Грција за овие десетина дена до 12ти февруари? Официјално муабетот е дека после 12ти нема да пуштаат со стари пасоши, ама слушам од лево-десно муабети дека веќе престанале да пуштаат. Сакав да скокнам до Вигла викендов ама еден од другарите ми е со стар пасош, па да не го јадиме патот џабе ако не пуштаат.
Цитат: fuzzjaw на 02 Февруари 2024, 11:13:57 amМомци, за муабетов за стари/нови пасоши, имате информации за Грција за овие десетина дена до 12ти февруари? Официјално муабетот е дека после 12ти нема да пуштаат со стари пасоши, ама слушам од лево-десно муабети дека веќе престанале да пуштаат. Сакав да скокнам до Вигла викендов ама еден од другарите ми е со стар пасош, па да не го јадиме патот џабе ако не пуштаат.Ќе си одговорам сам, можда ќе му се најт на некој во овие недела дена. Двајцата шо бевме со нови пасоши поминавме без проблеми, другарчето шо беше со стар пасош пробаа да направат проблем, на крај го пуштија пошо покажа валидна дозвола за престој во Италија како документ за влез во ЕУ. Да ја немаше дозволата, веројатно немаше да не пуштат.