Автор Тема: Citroen C3 (III) FaceLift  (Прочитано 10650 пати)

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3906
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Citroen C3 (III) FaceLift
« на: 08 Април 2023, 10:48:27 am »
Епа другари, после многу математики, рачуници и неколку месеци чекање, бидна ново ауто у фамилија.

Се работи за Цитроен Ц3, 1.2 / 110кс.

Ниво на опрема: C series (Feel Pack)
што у превод значи ги има следниве работи:

-ABS + REF (систем против блокирање на тркалата и електронска дистрибуција на сила на сопирање) и помош при сопирање во хитни случаи
-AFU (систем за помош при нагло сопирање) + светла за предупредување при нагло силно сопирање
-Ел. контрола на стабилност (ESP) + систем против пролизгување (ASR)
-Помош при тргнување на нагорнина (Hill Assist)
-Регулатор – лимитатор на брзина
-Детекција на недоволен притисок во гумите
-Воздушни перничиња за глава за возач, совозач и странични воздушни перничиња за граден кош
-Воздушни перничиња – завеси, напред и назад
-Затегнувачи на сигурносни ремени на предните седишта
-Предупредување за откопчан појас
-ISOFIX систем на задните седишта
-Централно заклучување со далечинска команда
-Автоматско заклучување на вратите и багажниот простор при стартување (автоматска деактивација во случај на незгода)
-Предупредупредување за возачко невнимание
-Препознавање на сообраќајна знаци за ограничување на брзина
-Предупредување за ненамерно преминување линија
-Coffee Break Alert (индикатор за пауза од долго возење)
-LED дневни светла
-Предни LED светла
-Задни LED светла со 3D ефект
-Предни светла за магла
-Челични тркала со 16″ украсни раткапни “3D”
-Сет за привремена поправка на тркалата (не ако се порача RS19)
-Airbump® во црна боја
-Рачки на вратите и браници во боја на каросеријата
-Куќишта на надворешните ретровизори во сјајна црна боја
-Пакет Bronze Anodisé-оквир на предни светла за магла и Airbump
-3D Logo под надворешните ретровизори (кај C-SERIES)
-Црни пластични штитници на калниците и праговите
-Декорација на кровот Bronze Anodisé
-Декорација на задните кровни носачи
-Патен компјутер
-Индикатор за промените на степенот на пренос
-Индикатор за надворешна температура
-Полица на багажниот простор
-Затворен простор за одлагање кај совозач
-Простор за одлагање во предни и задни врати
-Отворен простор за одлагање напред
-Електрични автоматски подигнувачи на стакла-напред со заштита од приклештување
-Пакет Видливост- автоматски бришачи со сензор за дожд и автоматски дневни светла³
-Електро склопливи надворешни ретровизори
-Држачи за 2 чаши
-Автоматски клима уред
-Украсна маска на шалт табла од TEP материјал со сив раб
-Еден клуч со далечинска команда и еден регуларен клуч
-Ел. серво управувач со регулирање по висина и длабочина
-Електрични подигачи на предните стакла
-Електрично прилагодливи и греени надворешни ретровизори
-Предни сонцебрани со огледало кај возачот
-Осветлување на внатрешниот простор напред и позади
-Клима уред
-12V приклучок во патнички простор
-Украсна маска на шалт табла во сјајна црна боја со сив раб
-Возачко седиште прилагодливо по висина
-Заден наслон делив во однос 2/3-1/3
-Поставување на седишта Mica
-Дигитален аудио систем со 7″ екран на допир, команди на управувач, Bluetooth®, USB, 6 звучници, Mirror screen

Дополнително на се ова има:

-Металик боја (soft sand)
-Битон покрив – (Perla Black)
-Подготовка за резервно тркало
-Затемнети задни стакла
-Алуминиумско тркало 16’’ BITON HELUX

и со малце преговори и ценкање:

-Резервно тркало
-Задни паркинг сензори
-5 години продолжена гаранција.

Возилото беше од лагер листа. Во средата го капарисав и се договорив околу деталите, и вчера (петок, 07.04.2023) го подигнав и регистрирав.

Единствено нешто што мислам дека фали за кола во оваа доба, е електрични подигачи на задни стакла, особено на моменталните цени... Ама тоа беше компромис на кој бев спремен и реално не ми фали.

Сеуште не сум имал прилика добро да ја провозам, па ќе споделам само првични импресии...

Колата е токму тоа што ми треба, мене и на нас како семејство. Екстра тивка, преудобна и доволно голема во димензии. Доволно брза, доволна големина на гепек (земајќи го у обзир фактот дека го поминавме периодот на мкнење колички, играчки и остало), доволно простор напред и позади - таман.

У трка беа со Корса и 208мица. Цената и достапноста беа најпресудни моменти, за другото можеше да се најде решение/компромис.

Од прилика тоа би било тоа, како за прв пост и претставување... Мислам дека не пропуштив ништо.

Се надевам дека добро ќе се покаже и добро ќе не служи.

