Автор Тема: Што да се купи?  (Прочитано 2349 пати)

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Што да се купи?
« Одговори #45 на: 13 Март 2024, 08:56:34 am »
А Туран да си видиш има со интегрирани седишта. Да не се замараш ни за тоа?
https://www.sgcarmart.com/articles/features/volkswagen-sharan-and-touran-just-right-for-the-city-1715


https://www.seat.co.uk/car-terms/i/integrated-child-seat



Ем лесно се седнува измеѓу се тоа. Да видиш дали воопшто се нуди во вукојебинава наречена Европа, или само за Сингапур е тоа.

Волво има нешто слично. Само да се докупи за глава.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Што да се купи?
« Одговори #46 на: 13 Март 2024, 09:08:01 am »
жена ми седи меѓу нив кога сме на подолг пат и не да не е комотно него е малтретирање.

Овде јас го гледам проблемот реално. Знам дека е тешко, ама треба да се инсистира возрасните да седат напред во кола. Во секоја прилика и секогаш (освен ако не се 3 возрасни, па еден возрасен мора назад). Децата позади.
А што се однесува до просторот во гепек, на кров или меѓу нозе на сувозач и позади на полица - релативно е. И најголемата кола да ја имаш, ќе ја накрцаш од трт со багаж. Ама па тоа е 3-4 пати у годината. После тоа ќе треба 80% од времето да влечкаш стамбена зграда низ град, да се трткаш за паркинзи, да се осеќаш ко достављач у комбе итн.

Како и да е, не сакам да се мешам во изборот, сакам само да поттикнам пошироко размислување околу изборот на тип на возило. Еве, исто како и Дени што спомна погоре, има варијанти, не е дека нема... 

Јасно е тоа, ама мали се децата и на пат од Виена до Скопје ако не седи мајката позади треба да застанувам на 15 минути за нај различни „итни“ потреби. Патуваме најмалку по два пати годишно до Скопје и до Малмо, плус одмори викенди итн, и сме пробале и ќерка ми да седи позади (она има 13) ама не фукнционираме, јбг.

Не се мешаш во изборот, напротив, супер муабет, баш ова ми треба, совети за да сконтам што ќе биде најдобро решение.

Фала ти.
Чим ти се малите деца 4 и 2 години, уште малце и би требало да ја пројдат фазата на 15 минути да им треба нешто, па заради тоа мајката да седи позади.
Зависно од твојата висина и на сопругата, те ако не сте многу високи, можеби и не ти треба голем СУВ или голем SW од типот на XC90/V90. Плус и за 40К мислам дека тешко да најдеш нешто да е поново годиште.
Транспортер е убава опција, ама ако е примарно и единствено возило можеби не е најидеално и најпрактично.
A6 Avant е многу убаво ауто, можеби ќе биде комотно позади за 2те седишта и поголемото дете да седи. Можеби уште повеќе простор би имало во Skoda Superb. Барем јас имам такво чувство дека нудат стварно многу простор внатрешно, поготово Октавијата и Супербот.
Споредба V90 со Skoda Superb Estate
Споредба Skoda Superb Estate со Audi A6 Avant

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: Што да се купи?
« Одговори #47 на: 13 Март 2024, 09:21:02 am »
Toyota Highlander. Има доволно место. Има ОК мотор.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3477
Одг: Што да се купи?
« Одговори #48 на: 13 Март 2024, 17:56:16 pm »
Јас би препорачал да ѕирнеш некој Туран со 5 седишта, не верзијата со 7. Знам дека е комбе, ама убаво вози, башка ќе ти остане некој денар за количе за кејф :P

Туран, Вито или Мултиван ми се во комбинација ако одам на таква варијанта, уште се борам сам со себе за типот на возило :)

Немаш потреба од Вито или Мултиван, не зафркавај, Туранот има засебни седишта 3 позади, големи седишта имам за децата и комотно си седи возрасен во средина, иако сами си се возат позади од раѓање. Гепекот е исто голем плус, идеална форма е, а сигурно се бафташ со количка сеуште, и моите 2 се иста возраст па према тоа знам. Сега со Шкодата не може да седи возрасен позади со моменталнава комбинација на детски седишта.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: Што да се купи?
« Одговори #49 на: 13 Март 2024, 18:06:56 pm »
MPV е благослов за луѓе со деца.

Од искуство кажувам.

Отсутен mendieta1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 193
  • BMW E30 316; BMW Е36 318 tds; BMW E46 330 Ci
Одг: Што да се купи?
« Одговори #50 на: 13 Март 2024, 18:45:42 pm »
  2006 год бевме на одмор во Хрватска со Рено 5, татко ми ,мајка ми јас и трите сестри  со багаж и не се сеќавам дека беше тесно.
  Сега коливе џабе пет метри ги прават .

Порано не седевме у детски седишта, затоа имаше место и у пеглица. А ги имам купено најмалите што постојат на пазар (нај тесни) ама џабе, две седишта се две седишта, тој што седи во средина го јаде.
За две седишта да ставиш и во Q7 , Cayene пак ќе ти биде тесно назад. Попрво би се стрпил и би издржал две години одколку да дадам 40 000еу а ништо бе би добил плус од сегашнава кола.Подобро вложи ги парите во некој фонд за штедење за децата ќе им требаат за понатака.
SAVE WATER! SHOWER WITH YOUR GIRLFRIEND

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7075
Одг: Што да се купи?
« Одговори #51 на: 13 Март 2024, 19:03:43 pm »
Со RS6 може тесно да им биде позади ама само до прва кривина, после ќе си се наместат.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14291
  • Пудингот на шоферството
Одг: Што да се купи?
« Одговори #52 на: 13 Март 2024, 20:02:58 pm »
Реално било која караван од таа класа ќе задоволи со багажен простор,а за простор на задно седиште ништо нема да добие осетно повеќе од сега.
За тоа си сака моноволумен или комбе со посебни седишта,дали ќе бидат 6 или 7 тоа  зависи од тоа што ќе одбери.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
Одг: Што да се купи?
« Одговори #53 на: 13 Март 2024, 20:17:39 pm »
Da ti kazam od gledna tocka na coek koj isto uma tri deca, sako MiniVan zavisi od budget mozes od Toran do Sharan da gledash.

Nagodno SMax najmormalno vozi i e sosema pristojna golemina

Jas vozam C4 Spacerourer po staro Picasso i zasega vrshi odlucno rabota za namenata za koja e kupen.

Kombe od tipot na Peugeot Traveler ili VW T neznam koj model e sega e najprakticno za prostor ama za sekojdnevno koristenje ne e bash najdobra opcija

Veruvaj poveke prostor imam od Kodiaq koj navidum izgeda mnogu pogolem