Автор Тема: Мислење за новата BMW 318i м пакет 2023 G20/G21  (Прочитано 27153 пати)

Отсутен vlavot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 352
Мислење за новата BMW 318i м пакет 2023 G20/G21
« на: 13 Ноември 2022, 02:46:49 am »
Дечки, да ве прашам вас, шо мислите за новото bmw 3 серија фејслифт 318i 2.0 турбо мотор 156 коња 250nm, комолетно опремена со м пакет со матркис светла, шедоу лајн итн итн, или пак новата а4 ка шо е иста со таа шо ја јас имав 2016 b9 само однадвор малце посменета.

Она што ме интересирa дали може 318i пошо е истиот мотор со 320i скроз и турбина мислам иста да се мапира на 220-240 коња, и каде.

M kar мк имаат некоја промоција сеа, па се мислам.
Околу 53-54 и двете возила испаѓаат.

Илииии за таа сума тесла модел 3 и да заборавам бензин и трошкови


Вака би изгледало





Вака би изгледало само со црна нормална грилл шедоу лајн, без дајмонд грилл.
Sent from my iPhone using Tapatalk
“Speed has never killed anyone. Suddenly becoming stationary, that's what gets you.”

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Мислење за новата BMW 318i м пакет 2023 G20/G21
« Одговори #1 на: 13 Ноември 2022, 08:25:19 am »
Само појасни кои дестинации ги возиш или би ги возел што се подолги од 200км, бидејќи без тоа е тешко да се каже.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Мислење за новата BMW 318i м пакет 2023 G20/G21
« Одговори #2 на: 13 Ноември 2022, 08:29:47 am »
Што е ружно бенвето од напред... Како од али експрес купено.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 551
Одг: Мислење за новата BMW 318i м пакет 2023 G20/G21
« Одговори #3 на: 13 Ноември 2022, 09:23:09 am »
Илииии за таа сума тесла модел 3 и да заборавам бензин и трошкови

И да заборавиш возење 😀
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен vlavot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 352
Одг: Мислење за новата BMW 318i м пакет 2023 G20/G21
« Одговори #4 на: 13 Ноември 2022, 11:02:45 am »
Само појасни кои дестинации ги возиш или би ги возел што се подолги од 200км, бидејќи без тоа е тешко да се каже.
Пример низ Штип, и до Скопје, и вака неколку пари ако излезам од држават до Грција Бугарија, Србија...

А највеќе ми е пошо иам паркинг со внатрешна гаража, живеам во куќа можам и фаст чарџер да ставам.
И после шо сака нека се дешава со горивото.

Ама па кој ќе ја сервисира теслата каде да ја носам ич нз.

Пример ова
http://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=4467727


Sent from my iPhone using Tapatalk
“Speed has never killed anyone. Suddenly becoming stationary, that's what gets you.”

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Мислење за новата BMW 318i м пакет 2023 G20/G21
« Одговори #5 на: 13 Ноември 2022, 11:16:47 am »
Многу тешка одлука, да не давам мои примери и слични работи. Не знам дали имаш деца или не, и тоа е битен фактор со „полнењето“. Значи електрична кола тоа одење подалеку заборави го. Ако е за локал е супер. Е сеа твојава опција е нехумано скапа како за локал, ама тоа е. Од друга страна пак БМВто е скроз обратно, баш примарно за долги дестинации. БМВто се ремапира на соодветно ниво, тоа не е проблем, битното кај бмвто е да е аутоматик.

Значи дилемата е дали ќе се користи за подолг пат. Toa не може да ти го одговори никој друг освен самиот.

Како што кажа имаш ДОМА полнач, и тоа е океј. Ама полнач немаш баш никаде на друго место. Да, полначи постојат, ама дека ќе е слободен е ниско веројатно. И дека нема да има паркирано некој што не полни е исто малку веројатно. Типот на полнач каков бил и слично е дискутабилно за да тргнеш некаде подалеку е исто проблем. Ако имаш деца и треба да се стигне под хитно некаде подалеку нервите да чекаат 1-2-3часа на полнач е еднаква на нула. Маста ќе ти ја извади/извадат, маста. Цела маст надвор ќе биде.

