Топ е, со здравје да се вози, изгледа далеку подобро од Голф 8 и Октавија.
Според ценовникот 2.0 ТСИ ДСГ е околу 1000 евра поскапо од овај мотор. Размислуваше за тој мотор?
Не не, воопшто. Порадо би земал 2.0 ТСИ 190кс кога би доплаќал. Нема да се вози ова возило толку многу на отворено па не гледав потреба од дизел.
Како?
Ги измеша Саше брзините.
Да да, се збунив малце, се извинувам
Кога веќе почнав на тема дизел вс бензин според мене 2.0 ТСИ е подобар избор наспроти 2.0 ТДИ во Сеат Леон. А 1.5 ТСИ е најдобар компромис на потрошувачка и перформансите за моите потреби од ова возило па затоа и го избрав тој. Кој уште верува во дизелот за 10/12000км годишно нека го бира слободно
Дилемата беше панорама или 2.0 тси и избравме панорама зошто секој ден ќе се користат благодетите од неа, за разлика од тие на 2.0 ТСИ иако моторот е супер. Секако и фактот дека има дома едно возило што е брзо а наскоро ќе стане уште побрзо па немаше потреба од претерување. Да ја немав А5-ката сигурно ќе одев на 2.0 ТСИ. Иако 8.4 до 100 и 221км/ч крајна е и повеќе од доволно за нормален хеч (
https://www.auto-data.net/en/seat-leon-iv-1.5-etsi-150hp-mhev-dsg-39369 ).
Чисто информативно, со сета опрема што ја ставив уште само 50/100 евра го делеа возилово од друга акцизна категорија. Така да со 2.0 ТСИ целата сума се качува додатно на сумата на моторот(значи ако моторот е 1200 евра, ќе се качи цената возилото 2000 евра сигурно).
Фала на сите уште еднаш за убавите желби, кај сите да се враќа со се што посакувате на тема возило.
Честито ново возило!
Со опрема со све, како што треба. Ептен убав.
Само ја би црвен не се дискутира за тоа знам
Искрено се слагам дека црвената му стои преубаво и ми беше прв избор и мене, НО минатиот Леон беше црвен па малце да се промени. Да не беше панорамата ќе одберев потемна боја но сакав да се познава контрастот па гледав светла, кога стаса и ја видов во живо задоволен сум и со оваа.