Гласање

Кој модел би го одбрале?

Hyundai Tucson 1.6T
18 (27.3%)
Kia Sportage 1.6T
16 (24.2%)
Suzuki S-Cross 1.4 Boosterjet MH
10 (15.2%)
Skoda Karoq 1.5TSI
13 (19.7%)
Донеси си од горе нешто за таа пара....
9 (13.6%)

Вкупно гласови: 65

Гласањето е затворено: 04 Април 2023, 00:37:03 am

Автор Тема: Hyundai Tucson 1.6T vs Kia Sportage 1.6T vs Suzuki S-cross 1.4 MH Vs Karog 1.5T  (Прочитано 13798 пати)

Отсутен JDM4LIFE

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 333
Колеги се стесни изборот на овие возила од насловот.
Како што ми налагаат условите ( финансиски и расположливост на возила ) сите се со основно ниво на опрема и по нешто ситно плус ,а и реално не ми фалат многу работи.
Најефтин и најбучен морам да кажам е S-Cross, но најекономичен поради погонот и со многу опрема.
Сите ги возев, најмногу простор има Тусонот за мене ама и најскап е.
Интересно за потрошњата на обиколница по ресет Sportage-от и Tucson-от извадија 8,9  и 9,5, ги газев до 180, а Suzuki-то извади 6.7- просек по 18-20 километри агресивно тестирање, не според сертифицираниот тест на Зеро.

Карок имаше и дизел за интересна цена но се продаде, нарачка многу се чека.
Бензинецот 1.5 некако слабо ми делуваше како да е малку за каросеријата, и седењето на стандардните седишта е лошо.

Најдобар фит и финиш имаа Карокот и Тусонот, а најдобра усогласеност на менувач со мотор Сузукито- изненадува со регенеретивното кочење како добро функционира особено ако си навикнат на моторно кочење а не да држиш на кочница.

За мојата потреба најлогичен избор би бил S-cross, поради хибридниот погон и економичноста и цената , но ме предомислува звучната изолација и дизајнот баш не е нај нај особено позади.
Tucson-от ми е најубав но е и најскап со Карокот.

Сите возила се произведени 2022, што дава точка за барање на добар попуст, исто така овој месец додека шетав по салони човек немаше и се жалеа сите продавачи дека продажбата е опадната многу.

Разгледав и MG- не е за мене.
Пежо мислат дека продаваат Бентли ама не се расонети, најефтин 3008 34к со попусти за 8 месеци.
Цитроен не ми се свиѓа , имаат на лагер а и скап ми е за 1.2 .
Другите брендови ги прошетав сите, немаа на лагер ни тест возило ни за продажба од овој сегмент.
Toyota забегани се со цените и ќе ги заобиколам.

Секој совет и размислување е добредојден.
« Последно менување: 04 Март 2023, 23:50:29 pm JDM4LIFE »
Drifted....

I'm so JDM i sleep on the right side of the bed.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7071
Одг: Hyundai Tucson 1.6T vs Kia Sportage 1.6T vs Suzuki S-cross 1.4 MH Vs Karog 1.5T
« Одговори #1 на: 05 Март 2023, 01:01:05 am »
Која е цената на возилата?

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1640
Одг: Hyundai Tucson 1.6T vs Kia Sportage 1.6T vs Suzuki S-cross 1.4 MH Vs Karog 1.5T
« Одговори #2 на: 05 Март 2023, 01:52:07 am »
Како и многу други досега, иако не ти е споменат воопшто во првиот пост... Со здравје да си ја возиш Киата :)

Шала на страна, низ некои тестови од страна велат дека има подобар fit and finish од. Hyundai  и субјективно за мене подобар изглед од Hyundai.
Како некој што сака тишина при возење на отворено, лично би го елиминрал најгласното возило.


Sent from my SM-S908E using Tapatalk

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1759
Одг: Hyundai Tucson 1.6T vs Kia Sportage 1.6T vs Suzuki S-cross 1.4 MH Vs Karog 1.5T
« Одговори #3 на: 05 Март 2023, 06:40:43 am »
Нема да има продажба, мочана Фабија 60 коња 17500 евра ја продаваат.  Нека си фрлат две три кофи ладна вода, и ќе се расонат.

