Следниов коментар да се прифати со резерва
затоа што самиот уште немам мерено потрошувачка воопшто, се заакав со "почетни поправки", еве едно месец време траат...
Во зборовите на претходниот сопственик:
1) Погонот работи на сите 4 во секој момент, нема редуктор или како веќе се вика тоа за деактивација на задни тркала кога нема потреба од нив
2) Спрема него, трошело 11/100 градска
3) Наводно, заради оваа причина, земал ги извадил задните полу-осовини и го онеспособил погонот позади.
4) Така наместено, само со преден погон трошело 7/100 градска
Проблемот е:
Не знам дали да му верувам од проста причина што ме заеба со тоа полу-осовините, ги ставив во погон и левиот зглоб крца како 70-годишен 'рбет кога вртиш на десно...
Викаше дека сè било во ред со нив и дека ги вадел строго заради потрошувачката.
@sostius Тоа е само почеток на проблемот.
Swift има многу варијанти на зглоб, по број на заби:
21, 22, 23, 25, 27, 28, 29.
За преден погон ќе најдеш на секој ќош.
Овој за задниот, со 23 заба, треба од континентов да излезеш за да го најдеш.
Така да, ако одлучиш за 4х4, земи упропасти го на тест вожња и гледај ич ништо да не крцне позади.
Напред ако сака нека се распаѓа, ќе ги смениш за 100-тина евра, за позади... околу 1000 евра во Миркат
На крајот, ако не ти значи нешто тој погон, ич да не му ја мислиш и земи си истиот 1.3 само на преден и терај.
Ако автомобилот не покажува други маани, ама ич да не размислуваш.
Ова јас што го купив е "коска" целото, ама тој зглоб на задна матерот ми го еба уздуж и попреко...