Автор Тема: CARclub Тест: DFSK Glory 500  (Прочитано 2849 пати)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: CARclub Тест: DFSK Glory 500
« Одговори #15 на: 05 Мај 2023, 07:38:22 am »
Шо знам дали вреди за парите, 16с до 100км/х тоа е ужасно бавно.

Цитроен Ц4 со 1.2 турбо и солидна опрема е 21-22к. Побрз е од ова, помалку троши и има поголем багаж итн.

+1

Каде му се тие 116коња, на превои ќе крени 100ка или ќе треба залет да се зема? Моите 80 коња за 14 креваат стотка (добро со неколку умрени, 15 се сега).
8л градска па и не оди.  ;D
Багажникот со тие калниците внатре е 50% неупотреблив, барем од сликите.
Тркалата се несразмерни во големина со каросеријата, како на подвозје од Фабија ја ставиле школката.
Кожа во 16,000е? Подобро добар штоф, него кожа шо ќе се распука за 10 години.

Дури е ново е убаво внатре вака ама за квалитетот ќе кажат годините.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: DFSK Glory 500
« Одговори #16 на: 05 Мај 2023, 08:02:34 am »
Најголем дел од маржата на “големите“ оди на развој, така да ако овие не прават профит технолошки се назад 3-40 години
Кој црн развој...

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4995
Одг: CARclub Тест: DFSK Glory 500
« Одговори #17 на: 05 Мај 2023, 08:26:46 am »
Шо знам дали вреди за парите, 16с до 100км/х тоа е ужасно бавно.

Цитроен Ц4 со 1.2 турбо и солидна опрема е 21-22к. Побрз е од ова, помалку троши и има поголем багаж итн.

+1

Каде му се тие 116коња, на превои ќе крени 100ка или ќе треба залет да се зема? Моите 80 коња за 14 креваат стотка (добро со неколку умрени, 15 се сега).
8л градска па и не оди.  ;D
Багажникот со тие калниците внатре е 50% неупотреблив, барем од сликите.
Тркалата се несразмерни во големина со каросеријата, како на подвозје од Фабија ја ставиле школката.
Кожа во 16,000е? Подобро добар штоф, него кожа шо ќе се распука за 10 години.

Дури е ново е убаво внатре вака ама за квалитетот ќе кажат годините.
Kaj ima koza? Se e vise vestacko. Pa edno audi etron ili kako i da se vika toa stofot vnatre e polos i od ikea. Za koj kvalitet zboruvame?

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: CARclub Тест: DFSK Glory 500
« Одговори #18 на: 05 Мај 2023, 08:50:05 am »
Не се разбирам од кожа, ама aко ти така велиш така нека биди.

Квалитетот во смисла ко ќе почни да крцка, да се лупи, крши, бледее итн...
15 години старо ауди и дачиа, внатре има разлика ако можиш да заприметиш, мала е ама ќе ја видиш.  ;D

Ќе ти ги сликам истите рачки во 2011-та дастер и мојата да видиш за кој квалитет зборувам, да влезам во дастерот само некој ден...

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5557
Одг: CARclub Тест: DFSK Glory 500
« Одговори #19 на: 05 Мај 2023, 09:15:14 am »
Топ е ова бе не е ни битно забрзувањето ако стварно цвт-то ги држи во некој нормален распон обртаите за крузање, да не пишти на 120, една инвестиција од 500/600 евра за плин и ништо поќе не треба. Прост атмо без скапи дефекти со потрошња 3 денари километар.

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk

Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: DFSK Glory 500
« Одговори #20 на: 05 Мај 2023, 09:20:13 am »
Во суштина, да, баш така. Не знам ни дали би се замарал да го конвертирам на плин, ама ете - и тоа нека биде. Само би му ставил подобри гуми.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: CARclub Тест: DFSK Glory 500
« Одговори #21 на: 05 Мај 2023, 09:52:13 am »
Како можи кинезите да ги продаваат овие кршеви за 15К евра, далеку поефтино од другите нормални производители, значи успваат да заштедат некаде и најверојатно употребаат неквалитетни ефтини делови? Или кое е друго логично објаснување?
Има. Маржата на другите е од 5 до 30 пати поголема.

