Автор Тема: Совет за промена на турбо (овлстен / приватен сервис)  (Прочитано 1240 пати)

Отсутен NikiSk92

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 72
Здраво,

Бидејќи до сега сум имал многу лошо искуство со мајстори кои ми ги препорачувале, што мислите за овластените сервиси.

На пример, мене ми отиде турбото на Мицубиши Аутлендер 2.2 дид 2011 година. Во Макаутостар понудата за замена на турбо со цревца е 200.000 денари. Претпоставувам дека кај приватни мајстори цената е пониска, но воедно поправката и понесигурна.

Може ли да отвориме една дискусија бидејќи многу турбоа низ град свират и си ги возат луѓето па помислив дека ќе биде корисна.

Јас искрено сум разочаран од приватни мајстори.
Во мојот случај пред само 6 дена ми беше кажано дека турбото може да ми тера како што е се додека не рикна целото на првата узгорница и морав да шлепам 80 км. Иако бев убеден дека не е во ред и звукот не е во ред. И тоа кај мајстор “што си ја знае колата”. Излегува дека проста логика е подобра од приватни мајстори?

Кои би биле причините да не дадам 200.000 во овластен сервис и да дадам нешто помалку на мајстор?

Многу ме интересира бидејќи претходната кола морав да ја дадам во отпад поради неисправно монтиран ребраст каиш кај познат мајстор во Скопје со 300 препораки.


Се надевам дека дискусијата ќе вреди за форумов :)




Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Ако имаш пари, тогаш нема причина зошто не би дал толку пари за турбо, кое најчесто кошта не повеќе од 1000€.

Отсутен NikiSk92

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 72
Ако имаш пари, тогаш нема причина зошто не би дал толку пари за турбо, кое најчесто кошта не повеќе од 1000€.

Ако имам пари, тогаш да дадам 200.000?

Јас на пример најдов турбо за мојата кола (оригинал ОЕМ) ама 100.000 ден. И тука ми е дилемата. Од една страна страв ми е од мајстори, а од друга страна па вреди ли 3200 еур за турбо на кола со 200.000 км купена за 9500 ЕУР.

Претпоставувам многу луѓе се соочиле со дилемава.

(си го плаќам цехот за кола на старо)


Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Зошто ново?  Имаш турбо сервис Ужице види прашај си за цена џа репарирано турбо.

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk

Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Јави се и прашај во сервис Ужице (имаат и во Скопје дуќан), ги даваат турбините со гаранција и веројатно ќе предложат сервис кој ќе го смени турбото и ќе ти ја завери гаранцијата.

После ако рикне нешто, они ќе си решаваат.

Тоа е моја препорака бидејќи 3000 евра за поправка на ЕДЕН квар на 12 години стара кола за мене - колку пари и да имам - е недозволива сума.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Колку кс е да побарам турбина?
Кај вториот производ имаш 190€ попуст ако ја пратиш старата турбина.

Отсутен NikiSk92

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 72
Колку кс е да побарам турбина?
Кај вториот производ имаш 190€ попуст ако ја пратиш старата турбина.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

2.2 Di-D 177 ks

Отсутен NikiSk92

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 72
Јави се и прашај во сервис Ужице (имаат и во Скопје дуќан), ги даваат турбините со гаранција и веројатно ќе предложат сервис кој ќе го смени турбото и ќе ти ја завери гаранцијата.

После ако рикне нешто, они ќе си решаваат.

Тоа е моја препорака бидејќи 3000 евра за поправка на ЕДЕН квар на 12 години стара кола за мене - колку пари и да имам - е недозволива сума.

Баш тоа - да е нова кола ајде де, ама не вреди.

Отсутен Xristijan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 222
Za taa kola ne vredi novo da se kupuva, najdi samo majstor da ja izvadi i nosi ja vo Uzice, ako imaat na lager ke ti dadat ista takva reparirana so garancija, a ako sakas ke ja cekas tvojata nedela dena da ja vratat reparirana. Cenite im pocnuvaat od min 200-300e nagore, zavisi sto e osteteno.

Sent from my M2101K9G using Tapatalk


Отсутен NikiSk92

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 72
Овие Аутлендерите како вроден проблем да им е со турбината.
Еднаш се среди под гаранција, еднаш ја репариравме.

Колку се сеќавам во овластен ни бараа околу 2500 eвра за истиот зафат.

Како што рече ја плаќаш цената на стара кола. Нашиот беше купен гланц нов.

Да, мене ми побараа 200.000 ден (3200 еур) за замена. Ужице околу 330 еур плус 120 еур ако се менува и актуатор.

Отсутен BigBull

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 414
Препорака и од мене за Ужице, еве овој месец прави година од кога ја возам турбината од кај нив.
Даваат гаранција од една година.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Ете де ќе  среди за 400 евра цела работа не мора паника. Кафе пари се 400/500 евра еднаш на двеста триста илјади да ги дадеш.

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk

Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2675
Sum sluzal pofalbi za Sevisot vo Uzice.
Vo Zelezara gledam parkirano edno kompence pisuva servis Uzice pa mozemi ima nekoja sorabotka da je zameat i donesat reparirana.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i

Отсутен NikiSk92

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 72
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Да, дефинитвно кај нив ќе земам па ќе пренесам искуство. Ја шлепав во Амсм сервис денес, они ќе го извадат турбото и ќе го однесам во турбосервис ужице.

Ќе пренесам искуство за репарираното. Вака сега за сега многу услужни личат.

Она со 200.000 ден ми е ненормална сума, што ако отиде пак за 5 години, а репарираново трае 2-3. Не вреди.