Нормално дека вкупната продажба е намалена кога еден куп модели исфрлија и/ли пензионираа и се концентрираа на core моделите.
Нејсе, јас не реков дека ентериерот на Astra е подобар од ентериерот на 308. Всушност, многу се слични. Ама и во хиерархијата на Stellantis (PSA веќе не постои) Opel и Peugeot не се исто позиционирани. Таргетираат различни купувачи со различни потреби и различни барања од колите. И тоа е океј.
Stellantis (односно уште PSA) си најдоа позиција за Opel и одлично го средија. Колку за потсетување, Opel под GM немаше направено профит 20 (!!) години и GM со години пробуваше да го продаде. PSA го купи и за 18 месеци успеа да го врати во профитабилност. Како? Исфрлање непотребни модели, economy of scale, намалување на трошоци, итн. Ги знам работиве пошто сум ги зборел и со луѓе од PSA (пред да се трансформираат во Stellantis) и со луѓе од Opel (сега во рамките на Stellantis).
Тоа штo „Opel не постои веќе“ - постои, секако дека постои, и самиот си кажуваш. Делење платформи и мотори не е лоша работа. Напротив.
Али како и да е, ти мислиш дека Stellantis не знае што ќе прави со Opel, јас мислам дека веќе си тераат сосем добро. Имаат за исфрлање/замена уште еден-два legacy модели кои се останати од времето на GM и тоа ќе се случи годинава, евентуално следната, и тоа е тоа.