Најголем дел од маржата на “големите“ оди на развој, така да ако овие не прават профит технолошки се назад 3-40 години

Volkswagen и BMW со раст на профитот во првиот квартал

Цитат
Групацијата Volkswagen соопшти пораст на профитот од 22 отсто, најмногу благодарение на растот на продажбата во Западна Европа и Северна Америка. Приходите од продажба изнесуваат 76 милијарди евра, наспроти 62 милијарди евра во истиот квартал минатата година. Оперативната добивка е зголемена за 35 отсто, на околу 7,1 милијарди евра, а кварталната оперативна добивка по оданочување е 4,7 милијарди евра, наспроти 6,7 милијарди евра на почетокот на 2022 година.

BMW соопшти објави повисока профитна маржа во својот автомобилски бизнис, која се искачи на 12,1 отсто во првиот квартал од 8,9 отсто во истиот период минатата година, но ја задржа својата перспектива непроменета бидејќи се соочува со постојано високи трошоци и растечка конкуренција.

Падот на добивката на групацијата пред оданочување на 5,1 милијарди евра, во споредба со 12,2 милијарди во истиот квартал минатата година, производителот го припиша на влијанието на минатогодишното целосно консолидирање на неговото кинеско заедничко вложување, BMW Brilliance Automotive.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4995
Одг: CARclub Тест: DFSK Glory 500
« Одговори #22 на: 05 Мај 2023, 09:56:18 am »
Не се разбирам од кожа, ама aко ти така велиш така нека биди.

Квалитетот во смисла ко ќе почни да крцка, да се лупи, крши, бледее итн...
15 години старо ауди и дачиа, внатре има разлика ако можиш да заприметиш, мала е ама ќе ја видиш.  ;D

Ќе ти ги сликам истите рачки во 2011-та дастер и мојата да видиш за кој квалитет зборувам, да влезам во дастерот само некој ден...
Za kozata znaes ona klimatski promeni se grizime za svetot drn drn...
Te razbiram, mene mi e muabetot deka toa audito od pred 10-15godini ima mn pokvalitetni materijali od toa denes

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2748
  • Слобода или смрт
Одг: CARclub Тест: DFSK Glory 500
« Одговори #23 на: 05 Мај 2023, 13:17:36 pm »
Најголем дел од маржата на “големите“ оди на развој, така да ако овие не прават профит технолошки се назад 3-40 години

Сум поминал добар дел од Кина почнувајќи од Пекинг до Хонг Конг. Она што го видов во Шенжен и Гуагжоу на западот ќе му требаат години да го стигне. Конкретно јас бев во универзитетот на Хуавеи во Шенжен. Си имаат свој универзитет и ресрч центар. Уствари си имаат сопствен град од 70к популација каде што се е на хуавеи внатре. Не за џабе западот потоа ги забрани хуавеи бидејќи видоа дека се многу пред нив со технологија.
На вечера во прием делот за делегаци (мини квартал со стара кинеска архитектура во пекинг) не прими основачот и ЦЕО на хуавеи господинот Рен. Покрај нас беше поканет и амбасадорот што ни е во Пекинг и на вечерата имаше група од 10тина луѓе. Доаѓа нашиов амбасадор и на вечерата му вика инвестирајте во Македонија, многу добри услови имате само 300 евра е платата.

Отсутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 279
Одг: CARclub Тест: DFSK Glory 500
« Одговори #24 на: 05 Мај 2023, 17:47:15 pm »

Тогаш не си поминал доволно на запад очигледно. Точно е дека Кина има оперативна моќ и решителност, но она што често фали е стратегиско менаџирање и водење во иновациите. Во принцип трошоците се ниски бидејќи клучните луѓе на овие позиции не ги земаат, туку ги „крадат“ самите продукти. Ова веќе со години е случајот со Xiaomi - https://www.bbc.com/news/technology-29569002

Од аспект на конкретниот автомобил, не е тешко да споиш 2+2. Мотор што има 116 коња, а забрзува од 0-100 за 15+ секунди очигледно не е некоја „иновација“ за која западот ќе паѓа во несвест. Ова DFK е копија во секој сегмент на некој популарен модел, само со поевтини материјали.

Земете го пример екранот - . Ова од авион се гледа дека е некој чкартен TFT кој доаѓа со најгенеричен софтвер (како што видов од слики и видеа) на кој е потрошено нула време. Штанцаат, бива/не бива не е важно бидејќи веќе во продукција се влезени уште 50 вакви модели однапред.

Не се разбирам толку од коли, но сигурен сум поискусни членови да го зирнат дизајнот од аспект на логика/ергономија/aero ќе најдат многу проблематични сегменти.

