Автор Тема: Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки  (Прочитано 8683 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #15 на: 16 Февруари 2023, 13:34:00 pm »
Класично квичење на плочки, поради материјалот на плочките, ниту е дефект, ниту ќе расипиш нешто ако ја возиш. Едноставно само поради фактот дека  е нова кола, треба да ти сменат други плочки, ништо страшно.
Хахаха, не е дефект, тука лежел зајакот ;D

Отсутен micika

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 21
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #16 на: 16 Февруари 2023, 13:55:34 pm »
Каптурот аутоматик беше, после 5 години ги сменив кога почнаа да шкрипат. Затоа и кажувам дека имам искуство 7 години пред оваа возев аутоматик, а претходно Киата што ја имав беше со мануелен. Не е нормално да шкрипи нова кола.

За другиве со хехенца немам коментар. Ќе им ја вратам, ќе си ги барам парите назад и ќе си купам нова кола? Логично решение за некој што сака да има нова кола?

Дали е дефект или не и што точно е па и уште не се знае, зашто никогаш не добив извештај што е работата. Буквално ги извадија тркалата, нешто сликаа, рекоа ќе ми се јават и ги нема три дена од тој момент. Така што да се каже дека не е дефект, не знам по кој основ освен можеби лично убедување. Јас пишувам дека е дефектно зашто е нова кола и шкрипи помалку од две недели откако е земена од салон и никој никогаш не ми даде официјален извештај и потврда дека нема дефект.

Пак ќе кажам, ако шкрипењето им е стандард, тогаш на промо плакатите нека си залепат едно известување и при продажба обавезно нека спомнат „КОЧНИЦИТЕ МОЖЕБИ ЌЕ ВИ ШКРИПАТ“. Па на кој не му смета, нека си ги купува.

И впрочем како што напишав, едната од причините зошто го пишувам ова тука е да си имаат информација тие што сакаат да купат Шкода, да бидат претпазливи и да се осигураат со тест возење дека возилото го нема овој проблем. Мене некој да ми кажел на време, сигурно немаше да ја купам колава и да трошам време на глупости.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #17 на: 16 Февруари 2023, 14:07:04 pm »
Пред извесно време се зафркавав со членот Никола за поимот дефект.
Според него дефект е ако колата не може да мрдне ;D

Отсутен micika

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 21
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #18 на: 16 Февруари 2023, 14:11:58 pm »
Пред извесно време се зафркавав со членот Никола за поимот дефект.
Според него дефект е ако колата не може да мрдне ;D

Тоа не е дефект, тоа е нервен слом.  ;D

Присутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6437
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #19 на: 16 Февруари 2023, 14:18:32 pm »
Барај да се променат плочките, задните со рачна во движење можиш да ги елиминираш како на видеото, ако имаш класична рачна, пошто на ножна сите стегаат истовремено.

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1353
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #20 на: 16 Февруари 2023, 14:51:47 pm »
И кај мене откако ги ставија новите феродо плочки ми чкрипи особено пред застанување на семафор со лагано притискање на кочницата, нервира да ама се надевам ќе легнат, претходниве не знам какви беа во ниедна прилика не помислија да чкрипат

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #21 на: 16 Февруари 2023, 14:54:11 pm »
Барај да се променат плочките, задните со рачна во движење можиш да ги елиминираш како на видеото, ако имаш класична рачна, пошто на ножна сите стегаат истовремено.
Ја не би идел со идеи кај сервисерите како да го отклонат проблемот. Нова кола е купена, и треба веднаш да го средат проблемот како знаат и умеат. Секако, пријава до ДПИ како што беше предложено верувам ќе ги натера да го решат проблемот.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #22 на: 16 Февруари 2023, 14:56:26 pm »
Види, односнот на Порше Скопје, а особено на овие во Шкода е катастрофален. Сум поминал низ нешто пострашно со нив, ама добро им згрмија од Чешка кога им кажав што се случи.

Нејсе

Вака сеа, според закон имаш право да бараш ново возило. Не само нови плочки :) Ако нешто ти гунџат, речи им дека викаш инспекција.

Кога ќе им се заканиш со инспекција ќе ти бидат сменети плочките во рекордно време.


Отсутен micika

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 21
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #23 на: 16 Февруари 2023, 15:00:09 pm »
Барај да се променат плочките, задните со рачна во движење можиш да ги елиминираш како на видеото, ако имаш класична рачна, пошто на ножна сите стегаат истовремено.
Ја не би идел со идеи кај сервисерите како да го отклонат проблемот. Нова кола е купена, и треба веднаш да го средат проблемот како знаат и умеат. Секако, пријава до ДПИ како што беше предложено верувам ќе ги натера да го решат проблемот.

Да, да им пратив на ДПИ пред некоја минута, па ќе видиме што ќе биде.

Ако ги сменат од Порше и не шкрипат тоа ќе биде идеално ако се плочките проблем. Па за сервис ќе ја носам на друг овластен сервис, макар и надвор од Скопје само со нив да не се занимавам. Ќе видам што ќе биде па ќе пишам. Ама исто така ќе барам и да ми дадат на писмено дека е проверено и дека тоа воопшто бил проблемот. Јас не знам ни што точно што е, зашто не ми беше ништо кажано.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #24 на: 16 Февруари 2023, 15:06:16 pm »
И кај мене откако ги ставија новите феродо плочки ми чкрипи особено пред застанување на семафор со лагано притискање на кочницата, нервира да ама се надевам ќе легнат, претходниве не знам какви беа во ниедна прилика не помислија да чкрипат
Така е. На сите коли се случува. Плочките се такви. И треба да ги сментат за да удоволат на корисник. That simple. Не се дефектни, си работат ама имаат несоодветен NVH при работа и готово.

