Автор Тема: помош за кое возило да одберам  (Прочитано 12273 пати)

Отсутен marija_skk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 23
помош за кое возило да одберам
« на: 04 Август 2023, 12:21:25 pm »
Здраво,

Дали може совет и гледиште да ми понуди кој и да е што се разбира од автомобили. Сакам да купам нов автомобил и се двоумам помегу овие два:

http://deluxe-auto.com.mk/polovni/vozilo/audi-a5-2-0-tdi-190-ks-s-tronic-s-line-2019-god/

или

http://deluxe-auto.com.mk/polovni/vozilo/mercedes-benz-e-220-avantgarde-2-0-195-ks-2017-god/

имам 44 години така да колку е автомобилот кул на поглед ништо не ми значи. Сакам да е практичен и издржлив. Ке го користам исклучително само за кога ке одам на долги патувања, така да можам да речам дека ми е битно да е комотен и да има вожња што не замара.

Исто така, цените на овие две возила, дали се реални или се ставени повисоки па треба да се ценкаш таму, стандард процедура што е кај нас за да обричат некој како мене што не се разбира ни па се ценка, плакам во ќеш.

Благодарам

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10953
  • 430i
Одг: помош за кое возило да одберам
« Одговори #1 на: 04 Август 2023, 12:31:18 pm »
имам 44 години така да колку е автомобилот кул на поглед ништо не ми значи. Сакам да е практичен и издржлив. Ке го користам исклучително само за кога ке одам на долги патувања, така да можам да речам дека ми е битно да е комотен и да има вожња што не замара.

мечката е класа погоре од А5-ката, има тркала „за крстарење“ и во однос на удобност при возење не би се споредувала со А5-ката
едноставно намената и е за на автопат


Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14249
  • Пудингот на шоферството
Одг: помош за кое возило да одберам
« Одговори #2 на: 04 Август 2023, 12:53:42 pm »
Нема споредба меѓу овие две.Мерцедесот ќе понуди 2 пати поудобна вожња од А5.

А5 ќе понуди подобри перформанси,али не нешто многу повеќе ради помалата тежина.
Инаку се знае,350цди е пожелно да биди во најмала рака. ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен marija_skk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 23
Одг: помош за кое возило да одберам
« Одговори #3 на: 04 Август 2023, 14:39:30 pm »
што е тоа 350цди?

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7379
Одг: помош за кое возило да одберам
« Одговори #4 на: 04 Август 2023, 14:44:51 pm »
V6 мотор со 260 коња..  доволен е и 220 cdi за ваши потреби, нема да згрешите со е класа на автопат.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: помош за кое возило да одберам
« Одговори #5 на: 04 Август 2023, 14:49:40 pm »
Сакам да купам нов автомобил и се двоумам помегу овие два:

Ова не се нови автомобили. За ценава веројатно се зима нова Октавија 2.0 тди 200кс.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7379
Одг: помош за кое возило да одберам
« Одговори #6 на: 04 Август 2023, 14:51:21 pm »
Дајте бе луѓееееее октавија па октавија. Во секоја можна тема октавија се спомнува, во секоја можна споредба. Од кога тоа возило стана репер за тоа што значи кола и е релевантно во секоја можна споредба со другите коли...

Башка треба да чекаш 2 години дур ти стигне, налет.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: помош за кое возило да одберам
« Одговори #7 на: 04 Август 2023, 14:56:56 pm »
Дајте бе луѓееееее октавија па октавија. Во секоја можна тема октавија се спомнува, во секоја можна споредба. Од кога тоа возило стана репер за тоа што значи кола и е релевантно во секоја можна споредба со другите коли...

Башка треба да чекаш 2 години дур ти стигне, налет.

Нека гледа и CX-5 тогаш што исто е добра понуда моментално. :)

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7379
Одг: помош за кое возило да одберам
« Одговори #8 на: 04 Август 2023, 15:00:07 pm »
Жената бара удобна кола за патување на отворено, мерц Е класа нема промашај за таа намена... ти нудиш некое ебано мазда џипче ;D

Повеќе ќе помогнеме ако кажеме дали цените на понудните коли се горе доле ок и на што да пази при купување.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: помош за кое возило да одберам
« Одговори #9 на: 04 Август 2023, 15:29:40 pm »
Ново си е ново :)

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2667
Одг: помош за кое возило да одберам
« Одговори #10 на: 04 Август 2023, 16:18:10 pm »
+1 za Mercedesot, cela klasa nad A5.
Cenkanje vo sekoj slucaj pod obavezno, toa se pocetni ceni.

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 405
Одг: помош за кое возило да одберам
« Одговори #11 на: 04 Август 2023, 16:49:26 pm »
Нов од салон Мерцедес A класа седан е 39000. Бајаги помалечок од Е класа, ама нов бе да го ебам.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7379
Одг: помош за кое возило да одберам
« Одговори #12 на: 04 Август 2023, 16:54:39 pm »
Жената ќе помисли дека е на фемина форум.

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3738
Одг: помош за кое возило да одберам
« Одговори #13 на: 04 Август 2023, 17:15:09 pm »
Нов од салон Мерцедес A класа седан е 39000. Бајаги помалечок од Е класа, ама нов бе да го ебам.

Со 1.5дци од Сандеро
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен marija_skk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 23
Одг: помош за кое возило да одберам
« Одговори #14 на: 04 Август 2023, 18:58:25 pm »
на мене нов ке ми биде :)

Сакам да купам нов автомобил и се двоумам помегу овие два:

Ова не се нови автомобили. За ценава веројатно се зима нова Октавија 2.0 тди 200кс.