Проблемот лежи во тоа што не е доволно скалест данокот и давачките за возила. Тоа одамна е установено. Возила до 12000еур треба да се скоро без давачки никакви. А како оди нагоре да се зголемува тоа се до коли од 50к каде ќе има огромни давачки. Тоа е нормална работа, пред се за да се овозможи тие возила кои се соодветни за 90% од луѓето да се достапни и да не се возат кршеви и скапаници туку ефтини мали возила како што е во сите понормално градови.
Вакви арбитрарни граници не се баш реални. Колку вредеа 50.000 евра пред 18 месеци, колку вредат сега?
Со оглед на тоа колку ни е стар возниот парк (во Македонија има околу 500.000 возила, со просечна старост од скоро 20 години), треба комбинација од краткорочна и долгорочна стратегија за замена на овие возила со понови, побезбедни и почисти.
1.
Интензивно застанување на возила и исклучување од сообраќај на нерегистрирани/неосигурани. Нерегистрирано и неосигурано? Конфискување додека не платиш. Немаш пари да платиш? Немаш пари за кола.
2. Среднорочно, да речеме во период од 5 години - целосно елиминирање на давачки за сите
нови возила. Возила кои претходно не биле регистрирани и имаат поминато до максимум 20 километри. Ете, нека има 5% ддв, да не е без ич. Да биде поевтино да купиш ново него увезен крш од Германија. Секако, ова да биде проследено со инспекциски служби кои ќе им дозволат на импортерите да ги имаат истите профитни маргини, но ќе ги проверуваат редовно да видат дали се задржуваат на нив или пробуваат да заработат повеќе на сметка на намалените давачки. Понатаму, да се направи некаква реална пресметка како да се оданочуваат возилата, да биде рационално. По цена не е баш, затоа што инфлација-минфлација, итн. Ете, Србите решија - го укинаа моментот на „акциза“, туку имаат само ДДВ.
3. Прогресивно зголемување на давачките за регистрација/технички преглед како што возилото станува постаро, поистрошено и повеќе загадува. Да делува како стимул да се купи ново возило.
Сегашната (и во прошливе колку-сакате години) стратегија со ОГРОМНИ давачки за нови возила е погубна. Само се стимулира увезување коли со сомнителна историја, има огромен одлив на пари (би имало и со купување нови, али барем ќе оди преку фирми што вработуваат и плаќаат стотици, ако не и илјадници вработени) и продолжуваме да тонеме во крш кршосан од отпад изваден.
Како и за сè друго, ни фали долгорочна стратегија за било што.