Здраво,
Бидејќи до сега сум имал многу лошо искуство со мајстори кои ми ги препорачувале, што мислите за овластените сервиси.
На пример, мене ми отиде турбото на Мицубиши Аутлендер 2.2 дид 2011 година. Во Макаутостар понудата за замена на турбо со цревца е 200.000 денари. Претпоставувам дека кај приватни мајстори цената е пониска, но воедно поправката и понесигурна.
Може ли да отвориме една дискусија бидејќи многу турбоа низ град свират и си ги возат луѓето па помислив дека ќе биде корисна.
Јас искрено сум разочаран од приватни мајстори.
Во мојот случај пред само 6 дена ми беше кажано дека турбото може да ми тера како што е се додека не рикна целото на првата узгорница и морав да шлепам 80 км. Иако бев убеден дека не е во ред и звукот не е во ред. И тоа кај мајстор “што си ја знае колата”. Излегува дека проста логика е подобра од приватни мајстори?
Кои би биле причините да не дадам 200.000 во овластен сервис и да дадам нешто помалку на мајстор?
Многу ме интересира бидејќи претходната кола морав да ја дадам во отпад поради неисправно монтиран ребраст каиш кај познат мајстор во Скопје со 300 препораки.
Се надевам дека дискусијата ќе вреди за форумов