Отсутен micika

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 21
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #25 на: 16 Февруари 2023, 15:09:12 pm »
Види, односнот на Порше Скопје, а особено на овие во Шкода е катастрофален. Сум поминал низ нешто пострашно со нив, ама добро им згрмија од Чешка кога им кажав што се случи.

Нејсе

Вака сеа, според закон имаш право да бараш ново возило. Не само нови плочки :) Ако нешто ти гунџат, речи им дека викаш инспекција.

Кога ќе им се заканиш со инспекција ќе ти бидат сменети плочките во рекордно време.

А за ново возило знам, ама зезнато е што моево има многу дополнителна опрема и не знам сега они баш како да најдат замена освен да порачаат исто такво. Ептен мерачки беше правено сончев покрив, греење на седишта, не знам па се што ми фати око.

А со кој комуницираше? Јас им пишав на тој официјалниот мејл што го најдов на Шкода Ауто и прво ми одговори некоја личност као жал ни е извинете, дајте појше инфо. Им кажав, па рекоа дека го ескалираат случајот. Па трета некоја пак ми се извинуваше и рече ќе бидат контактирани Порше Македонија ама сепак демек од нив зависело што ќе биде. И нормално и тоа само ме изнервира.

А ова беше вчера сабајле, Порше ги нема од понеделник ни да се јават ни да пратат мејл, ништо.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #26 на: 16 Февруари 2023, 15:20:15 pm »
И кај мене откако ги ставија новите феродо плочки ми чкрипи особено пред застанување на семафор со лагано притискање на кочницата, нервира да ама се надевам ќе легнат, претходниве не знам какви беа во ниедна прилика не помислија да чкрипат
Така е. На сите коли се случува. Плочките се такви. И треба да ги сментат за да удоволат на корисник. That simple. Не се дефектни, си работат ама имаат несоодветен NVH при работа и готово.
Не е точно дека на сите коли се случува.

Само еднаш ми се случи на Југото и веднаш го видоа патот во канта, како можеше со наредните се да биде ок?
Ќе чекам да налегнеле и за тоа време памук у ушите :) како да не.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #27 на: 16 Февруари 2023, 15:24:43 pm »
Види, односнот на Порше Скопје, а особено на овие во Шкода е катастрофален. Сум поминал низ нешто пострашно со нив, ама добро им згрмија од Чешка кога им кажав што се случи.

Нејсе

Вака сеа, според закон имаш право да бараш ново возило. Не само нови плочки :) Ако нешто ти гунџат, речи им дека викаш инспекција.

Кога ќе им се заканиш со инспекција ќе ти бидат сменети плочките во рекордно време.

А за ново возило знам, ама зезнато е што моево има многу дополнителна опрема и не знам сега они баш како да најдат замена освен да порачаат исто такво. Ептен мерачки беше правено сончев покрив, греење на седишта, не знам па се што ми фати око.

А со кој комуницираше? Јас им пишав на тој официјалниот мејл што го најдов на Шкода Ауто и прво ми одговори некоја личност као жал ни е извинете, дајте појше инфо. Им кажав, па рекоа дека го ескалираат случајот. Па трета некоја пак ми се извинуваше и рече ќе бидат контактирани Порше Македонија ама сепак демек од нив зависело што ќе биде. И нормално и тоа само ме изнервира.

А ова беше вчера сабајле, Порше ги нема од понеделник ни да се јават ни да пратат мејл, ништо.
Кога увидоа во Кореа дека не можат да детектираат каде е проблемот, а пошто i10 немаа повеќе (се чекаше нова генерација), ми понудија i30 (не прифатив).

Ако сакаат можат на секаков начин да го решат проблемот :)

Отсутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 279
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #28 на: 16 Февруари 2023, 15:27:06 pm »

Ако ти е скршен филмот, врати ја колата. Ќе ја продадат утредента и тоа за повеќе пари од што си им дала.

Тука е проблемот, ама ќе им влезат кинезиве ќе ги исечат сите. Вака ќе си свиркаат и Порше и Шкода ЕУ дур е ситуацијата.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #29 на: 16 Февруари 2023, 15:29:27 pm »
И кај мене откако ги ставија новите феродо плочки ми чкрипи особено пред застанување на семафор со лагано притискање на кочницата, нервира да ама се надевам ќе легнат, претходниве не знам какви беа во ниедна прилика не помислија да чкрипат
Така е. На сите коли се случува. Плочките се такви. И треба да ги сментат за да удоволат на корисник. That simple. Не се дефектни, си работат ама имаат несоодветен NVH при работа и готово.
Не е точно дека на сите коли се случува.

Само еднаш ми се случи на Југото и веднаш го видоа патот во канта, како можеше со наредните се да биде ок?
Ќе чекам да налегнеле и за тоа време памук у ушите :) како да не.
Ако читаш кажано е повеќе од 5 пати дека треба да се сменат плочките со друг тип, а не памук во уши.