Ти можеш да бидеш против колку сакаш, ама технологиите се движат во таа насока. Lexus веќе нема не-хибриден автомобил во понуда во Европа.
Зошто мислиш дека кинезите не соработуваат? Факт е дека најголемиот технолошки прогрес доаѓа баш од Кина. Најмалку една генерација се пред сите други. Си имаат план и агенда, и работат да ги остварат.
И најсериозно, седни повози нешто посериозно електрично. Ќе те натера да ги надминеш сопствените предрасуди.
Изгледајте го видеото до крај за BYD.
Да, нудат најголема гаранција на батерија и ги штанцаат како мастики за џвакање али има неколку интересни работи:
1.На BYD батериите им се дел од каросеријата. Едно поситно оштетување на долниот дел може да предизвика сериозна и скапа штета, а со тоа и осигурителните куќи се освестуваат и лупаат поскапа квота, а и тешко на оние кој ќе ги возат со истечена гарација. Имаат 5 звезди за crash test безбедност, но што со потенцијлните кварови и поправки во случај на помал и поголем судар, независно дали си крив или не. Није свеједно каде, како и за која сума ќе поправиш електрично возило, особено ако се оштетени клучни компоненти.Цена? Сервисна поддршка? Мистерија за сега.
2. Една од причините за пониската е цена е интеграција на повеќе ( во конктетниот пример осум) делови во една едница.
Било кој од тие делови да откаже, се менува целата единица наместо делот кој е во квар. Повтрно, проблем за секој кој ќе ја вози колата по истек на гаранција и повторно цената и сервисната поддршка се мистерија.
3.Цената на половен кинез паѓа побрзо и од онаа на Алфа и поради горенаведените причини, а и поради ниската цена на ново.
4.Топрв треба да се докажат дали како комплетно возило можат да издржат барем 10-15 зими и лета, сол, вода, мраз. И ова е мистерија.
5.Customer satisfaction им е пола- пола.
Лично ( иако никој не ме праша) од електрично би купил само скутерче за низ град, а листата на IC автомобили (па и мотори) кои би ги зел за парите на нов електричен BYD е предлога.