Аудито кога било ново чинело во МКД колку 3 леони, точно (каталошки). Јас кога го купив чинеше колку 1.5 Леони. Што се однесува што е подобро, различни коли се, со различна намена. Аудито како кола е подобро, но на пример основен сервис му е 25.000 во Порше, на Леонов ете е 12.000. Одржувањето е далеку далеку поскапо кај него него ли кај Леонов.
А и секако, нова кола си е друго заради тоа што знаеш како е возена, сервисирана и се останато околу неа. На кола што е купена настаро (па макар и 4 дена настаро) не си сигурен во ништо, па било да е купена од Официјален салон, сервис или што год. А и реално Леонот има мирис на ново возило сеуште, Аудито нема
Како и да е јас задоволен сум со двете, добро си ја служат намената за која што се купени.
@MartinAlfista Фолиите ги местев кај локален дечко во Велес. Пред некое време ставав и на А5 напред зошто не се трпеше веќе, па уз муабет со него го прашав има ли нешто што би можел да ставам и на Леонов и да останам скроз во дозволените граници од 30% и ми го понуди ова. Фолијата е речиси прозирна(има некоја мнооооооогу мала нијанса темна) и има некоја си УВ Заштита(наводно), ја ставале доста и на предни шофершајбни а и по сторињата кај него стварно гледам ја ставаат.
Дали врши работа искрено незнам, во Неделата ја земав колата од него и ја ставив у гаража, денеска еве ја возам низград ама неможам убаво да оценам зошто се мали релациите.
Edit:
@bear Ако прашаш во Полиција сигурно треба атест, ама јас не планирам да правам заради тоа што ќе испаднат некој компликации сигурно, па ќе треба да се објаснувам таму.... Нема никаква разлика во провидноста на стаклото. Така да верувам дека и да отидам на технички нема да сум нелегален.