Од рекла-казала сум слушнал дека Јапонците (конкретно Тојота) ги имаат едни од најдобрите хибридни системи, ми излегувале видеа за Lexus (LS600hL, GS450h, RX450h, ES300h) како нивниот хибриден систем функционира беспрекорно и по 15-20 години. Капацитетот на батеријата им се движи од 70 до 85%.
Дали и кога Кинезите би го постигнале тоа ниво или би полнале да соработуваат меѓусебно? Исто така во моделите на Лексус се ставени мотори кои тераат до милион километри без да се прави некој поголем зафат (ремонт).
Строго сум против електрични и хибридни автомобили, но ако дојде ден да морам да возам такво дубаче (не по своја волја, нпр. во случај сите производители да се префрлат строго на таков погон) сакам да бидам информиран.