Контрадикторен си со муабетов за потрошња. Не ти е битно, ама ти е битно.
Океј, тогаш кога веќе тоа сме го расчистиле и дека си се соочил дека СУВ бензин ќе има голема потрошувачка, а и километражата ти е мала, следен чекор е:
Автоматски менувач.
И потоа изолација и тишина на 140кмч.
Би рекол сузукито, ама не ми се допаѓа на изглед и велиш дека е бучно внатре.
Тусон и Карок иако мислиш дека се спори, сепак ако се спарени со аутоматик не се замараш за спороста, ќе си симне брзина подолу и ќе тера. Така да во реалниот живот ја надоместува брзината.
Е сега од тие две, земи уште еднаш повози и ќе ти дојде сама одлуката. Секако нема да згрешиш.