Автор Тема: CARclub Возење: Opel Astra GSe & Grandland GSe  (Прочитано 2322 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
CARclub Возење: Opel Astra GSe & Grandland GSe
« на: 14 Февруари 2023, 19:42:45 pm »
Ја имав таа чест да учествувам на промоцијата на новите плаг-ин хибридни модели на Opel. Значката GSE се враќа, но во нов контекст - Grand Sport Einspritzung станува Grand Sport Electric.







-----

https://www.carclub.mk/2023/02/14/vozevme-opel-ja-voskresnuva-znackata-gse-a-nie-vo-spanija-gi-vozevme-novite-astra-gse-i-grandland-gse/

Отсутен Tesla

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • Eбач на батерии :D
Одг: CARclub Возење: Opel Astra GSe & Grandland GSe
« Одговори #1 на: 14 Февруари 2023, 20:07:18 pm »
Добра репортажа, добри слики и добри "карго" панталони.
Од каде ти се панталоните купени? :D
Д'г ж'т в'к п'н б'и - Долг жолт волк полн болви.

Zenu dupe krasi a tortu orasi.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7075
Одг: CARclub Возење: Opel Astra GSe & Grandland GSe
« Одговори #2 на: 14 Февруари 2023, 20:25:50 pm »
Ја имав таа чест да учествувам на промоцијата на новите плаг-ин хибридни модели на Opel. Значката GSE се враќа, но во нов контекст - Grand Sport Einspritzung станува Grand Sport Electric.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

-----

https://www.carclub.mk/2023/02/14/vozevme-opel-ja-voskresnuva-znackata-gse-a-nie-vo-spanija-gi-vozevme-novite-astra-gse-i-grandland-gse/
Последново постои и може да се купи?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Возење: Opel Astra GSe & Grandland GSe
« Одговори #3 на: 15 Февруари 2023, 00:01:17 am »
Добра репортажа, добри слики и добри "карго" панталони.
Од каде ти се панталоните купени? :D

Благодарам! :)

Панталоните се од New Yorker. :)

Последново постои и може да се купи?

Постои, не може да се купи. Ја земале оргиналната Manta, го извадиле моторот и на негово место ставиле електромотор. Батериите се во багажник, инженерот од Opel што беше со мене во кола додека возев рече „helps with traction“. Тежината е мање-више иста (не ми кажаа конкретни бројки) ама важно се потрудиле и успеале да го задржат преносот на задните тркала и мануелниот менувач. Има педала за куплунг, ама нема класичен куплунг него спојката е гумена, колку што го разбрав човекот. Во секој случај, многу е чудно да се вози електрично возило со мануелен мењач. :)

Супер репортажа од Шпанија.

Морам да признаам дека ми се допаѓа новата Астра визуелно од надвор, во живо изгледа доста широко и ниско, некако моќно и набилдано делува. Може да речам дека поубаво изгледа и од Пежото што дели платформа иако воопшто не сакам Опел.
Внатре сосема друга приказна. Многу евтино ми делува.
Грандландот не ми е релевантен да го искоментирам во споредба што нуди конкуренцијата.

Благодарам!

Новата Astra е многу, многу добра. Дизајнот им е погоден и мислам дека и за 10-15 години од сега ќе изгледа добро. Нешто како што го погодија дизајнот на Astra H GTC. Внатре е исто многу добра, иако не сум фан баш на сјајните црни пластики. Ама тоа се трендовите.

Грандландот е интересен. Се гледа од далеку дека е продукт развиен под GM (иако дели платформа и многу компоненти со тековна генерација 3008) и му се познаваат годините. Ама многу добро вози.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: CARclub Возење: Opel Astra GSe & Grandland GSe
« Одговори #4 на: 15 Февруари 2023, 01:44:25 am »
Новите Опели се многу коцкести и според мене грди, многу незнам личат како на времето Лада Рива и слични, со такви никакви линии. Барем според мене, среќавам по некој нов Опел многу често и ми се бљак.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43720
  • Il Moderatore
Одг: CARclub Возење: Opel Astra GSe & Grandland GSe
« Одговори #5 на: 15 Февруари 2023, 08:11:57 am »
Црнана фолија врз хауба на грандлендон - свака част!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Возење: Opel Astra GSe & Grandland GSe
« Одговори #6 на: 15 Февруари 2023, 08:17:40 am »
Супер количиња на супер место.