Е сега кога тоа го расчистиве има уште еден фактор, а тоа е сервисот. Ќе прашаш во ОМО дали може да сервисираат Тесла, и дали планираат да се официјални за тесла во блиско време. Колку за тековно да се истера, а за покомплексни работи се знае во Виена треба да се оди или да се нарачува.

Сепак за 60+ евра има поприлично избор. Можеби ова е пологично за електрично, со оглед на тоа што ќе се користи само локално на пример. https://omo.mk/listings/fiat-500e-france-edition-42kwh/

А5 3.0тди дсг кватро е ред величини над се ова исто така.

Отсутен vlavot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 352
Одг: Мислење за новата BMW 318i м пакет 2023 G20/G21
« Одговори #6 на: 13 Ноември 2022, 11:47:24 am »
Се имаш пишано точно како што е, моментално немам деца ама можда за година дена и нешо ќе иам, знам ние Штип иаме 1 полнач, и мислам имаме 2 тесли, едниот Живее во стан и практично цело време му е возилото на полначот. Као шо читав 500км со едно полнење, еве реално 400, се и доволно, и да до солун, некаде ќе треба да подзастанеш да наполниш пола час, сигурно има полначи. Ама па ако сакаш да идеш на остров некој на одмор, Итака, со теслата си се заебал :D
Инаку да bmw е 8 спеед аутоматик, zf мислам беше. И мене лично од Б сегментот моментално 2023 ми е најубаво на пазарот.
Се мислев за а5, ама имав а4 што е истата, и веќе A5 ките ми делуваат застарено, и аутдејтед.
Што ако глеаме изглед, теслава ми е нај нај најгрдото возило и ич ич ич не го сакам Маск.
Ама 0-100 3.1s, за 100 км со нашиве цени на струја дома ако си ја полниш ќе потрошиш 100 денари, а надвор ти е 0 денари. Единствено сервисот, ако треба до Виена... си е*а мајката :D
“Speed has never killed anyone. Suddenly becoming stationary, that's what gets you.”

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13919
Одг: Мислење за новата BMW 318i м пакет 2023 G20/G21
« Одговори #7 на: 13 Ноември 2022, 12:05:37 pm »
Немаш сервис за Тесла кај нас. Најблиску е Атина.
Од тоа што читам, глеј да купиш германска Тесла, не америчка. Голема разлика во fit and finish.

Си разгледал опција Лексус?

Отсутен vlavot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 352
Одг: Мислење за новата BMW 318i м пакет 2023 G20/G21
« Одговори #8 на: 13 Ноември 2022, 12:15:08 pm »
Немаш сервис за Тесла кај нас. Најблиску е Атина.
Од тоа што читам, глеј да купиш германска Тесла, не америчка. Голема разлика во fit and finish.

Си разгледал опција Лексус?
Па не, а кој лексус конкретно, со стереотипи сум кон Јапноците ама ај, и секако глеам возило со нешо пола ќеш пола лизинг, де ако давате предлози да се има во предвид, не можам да идам да купам пример од Ѓерманија ќеш 60.000,
BMW глеав г20 пред фејслифтот, ама треба 36.000 ќеш и уше 15.000 еур давачки оти живееме Македонија, па се исплаќа понудава на М кар. Пола ќеш пола лизинг, може глеам и Теслата така од Олимпиа.

И да мнооогу се мислам пак за А4 2.0 tdi 190bhp фулл со матрикс светла виртуелен, итн итн с лајн
Со 20.000 км нешто под 40.000 ќе испадне.

Можда е и најсигурен избор









Sent from my iPhone using Tapatalk
“Speed has never killed anyone. Suddenly becoming stationary, that's what gets you.”