Карокот има најубав изглед по мене, Туксонот бар на слики ми е чуден изглед.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Hyundai Tucson 1.6T vs Kia Sportage 1.6T vs Suzuki S-cross 1.4 MH Vs Karog 1.5T
« Одговори #4 на: 05 Март 2023, 09:02:36 am »
На мене најмногу мерак ми прави Сузукито за гледање и што го имам гледано на тестови и тука што се возат низ околина. Изгледа конзервативно и едноставно. Има убав менувач и добро склопен ентериер. Ако го возиш 120-140 со добри гуми нема да е нешто посебно бучен.

Плус не мораш сите пари за кола да си ги дадеш.

Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен JDM4LIFE

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 333
Одг: Hyundai Tucson 1.6T vs Kia Sportage 1.6T vs Suzuki S-cross 1.4 MH Vs Karog 1.5T
« Одговори #5 на: 05 Март 2023, 09:19:51 am »
Која е цената на возилата?
Цените се движат од 24-26.5к на сите возила со добиен попуст.
Drifted....

I'm so JDM i sleep on the right side of the bed.

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2672
Одг: Hyundai Tucson 1.6T vs Kia Sportage 1.6T vs Suzuki S-cross 1.4 MH Vs Karog 1.5T
« Одговори #6 на: 05 Март 2023, 09:32:50 am »
Za razlika od 2500evra najdobro da go zemes toa sto najmbogu ti prai keif.
Uste dolgo vreme po kuuvanje ke se vrtis po taa kola i ke si vikas a da ja zemev :)
Ako si za suzuki pogledni i Vitara.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1719
Одг: Hyundai Tucson 1.6T vs Kia Sportage 1.6T vs Suzuki S-cross 1.4 MH Vs Karog 1.5T
« Одговори #7 на: 05 Март 2023, 09:42:59 am »
Сузукито е нијанса помало. Сум го спомнал ова и  претходно, имам впечаток дека Сузуки си игра во своја лига, како да не ги прати димензиите на класата во која претставува возила. С-кросот е убаво ауто, но повеќе можеш да го споредиш со Xceed или Мазда CX-30.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Hyundai Tucson 1.6T vs Kia Sportage 1.6T vs Suzuki S-cross 1.4 MH Vs Karog 1.5T
« Одговори #8 на: 05 Март 2023, 09:59:40 am »
Ако можеш да гледаш јас би гледал во насока на тоа кој е дизел и аутоматик.


Второ звучна изолација и бучава на 140кмч.

Трето динамика на возење.

Куга виде? Мислам дека треба да е најдобра во сите параметри особено во потрошња, динамика и тишина. Компромис е изгледот што е малку веќе во залез, ама сепак треба да се праша.

И ова види го, околу 32-35к може ќе се спогодите. https://forum.carclub.mk/index.php?topic=25824.0
« Последно менување: 05 Март 2023, 10:07:39 am Deni »

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Hyundai Tucson 1.6T vs Kia Sportage 1.6T vs Suzuki S-cross 1.4 MH Vs Karog 1.5T
« Одговори #9 на: 05 Март 2023, 10:33:10 am »
Туксонит и киата ги имам возено (туксонот постариот 2020) коа би направил споредба меѓу нив две би одел на туксонот само заради што има подобар сервис,и да знаеш ауто 1.6 т испод 10литри град не е !

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: Hyundai Tucson 1.6T vs Kia Sportage 1.6T vs Suzuki S-cross 1.4 MH Vs Karog 1.5T
« Одговори #10 на: 05 Март 2023, 12:03:17 pm »
Процедурално: Не се вика ТуКсон, туку Тусон! ТУСОН!

Назад на темата.

Сѐ се сведува што ти прави најмногу мерак.

Ако Тусонот и Карокот подеднакво ти прават мерак, според она што напиша, тогаш гледај опрема.

