Автор Тема: Кинески електрични автомобили  (Прочитано 2824 пати)

Присутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22447
Одг: Кинески електрични автомобили
« Одговори #15 на: 26 Октомври 2026, 12:47:39 pm »
Јапански инженери расклопиле BYD, направиле 360 страни упатство и го продале на конкуренцијата.
Се со цел да се открие како и зошто кинезиве се толку ефтини.



Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7185
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Кинески електрични автомобили
« Одговори #16 на: 27 Октомври 2026, 09:45:27 am »
Од рекла-казала сум слушнал дека Јапонците (конкретно Тојота) ги имаат едни од најдобрите хибридни системи, ми излегувале видеа за Lexus (LS600hL, GS450h, RX450h, ES300h) како нивниот хибриден систем функционира беспрекорно и по 15-20 години. Капацитетот на батеријата им се движи од 70 до 85%.

Дали и кога Кинезите би го постигнале тоа ниво или би полнале да соработуваат меѓусебно? Исто така во моделите на Лексус се ставени мотори кои тераат до милион километри без да се прави некој поголем зафат (ремонт).

Строго сум против електрични и хибридни автомобили, но ако дојде ден да морам да возам такво дубаче (не по своја волја, нпр. во случај сите производители да се префрлат строго на таков погон) сакам да бидам информиран.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30913
    • CARclub.mk
Одг: Кинески електрични автомобили
« Одговори #17 на: 27 Октомври 2026, 10:27:52 am »
Ти можеш да бидеш против колку сакаш, ама технологиите се движат во таа насока. Lexus веќе нема не-хибриден автомобил во понуда во Европа.

Зошто мислиш дека кинезите не соработуваат? Факт е дека најголемиот технолошки прогрес доаѓа баш од Кина. Најмалку една генерација се пред сите други. Си имаат план и агенда, и работат да ги остварат.

И најсериозно, седни повози нешто посериозно електрично. Ќе те натера да ги надминеш сопствените предрасуди.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55365
  • Махер
Одг: Кинески електрични автомобили
« Одговори #18 на: 27 Октомври 2026, 11:29:47 am »
Како може да си против хибридни? Не сфаќам.

Sent from my SM-S938B using Tapatalk


Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7185
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Кинески електрични автомобили
« Одговори #19 на: 27 Октомври 2026, 12:16:36 pm »
Не сакам играчки (дубаци) на батерии. Ако сакам економичност ќе монтирам плин, ако сакам брзина ќе земам V6 или V8 или пак појак турбо бензинец.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4272
Одг: Кинески електрични автомобили
« Одговори #20 на: 27 Октомври 2026, 12:21:01 pm »
Арно си знаеш!
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Присутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22447
Одг: Кинески електрични автомобили
« Одговори #21 на: денес во 11:38:04 »
Ти можеш да бидеш против колку сакаш, ама технологиите се движат во таа насока. Lexus веќе нема не-хибриден автомобил во понуда во Европа.

Зошто мислиш дека кинезите не соработуваат? Факт е дека најголемиот технолошки прогрес доаѓа баш од Кина. Најмалку една генерација се пред сите други. Си имаат план и агенда, и работат да ги остварат.

И најсериозно, седни повози нешто посериозно електрично. Ќе те натера да ги надминеш сопствените предрасуди.

Изгледајте го видеото до крај за BYD.
Да, нудат најголема гаранција на батерија и ги штанцаат како мастики за џвакање али има неколку интересни работи:

1.На BYD батериите им се дел од каросеријата. Едно поситно оштетување на долниот дел може да предизвика сериозна и скапа штета, а со тоа и осигурителните куќи се освестуваат и лупаат поскапа квота, а и тешко на оние кој ќе ги возат истече гарација. Цена? Сервисна поддршка? Мистерија за сега.

2. Една од причините за пониската е цена е интеграција на повеќе ( во конктетниот пример 8) делови во една едница.
Било кој од тие делови да откаже, се менува целата единица наместоделот кој е во квар. Повтрно, проблем за секој кој ќе ја вози колата по истек на гаранција и повторно цената и сервисната поддршка се мистерија.

3.Цената на половен кинез паѓа побрзо и од онаа на Алфа и поради горенаведените причини, а и поради ниската цена на ново.

4.Топрв треба да се докажат дали како комплетно возило можат да издржат барем 10-15 зими и лета, сол, вда, мраз. И ова е мистерија.

5.Customer satisfction им е пола- пола.


Лично ( иако никој не ме праша) од електрично би купил само скутерче за низ град, а листата на IC автомобили (па и мотори) кои биги зел пред електричен BYD  е предлога.