Епа другари, после многу математики, рачуници и неколку месеци чекање, бидна ново ауто у фамилија.
Се работи за Цитроен Ц3, 1.2 / 110кс.
Ниво на опрема: C series (Feel Pack)
што у превод значи ги има следниве работи:
-ABS + REF (систем против блокирање на тркалата и електронска дистрибуција на сила на сопирање) и помош при сопирање во хитни случаи
-AFU (систем за помош при нагло сопирање) + светла за предупредување при нагло силно сопирање
-Ел. контрола на стабилност (ESP) + систем против пролизгување (ASR)
-Помош при тргнување на нагорнина (Hill Assist)
-Регулатор – лимитатор на брзина
-Детекција на недоволен притисок во гумите
-Воздушни перничиња за глава за возач, совозач и странични воздушни перничиња за граден кош
-Воздушни перничиња – завеси, напред и назад
-Затегнувачи на сигурносни ремени на предните седишта
-Предупредување за откопчан појас
-ISOFIX систем на задните седишта
-Централно заклучување со далечинска команда
-Автоматско заклучување на вратите и багажниот простор при стартување (автоматска деактивација во случај на незгода)
-Предупредупредување за возачко невнимание
-Препознавање на сообраќајна знаци за ограничување на брзина
-Предупредување за ненамерно преминување линија
-Coffee Break Alert (индикатор за пауза од долго возење)
-LED дневни светла
-Предни LED светла
-Задни LED светла со 3D ефект
-Предни светла за магла
-Челични тркала со 16″ украсни раткапни “3D”
-Сет за привремена поправка на тркалата (не ако се порача RS19)
-Airbump® во црна боја
-Рачки на вратите и браници во боја на каросеријата
-Куќишта на надворешните ретровизори во сјајна црна боја
-Пакет Bronze Anodisé-оквир на предни светла за магла и Airbump
-3D Logo под надворешните ретровизори (кај C-SERIES)
-Црни пластични штитници на калниците и праговите
-Декорација на кровот Bronze Anodisé
-Декорација на задните кровни носачи
-Патен компјутер
-Индикатор за промените на степенот на пренос
-Индикатор за надворешна температура
-Полица на багажниот простор
-Затворен простор за одлагање кај совозач
-Простор за одлагање во предни и задни врати
-Отворен простор за одлагање напред
-Електрични автоматски подигнувачи на стакла-напред со заштита од приклештување
-Пакет Видливост- автоматски бришачи со сензор за дожд и автоматски дневни светла³
-Електро склопливи надворешни ретровизори
-Држачи за 2 чаши
-Автоматски клима уред
-Украсна маска на шалт табла од TEP материјал со сив раб
-Еден клуч со далечинска команда и еден регуларен клуч
-Ел. серво управувач со регулирање по висина и длабочина
-Електрични подигачи на предните стакла
-Електрично прилагодливи и греени надворешни ретровизори
-Предни сонцебрани со огледало кај возачот
-Осветлување на внатрешниот простор напред и позади
-Клима уред
-12V приклучок во патнички простор
-Украсна маска на шалт табла во сјајна црна боја со сив раб
-Возачко седиште прилагодливо по висина
-Заден наслон делив во однос 2/3-1/3
-Поставување на седишта Mica
-Дигитален аудио систем со 7″ екран на допир, команди на управувач, Bluetooth®, USB, 6 звучници, Mirror screen
Дополнително на се ова има:
-Металик боја (soft sand)
-Битон покрив – (Perla Black)
-Подготовка за резервно тркало
-Затемнети задни стакла
-Алуминиумско тркало 16’’ BITON HELUX
и со малце преговори и ценкање:
-Резервно тркало
-Задни паркинг сензори
-5 години продолжена гаранција.
Возилото беше од лагер листа. Во средата го капарисав и се договорив околу деталите, и вчера (петок, 07.04.2023) го подигнав и регистрирав.
Единствено нешто што мислам дека фали за кола во оваа доба, е електрични подигачи на задни стакла, особено на моменталните цени... Ама тоа беше компромис на кој бев спремен и реално не ми фали.
Сеуште не сум имал прилика добро да ја провозам, па ќе споделам само првични импресии...
Колата е токму тоа што ми треба, мене и на нас како семејство. Екстра тивка, преудобна и доволно голема во димензии. Доволно брза, доволна големина на гепек (земајќи го у обзир фактот дека го поминавме периодот на мкнење колички, играчки и остало), доволно простор напред и позади - таман.
У трка беа со Корса и 208мица. Цената и достапноста беа најпресудни моменти, за другото можеше да се најде решение/компромис.
Од прилика тоа би било тоа, како за прв пост и претставување... Мислам дека не пропуштив ништо.
Се надевам дека добро ќе се покаже и добро ќе не служи.
Некое сликиче, да не е без ич: