Отидов до Лукоил на Борис Т.
Ставиле на цревото холендерче и додека го навртев не знам колку издиша гумата. Покажа 2,3, ги допумпав гумите до 2,5 но при одвртување на холендерчето повторно имаше издишување.
Скокнав до МП во Лисиче за проверка, покажа 2,7, на едното тркало 2,8, ги дотерав на 2,5 под претпоставка дека не загреале тркалата до толку.
Ми беше сомнително, па отидов до Окта Н. Лисиче, таму покажа 2,8, немогуче толку да загреало тркалото.
Отидов до МП Маџари, поставив 2,6 на пумпата под претпоставка дека веќе почнале да загреваат гумите до таму. Само титкање од пумпата дека притисокот е во ред.
Сепак поверодостојни ми се МП пумпите, освен онаа на Румунска.