Немам видено детали ама мислам дека со Тусонот ќе добиеш многу повеќе опрема, а ако е приближно исто, тогаш гледај и практичност. Да речеме багажен простор, fit and finish, ревјуа прочитај на нет на луѓе што до сега ги имале возилата. Јас ете од искуство можам само пофални зборови да кажам за 1.5TSI моторот. За T-GDI читав многу за во старата верзија на Тусон и знам дека имаа проблеми со "замастување" на усисот бидејќи самите Gdi се склони на тоа и ќе треба монтирање на oil catch can. TSI е исто Gdi ама наводно го решиле тоа, ама немам видено некое официјално решение како тоа го решиле.

И тоа е тоа.

Дизајнерски мене Sportage повеќе ми се допаѓа од Tuscon, а реално истата кола се.

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 691
Одг: Hyundai Tucson 1.6T vs Kia Sportage 1.6T vs Suzuki S-cross 1.4 MH Vs Karog 1.5T
« Одговори #11 на: 05 Март 2023, 12:39:02 pm »
Јас гласам за Сузуки, подобар избор на мотор за таа каросерија.
Возев Sportage, тромаво возило со висока потрошувачка, нема уживање во него, според мене најчесто го купуваат оние кој имаат комплекс да седат високо, а ова е најефтино :)

Отсутен JDM4LIFE

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 333
Одг: Hyundai Tucson 1.6T vs Kia Sportage 1.6T vs Suzuki S-cross 1.4 MH Vs Karog 1.5T
« Одговори #12 на: 05 Март 2023, 14:05:39 pm »
Za razlika od 2500evra najdobro da go zemes toa sto najmbogu ti prai keif.
Uste dolgo vreme po kuuvanje ke se vrtis po taa kola i ke si vikas a da ja zemev :)
Ako si za suzuki pogledni i Vitara.
Ја возев и неа, поефтина е со истиот погон и опрема НО многу е потесна и не ме собира , плус е и постар модел многу и покрај фејслифтот, да имав можност да ја купам само за сопругата и јас ретко да ја возам а за мене да земам уште едно возило поголемо тоа ќе беше избор.
Drifted....

I'm so JDM i sleep on the right side of the bed.

Отсутен JDM4LIFE

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 333
Одг: Hyundai Tucson 1.6T vs Kia Sportage 1.6T vs Suzuki S-cross 1.4 MH Vs Karog 1.5T
« Одговори #13 на: 05 Март 2023, 14:08:06 pm »
Ако можеш да гледаш јас би гледал во насока на тоа кој е дизел и аутоматик.


Второ звучна изолација и бучава на 140кмч.

Трето динамика на возење.

Куга виде? Мислам дека треба да е најдобра во сите параметри особено во потрошња, динамика и тишина. Компромис е изгледот што е малку веќе во залез, ама сепак треба да се праша.

И ова види го, околу 32-35к може ќе се спогодите. https://forum.carclub.mk/index.php?topic=25824.0

Не ми треба дизел, километрите ми се 60 град 40 отворено.
Буџетот ми е макс до 28к и тоа ми е тешко да го соберам ама нема друга опција.
Куга фала, имам образложено во другите теми зошто не на долго и широко.
« Последно менување: 05 Март 2023, 14:22:23 pm JDM4LIFE »
Drifted....

I'm so JDM i sleep on the right side of the bed.

Отсутен JDM4LIFE

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 333
Одг: Hyundai Tucson 1.6T vs Kia Sportage 1.6T vs Suzuki S-cross 1.4 MH Vs Karog 1.5T
« Одговори #14 на: 05 Март 2023, 14:13:54 pm »
Туксонит и киата ги имам возено (туксонот постариот 2020) коа би направил споредба меѓу нив две би одел на туксонот само заради што има подобар сервис,и да знаеш ауто 1.6 т испод 10литри град не е !

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk


Точно така, да не ме фрапираше потрошњата уште на тест вожњата до сега ќе го бев купил Тусонот.
Па пробаа да ме убедуват дека не знам како рачуна бордот просек од МИ-Да што дополнително ме навреди.
Кога му отворив просек потрошња на борд на целa километража излезе дека е 11.2 литра па тоа било од новинарите што го тестирале итн итн, приказни за мали деца, толку е колку што е не мора да ме фарбаш да ме убедиш , ако можам да ја поднесам ја прифаќам и готово не ми ја вреѓај интелегенцијата барем биди професионален.
Drifted....

I'm so JDM i sleep on the right side of the bed.