Лагерите, обично прво благо шуштат, па почнуваат да бучат, па онда бучат, не се седи у кола.
Се разбира, при шуштење, ретко се приметуваат, а коа ке почнат да бучат, ондак не се чека за промена.
У принцип тркалото нема да падне, ама затоа може лагерот да го блокира, и замислете каква пируета се прави со едно тркало, одеднаш блокирано, да не помислам за поозбилни последици.
Кај фалц лагерите се работи за ниво на финална обработка, и секако квалитет на челик. Финалната обработка ( цементација ние што ја викаме ) се прави со точно одредени брусеви и точно одредено време, кое ако не се запази, ( помалку обработка, помалку потрошена енергија ) тогаш добивате лош квалитет.
Во фабриките на ФАГ, СЕКОЈ лагер подлежи на ултразвучна и инфрацрвена контрола, од аспект на шуплина во материјалот.
Единствен начин за заштита од фалц, кај нас е да верувате на добавувачот/продавницата. И секако јавно да се истакнат фалсификатите.