Некое сликиче, да не е без ич:

















« Последно менување: 08 Април 2023, 18:39:23 pm KaZaN »

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Citroen C3 (III)FL
« Одговори #1 на: 08 Април 2023, 10:50:57 am »
Со здравје да се вози @KaZaN, могу безгрижни километри и патувања :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Citroen C3 (III)FL
« Одговори #2 на: 08 Април 2023, 10:54:32 am »
Многу ме израдува изборов на кола и мотор и мењач! Браво! Супер избор си направил. Мислам дека со Мишелин Примаси 4 иде иако е мало количе. Цакум пакум!

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2220
Одг: Citroen C3 (III)FL
« Одговори #3 на: 08 Април 2023, 10:58:10 am »
Како е можно уште да се продаваат коли во 2023-та со рачки на стаклата...
Језиво.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3906
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Citroen C3 (III)FL
« Одговори #4 на: 08 Април 2023, 10:58:54 am »
Многу ме израдува изборов на кола и мотор и мењач! Браво! Супер избор си направил. Мислам дека со Мишелин Примаси 4 иде иако е мало количе. Цакум пакум!
ете, тоа заборавив... Michelin e Primacy, 205/55/16 :)

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5175
  • Пиши лаже
Одг: Citroen C3 (III)FL
« Одговори #5 на: 08 Април 2023, 11:00:58 am »
Честото нека е, со здравје да си го возите! Многу безгрижни километри.
Машала цениве за новиве возила. :)
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5559
Одг: Citroen C3 (III)FL
« Одговори #6 на: 08 Април 2023, 11:04:54 am »
Интересно количе, со здравје да се вози, сигурно е помераклиски моторот од тој атмосверецот, другар го има мн глуп мотор е од секој аспект. Е сеа меѓу 208ца и ова 208цата ми е ептен по лична,  ама верувам дека имаат забегано со цените. Колку разлика беше за вака со слични карактеристики?

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk

Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5930
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Citroen C3 (III)FL
« Одговори #7 на: 08 Април 2023, 11:08:14 am »
Како е можно уште да се продаваат коли во 2023-та со рачки на стаклата...
Језиво.
Колку беше доплатата за тоа?
Гледам и кај другаров е таа опрема и кај него назад нема ел. стакла.
Инаку колава е топ.
Уште еднаш со здравје да се вози.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Citroen C3 (III)FL
« Одговори #8 на: 08 Април 2023, 11:09:26 am »
Многу ме израдува изборов на кола и мотор и мењач! Браво! Супер избор си направил. Мислам дека со Мишелин Примаси 4 иде иако е мало количе. Цакум пакум!
ете, тоа заборавив... Michelin e Primacy, 205/55/16 :)
Да? Не се primacy 4? Е primacy се!?

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Citroen C3 (III)FL
« Одговори #9 на: 08 Април 2023, 11:13:33 am »
Честитки и од мене.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Citroen C3 (III)FL
« Одговори #10 на: 08 Април 2023, 11:25:13 am »
Супер и тука да пишеме со здравје да се тркала,јас една замерка ПОТПИРАЧ ЗА РАКА тоа само му фали да биде цакум пакум

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29676
    • CARclub.mk
Одг: Citroen C3 (III)FL
« Одговори #11 на: 08 Април 2023, 11:25:19 am »
Уште еднаш да честитам! Одличен е изборот за практично и комотно количе! Кукла!

Ме радува дека е во убава боја, со кров во друга боја и со убави ситни детали. Многу прави разлика кога човек ќе избере поопременко возило. Ме радува дека е со ЛЕД светла на пример.

Да си уживате во колата! :)

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6850
  • French diamond
Одг: Citroen C3 (III)FL
« Одговори #12 на: 08 Април 2023, 11:32:30 am »
Го разочара карклуб богатото лоби, со изборот на рачка за менувач  ;D Со здравје да си ја возиш, ме израдува кога прочитав на крај дека се избори за бандаж, а не раткапна во '23 година  :)

Отсутен cdyane

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 492
Одг: Citroen C3 (III)FL
« Одговори #13 на: 08 Април 2023, 11:34:33 am »
Кукличе! Другарка го зеде коај излезе со фул опрема само послабиот мотор, го имам возено, немам обратено пажња на моторот дека не сум баш најобјективен коај е Ситроен у прашање ама супер си беше. Го продаде дека нон стоп иде Тетово-Скопје и со тој мотор доста си поттрошнуеше.
Супер избор и со здравје да се вози. Ептен ми прае мерак количево!

Sent from my SM-A715F using Tapatalk


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29676
    • CARclub.mk
Одг: Citroen C3 (III)FL
« Одговори #14 на: 08 Април 2023, 11:35:07 am »
Плус, на целиот муабет би додал дека Цитроенчево ги има меѓу најкомотните седишта во сегментот. Ко у фотеља да седи човек.

И јас би додал централен наслон, ама лесно е тоа за понатаму и мислам дека и ОЕМ опцијата не би требало да е премногу скапа.