Така што не сакам да ги хејтам, ама не ми се паѓа во несвест од вакви модели. Баш мислам дека добиваш колку што си платил, а не дека Кинезиве откриле магична формула која Европјаните не ја знаат.

Едит - рецензијава ја прочитав подетално, не би ја нарекол рецензија. Повеќе како PR текст, али разбирам зашто.

Присутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1727
Одг: CARclub Тест: DFSK Glory 500
« Одговори #25 на: 05 Мај 2023, 18:13:51 pm »
Може е чкарт екранот ама бар не кошта  400 000 денари да го замениш.

Sent from my iPhone using Tapatalk

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: DFSK Glory 500
« Одговори #26 на: 05 Мај 2023, 18:19:10 pm »
Не се разбирам толку од коли, но сигурен сум поискусни членови да го зирнат дизајнот од аспект на логика/ергономија/aero ќе најдат многу проблематични сегменти.

Ергономијата си е сосем во ред. И нема зошто да не е - деловите од кабината се генерално „инспирирани“ од европски модели. Единствена проблематична работа според мене е фактот дека воланот не се подесува по длабочина.

Иначе, секако дека ентериерот не е најдобриот на светот - некои пластики се тврди, да, мултимедијата е спора, итн. И сето тоа си е напишано и наведено. Ама сето тоа треба да се земе во контекст на цена и позиционирање. Кај ентри-левел возило, таквите работи се очекувани и прифатливи. Кај нешто што е поскапо? Не би биле.

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3776
Одг: CARclub Тест: DFSK Glory 500
« Одговори #27 на: 05 Мај 2023, 19:03:25 pm »
Ова е како @Deni што вели за ефтините телефони што се ужасно бавни, отпад од фабрика
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 279
Одг: CARclub Тест: DFSK Glory 500
« Одговори #28 на: 05 Мај 2023, 19:25:37 pm »
Може е чкарт екранот ама бар не кошта  400 000 денари да го замениш.

Sent from my iPhone using Tapatalk

Сигурен сум дека после ова си се насмеа под брк и си кажа „колку сум најјак“, откако на 3-та тема истото го пишуваш како реплика. Следно стенд-ап ќе ти договорам со Тино и Атанас, греота е ваков талент да остане само на форумов.

Не се разбирам толку од коли, но сигурен сум поискусни членови да го зирнат дизајнот од аспект на логика/ергономија/aero ќе најдат многу проблематични сегменти.

Ергономијата си е сосем во ред. И нема зошто да не е - деловите од кабината се генерално „инспирирани“ од европски модели. Единствена проблематична работа според мене е фактот дека воланот не се подесува по длабочина.

Иначе, секако дека ентериерот не е најдобриот на светот - некои пластики се тврди, да, мултимедијата е спора, итн. И сето тоа си е напишано и наведено. Ама сето тоа треба да се земе во контекст на цена и позиционирање. Кај ентри-левел возило, таквите работи се очекувани и прифатливи. Кај нешто што е поскапо? Не би биле.

Не морам да одам подалеку, еве земи го овој за пример - https://www.carclub.mk/2023/03/28/test-citroen-c4-x-1-2-puretech-130-eat8-feel-pack-poveke-od-samo-podolg-c4/

Од 27к исфрлај работи надоле (чкарт пластики, чкарт мултимедиа, аналоген деш, послаб мотор итн) и ќе дојдеш до ценава на Кинезот. Тогаш сфаќаш дека ем правиш компромис, ем купуваш непроверен бренд.

Не ме импресионира ценава. Другото не го коментирам, си имаш банер од нив, нормално нема да ги критикуваш. Затоа има реченица дека убаво е да се вози со сончев кров, втора реченица дека паркинг сензорите помагаат за паркинг. Секоја негативност е со „...ама“. Пак ќе кажам, за мене е ок, ама да бидеме реални - барем овде пиши пошироко ако можеш.
« Последно менување: 05 Мај 2023, 19:34:42 pm TylerMkD »

Присутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1727
CARclub Тест: DFSK Glory 500
« Одговори #29 на: 05 Мај 2023, 21:05:57 pm »
Неам брк. Не пратам стенд ап од Хихириху наваму.  А Тино и Атанас се обид за хумор, но далеку од хумор.
Ти имаш развиено опсесија со екрани, глеам прво за екранот се фати, па си велам да шутирам пенал пак.

Sent from my iPhone using Tapatalk