Автор Тема: Притисок на гуми (во зависност од бројот на патници)  (Прочитано 4947 пати)

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Mercedesov pozadi na tablicka dava 2.0 napred i 2.2 pozadi sto mi e malce cudno za tolkavo koliste i tesko i zatoa resiv da teram ete 2.1 napred pa posle 2.2 napred da vidam kako kje se ponasha. So 2.2 bese epten kako da se vozis so voz takvo custvo. I koga sakav od 2.2 da namalam na 2.1 on mesto da odisi kompresorot pocna da gi dopumpuva site gumi i koga pocna da titka deka e 2.1 vikam aj sredeno. Sednav da vozam haos kolava beter nego 2.2
Koga proveriv so noznata mi pokaza 2.5. dali togas nesto nebil vo red nemozam da kazam a ova bese pred nedela dena.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Следнава недела ќе скокнам да ги проверам гумите, ако така велиш ќе треба да покаже 2,1/2,2 на сетирано 2,5 (толку ги пумпам).
Некогаш кога ги проверувам, ако покаже 0,1 помалку (едвај една секунда отчитува и треба да го уловиш), ќе допумпа сосема кратко, но и тоа е доволно да надмаши и потоа издишува за да дотера на 2,5 и дури тогаш титка за готово.

И реално, 0,1 е сосема незначителна вредност за да се осети во удобност, сигурно многу повеќе се менува притисокот на ладна невозена гума и загреана возена гума од тие безлични 0,1 :)
Затоа и се препорачува да се пумпаат на ладно, односно 1/2 км (или колку беше) возени гуми.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4199
Мое мислење дека многу му се замарате, јас 18ки ги возам на 2.0 или 1.9 затоа што така ми е  најудобно мене во возење, за гумите кој ги тркала, нека се трошат за тоа се тие :) Во секој случај ќе истераат 4-5 години.

нешто набрзинка дека правиш грешка со притисокот во гумите
https://www.oponeo.co.uk/blog/what-are-the-results-of-too-low-tyre-pressure
Има еден куп линкови зашто не е безбедно да се вози така, а се сеќавам имаше и тест каде тракцијата во кривини беше изместена и возилото излегуваше од тест патеката со гуми кои имаа прилично понизок притисок од пропишаниот.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Јас па постојано таму ги проверувам и би рекол дека е прилично точна.
Стоени гуми (зимски/летни) секогаш покажувало 02/03 паднат притисок.
Второ, сега не ги памтам вредностите кои беа при активирање на tpms сензор (2.0 ли беше?) но точно покажуваше. Доколку покажувало повеќе како кај тебе, пумпаш 2.2 а реално 2.5, би требало да отчита 2,3 на гумата со активиран сензор, а не 2.0 колку што ми покажа.
Во право е @Vlatce-Vectra на таа пумпа не е точно, ги препумпува за пола атмосфера или повеќе. И јас таму цело време ги пумпам ама последниве 2-3 недели не им чини. Ги известив ама некако не ги боли Пења.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43648
  • Il Moderatore
Има по продавнициве манометарчиња и мануелни и дигитални. Си бркаат работа за проверка.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2184
Јас имам мануелен манометар и пумпа за упаљач (со мерач, кој покажува исто со вредноста од манометарот), така да секогаш мерам од исто место и таму немам варијации.

Сега ме замисливте да ги направам 2.4 со 2.4 за стално.
Без разлика дали има двајца возрасни назад или само напред двајца, а позади багаж.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Има по продавнициве манометарчиња и мануелни и дигитални. Си бркаат работа за проверка.
Не знам какви се денешниве, на времето какви се немав купено манометарчиња (не манометри :)), сите лажеа ко минхаузен.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43648
  • Il Moderatore
Јас ваков користам, солиден е:
https://www.kupialat.mk/index.php?route=product/product&product_id=3400

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29603
    • CARclub.mk
Само вие заебавајте се со ниски притисоци...

Гумите треба да се најмалку на фабрички-пропишаниот притисок, слободно може и повеќе. НИКАКО помалку. Си ја загрозувате и сопствената безбедност и на тие околу вас.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11735
  • Архитект
Ќе те стигне Богот на искривените бандаши со 18-ки на 2.0бари. Тој притисок е за 165/65р14

Почна со задна вилушка, сршена предна пружина, повисока потрошња....

Јас типувам следно дека ќе има проблем со сервото.

Присутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6795
  • French diamond
 ;D ;D ;D Кој филм си имате во тие главите, сигурно дека спиралата се има скршено поради притисокот, ете Molec вози со пропишан притисок, па и него му се скршила.
Задната виљушка беше уствари заден амортизер, ама толку разбираше мајсторот.
Потрошувачката е повисока од твојата затоа што ти возиш 100 на отворено, јас 140.
Да не треба уште нешто според експертите да корегирам ?

п.с возам delivery, гумите од сезона на сезона само ко ќе се менуваат ги проверва некој, а се врват по 100км денот, уште се здрави колите.

 

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Отидов денес на МП кај Румунска, покажа притисок 2.0, а во најлош случај требаше 2,3.

Дефинитивно е пореметен манометарот од пумпата.

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Отидов денес на МП кај Румунска, покажа притисок 2.0, а во најлош случај требаше 2,3.

Дефинитивно е пореметен манометарот од пумпата.
ti kazav jas. I sea aj napumpaj so toj manometar 2.3 i otidi posle nekade neka proverat sigurno kje pokaze preki 2.5bar.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Отидов денес на МП кај Румунска, покажа притисок 2.0, а во најлош случај требаше 2,3.

Дефинитивно е пореметен манометарот од пумпата.
ti kazav jas. I sea aj napumpaj so toj manometar 2.3 i otidi posle nekade neka proverat sigurno kje pokaze preki 2.5bar.
Еве јас ќе пробам, и така стално пумпам на Макпетрол кај Градска Перална.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
И јас таму секогаш ги проверувам/допумпувам и никогаш во овој период не паднале под 2,3, обично 2,4 ќе покаже.
Ама овој пат 2,0 покажа и веднаш се откажав, пошто веќе беше правен муабетот. Да не знаев, ќе се чудев зошто толку издишале и фактички ќе ги препумпав на 2,9/3,0.

Среќа форумов егзистира :) се споделуваат искуства колку и да се за неверување понекогаш :)