Автор Тема: Притисок на гуми (во зависност од бројот на патници)  (Прочитано 4961 пати)

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2185
Не видов ваков муабет или барем не сум налетал. Ако насловот не е соодветен, може и да се промени @zeroSignal

Со оглед на тоа дека почнува сезона на патувања, ме интересира како го подесувате притисокот во гумите кога се возите:
- еден или двајца напред (без багаж, секојдневно возење)
- кога се возите со повеќе луѓе или со багаж

Конкретно за Леонот имам две дилеми:
- Како да ги напумпам кога се возиме четворица возрасни (двајца напред и двајца назад) без багаж? Ова најчесто ми се случува Штип - Скопје - Штип, преку неделата кога возам за работа.
- Како да ги напумпам кога се возиме само двајца напред и багаж во гепек и задни седишта (ова е за одмор/викенд).

Овака изгледа лепенката на капачето за нафта:



Кога сум сам или со девојката - гледам да ги одржувам 2.4 со 2.2 по упаство.
Кога сме четворица возрасни - гледам да се 2.4 со 2.4. Ова ми е најголема дилема. Понекогаш (ретко) се возиме и 5 луѓе во кола...
Кога сме сами со девојката и нешто багаж (два куфера/торба, по некое ранче) - гледам да се 2.4 со 2.4. Одам на тоа дека багажот е многу полесен од двајца возрасни, но сепак исто допумпувам од нормалното.

Не знам дали исправно ги правам кога сум со дополнителен товар (како во вторите два случаи), ве молам поправете ме.
« Последно менување: 05 Јуни 2022, 12:22:00 pm balanar »

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6601
Ја би ги ставил константно на еден притисок, а тоа е на просекот од празна со товарена кола, а тоа ти е 2.5 напред и назад и не би се умарал превише. Пошто сега ке ставиш 5 души, пумпаш 2.8. Утре се враќаш возиш сам, пак трчај на бензинска стави ги 2.2. Ако имаш време секој ден ова да го правиш, уреду тогаш. Ја не би го правел.

Вака 2.5 константно и не би менувал превише.

Кај мене вика 2.0 напред со 2.0 назад празен, а со товар 2.2 со 2.6 така нешто.

Константно ми се на 2.2 и не се замарам, само проверувам барем еднаш месечно и тоа е тоа.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Мое мислење е дека ако се работи а кратки патувања како на пример низз град или Штип-Скопје не ги чачкај гумите. Натпумпај ги аз 0.1 над минималното ниво и терај така. 4-ца во кола не е некој значаен товар.
Подолги патувања како Штип-Белград или Севернодоњецк товарен со стингери, водка и мара во гепек до крај тогаш јас би натпумпал согласно упатството кога колата е здраво товарена.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6796
  • French diamond
Мое мислење дека многу му се замарате, јас 18ки ги возам на 2.0 или 1.9 затоа што така ми е  најудобно мене во возење, за гумите кој ги тркала, нека се трошат за тоа се тие :) Во секој случај ќе истераат 4-5 години.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5009
  • The Spartan General
Јас возам стандард интервал 2.7-2.9 на сите гуми. Се што е помеко ми смета и ми се причинува дека е нестабилна колата. Со тек на време паѓа притисокот и осеќам кога има изгубено 0.2-0.3 бари и се враќам на бензинска да допумпам на 2.7-2.8.

Многу често анализирам како ми се трошат гумите (дали и каде има црни линии на нагазната површина и по можност ротирам гуми за да има рамномерна истрошеност). Со четири гуми (летни или зимски) возам околу 40-50к километри.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11735
  • Архитект
Мое мислење дека многу му се замарате, јас 18ки ги возам на 2.0 или 1.9 затоа што така ми е  најудобно мене во возење, за гумите кој ги тркала, нека се трошат за тоа се тие :) Во секој случај ќе истераат 4-5 години.

Тие гуми треба да ги пумпаш
предни 2.6 - 3.0
задни 2.2 - 2.6

Јас моите 17ки цело време ги пумпам на средина од двете вредности
2.5 со 2.2

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Минатиов месец правев некои експерименти.
Летните гуми на Фордот ми се 215-55-16. зимските ми се 205-60-16. Сакав да видам како ќе се однесува со 215-60-16 и земав едни за проба. Можам да кажам дека 215-60-16 најубави беа за возење, возилото беше потивко ама за нијанса повеќе се навалуваше при нагли промени на смер. Нив ги воев 2.1 атмосфери и напред и назад. Меѓутоа се вратив на 215-55-16 затоа што се работи за послабо моторче 1.0 Екобуст па не сакам дополнително да го оптеретувам зошто често возам узбрдо и товарен.

Иначе мојот избор секогаш е гума со повисок профил за поудобно возење.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Нормално. Треба да си реален на што возиш.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6796
  • French diamond
Тоа што треба е едно, а тоа на кој како му одговара е друго, еднаш на сервис ми ги напумпале на 2.5 без да кажат, мислев колата сум ја згрешил ко ја зедов...кочија.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43650
  • Il Moderatore
Ќе те стигне Богот на искривените бандаши со 18-ки на 2.0бари. Тој притисок е за 165/65р14

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6796
  • French diamond
Океј, вие си знаете  :D Јас така сакам, секој со паметот.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43650
  • Il Moderatore
Океј, и ти си знаеш. Секако, производителот на возилото врска нема, па те тера со сила да ги пумпаш на 2.6-2.7 бари. :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5468
Кај мене за 205/55/16 е 2.3 со 2.0 или 2.4 со 2.2 товарен,  Јас ги возам 2.3 сите или 2.3 со 2.2 назад.
 Побитно е да ги тераш на истата бензинска цело време оти имам приметено јас кај шо ги местам 2.3 на друга отидов одма, 2.0 кажа :D
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Cim spomna benziska cisto da vi napomenam deka onoj kompresor sto e na glavnata na makpetrol na partizanska kaj gradska peralna voopsto ne e tocen.
Ete preku edna nedela odev tamo i nesto eksperimentirav so pritisokot na gumite. Kje gi namestam 2.2 napred i 2.3 pozadi kolava bese kako kocija tvrda. Posle toa aj kje namalam kao za 0.1 bar i kompresorot mesto da oddishi on dopumpavase celo vreme. Aj vikam moze odisila edna guma ama pa site 4 nemi bese verno. Imam  nozna pumpa vo kola so pokazuvac za pritisok nekoja ruska i koga ja namestiv na gumi skoro site mi gi pokaza 2.5 ili 2.6bar.
Gi odisav prema pumpata na 2.1 kolata se preporodi go dobi ona plivanje goltanje na neramnini i sitni dupcinja.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Јас па постојано таму ги проверувам и би рекол дека е прилично точна.
Стоени гуми (зимски/летни) секогаш покажувало 02/03 паднат притисок.
Второ, сега не ги памтам вредностите кои беа при активирање на tpms сензор (2.0 ли беше?) но точно покажуваше. Доколку покажувало повеќе како кај тебе, пумпаш 2.2 а реално 2.5, би требало да отчита 2,3 на гумата со активиран сензор, а не 2.0 колку што ми покажа.