Штета за знакчето GSe кое на ништо не личи. А е битна работа.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: CARclub Возење: Opel Astra GSe & Grandland GSe
« Одговори #7 на: 15 Февруари 2023, 08:33:44 am »
Супер репортажа од Шпанија.

Морам да признаам дека ми се допаѓа новата Астра визуелно од надвор, во живо изгледа доста широко и ниско, некако моќно и набилдано делува. Може да речам дека поубаво изгледа и од Пежото што дели платформа иако воопшто не сакам Опел.
Внатре сосема друга приказна. Многу евтино ми делува.
Грандландот не ми е релевантен да го искоментирам во споредба што нуди конкуренцијата.


Некако истово го забележав кога опел е под капата на ПСА. Надворешно астрата стана многу привлечно ауто но за жал внатре очигледно има намалување на квалитет, изгледа евтино со тоа црните пластики кај треба и не треба. Некако со целава трансофрмација опел малце се изгуби и не знае каде му е сега местото, особено со новава астра.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Возење: Opel Astra GSe & Grandland GSe
« Одговори #8 на: 15 Февруари 2023, 09:45:55 am »
Полека малку, не мешајте квалитет или неквалитет со тоа дали нешто ви се допаѓа. Може нешто да не ви се допаѓа, или да ви изгледа евтино, ама тоа не значи дека е неквалитетно.

Иако ни мене не ми се допаѓаат пијано блек пластиките, ентериерот си е квалитетен и добро заштрафен. Не крцка, не мрда. Единствената директна забелешка што ја имам е на панелите на вратите - таа пластика е прецврста и не е покриена со нешто гумирано или некаков материјал.

PSA одреден период му го бараше местото на Opel во хиерархијата, ама си го позиционираа како што треба. Сега во рамките на Stellantis имаат уште повеќе ресурси и технологии за користење. Opel си тера одлично.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: CARclub Возење: Opel Astra GSe & Grandland GSe
« Одговори #9 на: 15 Февруари 2023, 17:12:19 pm »
Бројките за продажба самите зборуваат сами за себе. Во моментов ПСА можеби Опел го позиционирале како што треба ама денеска изгледа дека нешто не штима. Можеби е презаситен пазарот и тешко е Опел со тоа што го нуди во моментов да придобие нови клиенти.

Веќе на неколку тестови Астрата ја позиционираат како со послаб квалитет и поевтини материјали внатре во споредба со 308. Нешто како голф и октавија, и тоа можеби е во ред но цената на астра и 308 е малтене идентична, а 308цата изгледа и внатре и надвор веројатно како нешто најдобро во моментов во компакт класата.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Возење: Opel Astra GSe & Grandland GSe
« Одговори #10 на: 15 Февруари 2023, 17:31:49 pm »
Мала палета на чисто бензински и чисто дизелски погонски единици.
1.2 тб наспроти 1.5 хди
Тие се клучните работи и пежо и опел и цитроен се сконцентрирани на тие два мотори. Што не е лошо, за да се поедностави продуктот и да се симне цената на производство што пониско. Се надевам дека за година дена малку да спадне ентузијазмот и пак ќе имаме супер понуди на Астра. Највеќе штета е што ја укинаа астра класик седанот која беше совршена кола за 12990 со 1.4т 140кс.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Возење: Opel Astra GSe & Grandland GSe
« Одговори #11 на: 15 Февруари 2023, 19:06:49 pm »
Бројките за продажба самите зборуваат сами за себе. Во моментов ПСА можеби Опел го позиционирале како што треба ама денеска изгледа дека нешто не штима. Можеби е презаситен пазарот и тешко е Опел со тоа што го нуди во моментов да придобие нови клиенти.

