По малку шетање по огласиве наши и гледање на коли ,, стакло" и ,,без грепка" (уствари канти невидени у живо) се одлучив за 1.6 спортот со црвен волан
Ме нервира што има гасен уред вградено ама не е многу возен на гас (околу 25000 км). Во плимонт е местен пред една година ланди ренѕо. Му сменив една долна јабучица и двата буфери на амортизери напред ( амортизерите се нови ставени пред 3 месеци и не ги смениле буферите, имаше луфт од 6см!).
Импресии од колата , ептен позитивни. Одличен одзив на гас и прекрасен звук над 4000 рпм. Просто те тера да ја цедиш
. Со гумите сегашни 195/50Р16 убаво се однесува во кривини, мада ме фајќа мерак за 205/45Р17 со некои убави фелни.
Колата има 180 000 км, ( проверив на карвертикал , симс леџит) се надевам ќе поминам уште толку
Потрошувачка на борд ми дава 8.2 литри што е сосема прифатливо.
Останува да се надевам дека жена ми ќе ми ја дава да ја провозувам
Фала на сите за препораките
Sent from my iPhone using Tapatalk