Автор Тема: Opel Astra G 1.4 16V TNG  (Прочитано 51731 пати)

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5377
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #600 на: 04 Јуни 2024, 10:03:23 am »
Работев кај автолакер кратко време, ама ме интересираше, едноставно таков тип сум што сака сѐ да знае (од електроника до фарбање). Слика од процесот немам (ги снимавме само исфарбаните коли), имам само една во комора сликана од фордот на кој исправавме крило. Малку беше потсвиткано, па да не се менува за малку го исправивме. Немам слики од другите коли освен од еден калемен Мерцедес.


Инаку за слики од процесот мислиш на астрата или на друго возило што сме го работеле додека учев занает?

А сликата од сребрената кола претходно е извадена од фб, не е од нас работено, сакав само да го опишам процесот на исправање на каросерија преку слики. Начинот горе-долу е ист, Данду работи со повеќе типови чеканчиња и син маркер, а ние работевме со црна прашина и чукавме до поцинкуван метал, па стружевме со 80ка сусијат, па филери, па стружење на филерот, па боја.

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2658
  • Слобода или смрт
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #601 на: 04 Јуни 2024, 10:21:53 am »
Работев кај автолакер кратко време, ама ме интересираше, едноставно таков тип сум што сака сѐ да знае (од електроника до фарбање).

Ако те интересира нуклеарна физика ела во А.Ц. Козлодуј.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5377
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #602 на: 04 Јуни 2024, 10:24:16 am »
Не сум стасал до тоа ниво сеуште. ;D ;D

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1057
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #603 на: 04 Јуни 2024, 18:09:57 pm »
Работев кај автолакер кратко време, ама ме интересираше, едноставно таков тип сум што сака сѐ да знае (од електроника до фарбање).

Ако те интересира нуклеарна физика ела во А.Ц. Козлодуј.
Ke ме умриш  ;D

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5377
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #604 на: 06 Јуни 2024, 11:25:14 am »
95% done.
Има уште една ситница, заборавиле да ја прснат, бојата на слика дели бидејќи е полна со прашини колата, инаку во живо нема видлива разлика. Јас презадоволен на прво гледање. Бев да ја ѕирнам, па ќе ја земам подоцна.
Исто така лајсната му е извадена од десна врата, му реков да стават од лева  ;D ;D ;D

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7003
  • хаУс мајстор
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #605 на: 06 Јуни 2024, 12:50:33 pm »
Ајде испери ја, па да ти кажеме стручно мислење 😀

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5377
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #606 на: 06 Јуни 2024, 12:53:47 pm »
Тек по 2 недели, може после една туба вода да истурам на задниот дел чисто да видам разлика. Подобро да дели отколку да имам камења, дрва и гипс во вратата и коризија во крилото.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1755
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #607 на: 06 Јуни 2024, 12:58:33 pm »
Ја малце сум збунет те не сватив фарбана е сега или само вратава ја смени со друга а иста боја? пс. нека ти ја штелне хаубата додека ти е таму

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5377
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #608 на: 06 Јуни 2024, 13:04:33 pm »
Како се штелува хаубата освен во висина на гумиците?
Инаку земено е ново крило и нова врата и се фарбани, а сите делови (стакла, моторчиња за стакла, звучници изолација) се од мојата врата, исто фарбана е лајсната од гепекот и браникот заден до линија.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1755
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #609 на: 06 Јуни 2024, 15:38:38 pm »
За штелување на гумиците напред мислев тоа имам гледано само друго на шарки не знам дали постои

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7003
  • хаУс мајстор
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #610 на: 06 Јуни 2024, 16:51:53 pm »
Постои, куката за затварање на хаубата на член лим, и со таа може да се подесува висински.

Отсутен Tesla

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • Eбач на батерии :D
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #611 на: 06 Јуни 2024, 17:05:01 pm »
Према сликава се двои.
Браник од каросерија. Вратата задна, а и пластиката кај задната врата. Е сега можно е да е апаратот крив.
Јас мислам, да го исполира професионалец астричево, ќе дојде стакло.
И од мене предлог, кога ќе дојдеш до финансии, среди ги и офарбај ги бандажите. Верувај, ќе заличи. Венците ти се партал.
Д'г ж'т в'к п'н б'и - Долг жолт волк полн болви.

Zenu dupe krasi a tortu orasi.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5377
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #612 на: 06 Јуни 2024, 17:13:34 pm »
300€+2000 ден+бакшиш.
Вратата не се затвора нај-нај и крцка - се надевам лесно се решава. Утре во 8ч наутро одам прв. Ментешето не е добро подмачкано и сајлата сака подмачкување и штелување. Друга забелешка немам освен сијаличката за ербег (немав батерија на лаптопот).


Ја сликав премногу пати, во живо има ептен мала разлика (стар е лакот назад), а на слика не можам да ја погодам нијансата. Ништо страшно ако ја земеме во предвид претходната состојба на вратата и крилото китирано врз корозијата.

За бандажите знам, ептен се исчукани по тротоари, ќе се сменат.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43553
  • Il Moderatore
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #613 на: 06 Јуни 2024, 17:19:59 pm »
Овде двојат доста работи. Полирање не оправа нијанси. Дури може и поубаво да се познава двоењето после полирање. Фарбање на цели панели мора да се прави со блендинг со соседните, поготово на вакви бои. Ако не се прави со блендинг, ќе си двои. Ако не ти смета што двои, терај си.


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5377
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #614 на: 06 Јуни 2024, 17:29:36 pm »
Тоа и го дискутирав со автолакерот пред да се фарба. Фарбана е на линија, без блендинг. Разговарав со дитејлер, рече дека имало многу полоши примери кај него на полирање донесени и тоа чекани година дена за фарбање, така да не се замарам, можеби ќе ми боди око месец-два дури се навикнам, после ќе сфатам дека е 26 годишна кола и дека подобро лоша нијанса отколку 5 кила кит и дрвце каде при судар ќе заминиш со се дрвце.