Веќе на неколку тестови Астрата ја позиционираат како со послаб квалитет и поевтини материјали внатре во споредба со 308. Нешто како голф и октавија, и тоа можеби е во ред но цената на астра и 308 е малтене идентична, а 308цата изгледа и внатре и надвор веројатно како нешто најдобро во моментов во компакт класата.

Бројките за продажба не се најважниот фактор. Како што спомнав некаде, ни Бугати не го гледаме многу по улици, изгледа нешто не се погодија? Џабе бројки ако компанијата со децении е во загуба. Во ерата на GM, Opel буткаше американска стратегија за продавање - бутај, нека има бројки, макар и без никаква долгорочна одржливост. Форсираа милион дилери на мали пазари што само си симнуваа цени едни на други и работеа со неодржливи маржи, си ги обезвреднуваа тековните модели со „Класик“ изведби кои беа објективно понеквалитетни и поевтино направени. Замисли продаваш нова Астра за 18.000 евра и одма до неа имаш Астра Класик за 12.000 Евра. Ќе купиш нова? Ај што нема, него директно и во истиот салон си ги обезвреднуваа новите модели. Да не праиме муабет дека имаа еден куп скроз промашени, непрофитабилни и скапи (и скапи за развој) возила. Се сеќава некој на Opel Cascada? Така и мислев.

Луѓе купуваа Opel пошто беше поевтин од VW.

Сега стратегијата на брендот е поинаква. Ја оптимизираа понудата и исфрлија непрофитабилни и неважни модели. Ја поедноставија понудата на мотори (иако ни мене не ми се допаѓа ова, но што е тука е), ги направија возилата опипливо поквалитетни. Сигурен сум дека хејтате, без воопшто да сте седнале во Астра. Ама океј. Нека има помалку продадени возила, ама да имаат подобра профитна маргина, да имаат возила што луѓето ги сакаат. И тоа си функционира.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Возење: Opel Astra GSe & Grandland GSe
« Одговори #12 на: 15 Февруари 2023, 20:57:29 pm »
И пред Стелантис, претходната генерација на 308 се нудеше само со овие два мотори во нехибридна варијанта.
Со оглед на тоа што се спремаат за забрана на продавање на нови возила со МВС после 2030 - и некоја година, никој повеќе нема да инверстира во палета на МВС. Сите ќе одберат еден дизел и еден бензинец и него ќе го доработуваат да турка додека мора да го исфрлат од производство, така да ништо чудно и неочекувано. Башка во хибридна варијанта апсолутно порационално е да се стави посилен електромотор отколку посилен MВС.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Возење: Opel Astra GSe & Grandland GSe
« Одговори #13 на: 15 Февруари 2023, 22:05:22 pm »
Види сега. Хибридот е во просек 15000 евра поскап за конкретниов модел.
Не иде никако математиката.
Држи вода тоа што го збориш, но сепак е премала палетата на мотори.
Плус тешко кој купува хибрид во овој сегмент а да кошта 50к евра.
Уште помалце Пежо.
Тоа е друга работа, цената и останато. Има врска со цената на технологијата, со цената на материјалот, со волуменот и соодносот на продажбата на хибридни и фосилни.
Ама битно деновите кога опел имаше 1.0, 1.1, 1.2, 1.3, 1.4, 1.6, 1.7, 1.8, 1.9, 2.0, 2.2, 2.3, 2.4, 2.8, 3.0, 3.2, 3.6 мотори веќе го нема и никогаш нема да се вратат. Наместо тоа ќе имаме нешто како 20 производители на електромотори и батерии во светски рамки и тоа ќе биде тоа и тоа ќе ги турне цените пониско. Башка Solid state батериите кога ќе излезат и токамаците на деутериум, освен ако не се преебе планетава, ќе возиме ефтино, поорганизирано и побезбедно.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: CARclub Возење: Opel Astra GSe & Grandland GSe
« Одговори #14 на: 16 Февруари 2023, 10:12:34 am »
Добро мислам се позиционираа Опел откаако се дел од PSA. Баш онака како што треба.

Дизајнот им е предобар.