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Мислење за новата BMW 318i м пакет 2023 G20/G21
« Одговори #9 на: 13 Ноември 2022, 12:21:14 pm »
Види си нешто хибридно можда, како решение измеѓу.
https://www.carclub.mk/2022/09/13/test-citroen-c5-x-hybrid-225-ss-e-eat8-shine-samouvereno-poinakov/

Или на пример нешто 308 хибрид исто е перформанс ориентед.

Ене имаше Џулија на оглас што трпи убав ремап беше постирана.

Ова исто многу јако тегне, можда имаат некое тест возило. https://www.carclub.mk/2021/12/02/test-peugeot-3008-hybrid4-gt-vrvni-performansi-od-hibridniot-vrv-na-3008/

Ама не за џабе ти реков прашај ги ОМО за сервис, обично се доста спремни за разни коли. Може да се тргне ставката сервис ако се спремни.

П.С. пошто е за БМВ темава, нема ли нешто 340i аутоматиче наместо 318 кога веќе се даваат баснословни суми за 318?

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14287
  • Пудингот на шоферството
Одг: Мислење за новата BMW 318i м пакет 2023 G20/G21
« Одговори #10 на: 13 Ноември 2022, 12:26:54 pm »
Покрај Бмв и Ауди мислам луфо е да му нудиш Пежо...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13919
Одг: Мислење за новата BMW 318i м пакет 2023 G20/G21
« Одговори #11 на: 13 Ноември 2022, 12:31:03 pm »
Па не, а кој лексус конкретно, со стереотипи сум кон Јапноците ама ај, и секако глеам возило со нешо пола ќеш пола лизинг, де ако давате предлози да се има во предвид, не можам да идам да купам пример од Ѓерманија ќеш 60.000,


Lexus единствено во Toyota Скопје да прашаш што можат да ти понудат.

Ако сакаш седан - Lexus ES300H го гледав во Бугарија со фул опрема, ганц нов - за 50-60К. Со сите салтанати што ти требаат. Кожа, 18инчни бандаши, електроники, чуда врагови.


Башка ES ти е класа на BMW 5, Mercedes E.

Отсутен vlavot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 352
Одг: Мислење за новата BMW 318i м пакет 2023 G20/G21
« Одговори #12 на: 13 Ноември 2022, 12:49:11 pm »
Не бре какво пежо 508 имав еднаш франсуцско никад више. Не ги можам ни одвнатре ни однадвор лексусиве, и грото сите јапонци многу ми се ...
А и да дадеш толкава сума и да не е Германец ми е некако нз. И светлата шо ги имаат и жмигавците, и внатре дизајнот, и еве го гледам на Autogefühl над 130-140km на час огромна бучава и мотор и воздух, и едвај збори човекот. Знам секое јапонско возило шо го иам возено или сум се возел, изолација 0, огромна бучава https://www.youtube.com/watch?v=R9PbbeuZK3s
Да мислам дека е класа на е серија и 5 серија, ама далеку е од нив па и од а4, и 3 јката.

Секако дека има 340i ама од 54.000 еур сумата ќе рипне на 65.000 + така нешо

Глеам дека 318i се тјунира од 156коња на 250коња без проблем, читав по нет,
https://www.powerking-chiptuning.it/ricercaalt/ricerca-auto.php??marca=BMW&modello=Serie%203%20G2x%20(2019-)&motore=641
https://www.youtube.com/watch?v=wJT34bfL5sA&t=429s

Истиот мотор со 320i и 330i, Само што ги нема педалите на воланот на 318i. Шо не ми требаат пошо последниот пат 1 ги неам употребено.
“Speed has never killed anyone. Suddenly becoming stationary, that's what gets you.”

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Мислење за новата BMW 318i м пакет 2023 G20/G21
« Одговори #13 на: 13 Ноември 2022, 13:03:52 pm »
Земај BMWто и напрај си го меракот.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Мислење за новата BMW 318i м пакет 2023 G20/G21
« Одговори #14 на: 13 Ноември 2022, 13:18:24 pm »
И одлепи 318i после ремапот, да се исплакнат очи со 330i.