другари, јас сум по професија прогрмер(ка) така да тоа отсуство на дигитални ситници знам дека ке ми недостига.
ако има некој тука што работи во IT ке ме разбере. некој друг што продава овакви понови и подобри автомобили освен делукс и дасвелтауто т.е. порше, (што мање више се исто со делукс) или аутовелт од кочани (за овие две само успеав да пронајдам дека се ок фирми), да кажете па да видам што има таму? имам фора до 15ти август.
Купувањето на автомобил е втора НАЈГОЛЕМ ТРОШОК во животот од паричен аспект, после стан/куќа. Како при секој ГОЛЕМ ТРОШОК, интелигентно е да се разгледа како да се добие најдоброто за буџетот.
Знам дека нема да се лутиш, бидејќи сме странци на интернет, само ќе ти кажам од досега изнесеното (мерцедес и ауди во игра, муабет со трењерот на фитнес, дигитален дешборд) премногу површно постапуваш. Со тоа ми влече прашање на мене што воопшто ти треба, дали буџетот и мора да биде толкав итн итн.
Имаш две опции:
- Посвети време пред да пукнеш десетици илјадници евра и барем 20% информирај се од тоа што би можела, а не 0,1% како сега
- Најди посветен пријател кој се разбира во автомобили и ќе ти помогне
Муабетиве не ми се во ред, па сфатете ме како сакате. Очигледно е дека форумот може многу да помогне (мене ми помогна да не купам лимон кола), ама не може да ти биде како замена за цел процес кој треба сама да го изодиш.