Автор Тема: Opel Astra G 1.4 16V TNG  (Прочитано 60407 пати)

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5920
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #570 на: 29 Мај 2024, 16:57:52 pm »
Не двои задниот дел и браниците моментално, под ниту еден агол.
Еве странични слики:



Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7062
  • хаУс мајстор
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #571 на: 29 Мај 2024, 17:23:27 pm »
3500 мкд за крило? Не е тоа многу?

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5920
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #572 на: 29 Мај 2024, 17:52:43 pm »
Заминале сите со цените.
https://www.karoserija.mk/glaven-katalog/body-parts/brnitsi-pragovi-i-la-sni/opel?car_url=opel-astra-g-1998-1-2009-8&cat4=branitsi-dodatotsi

3458 денари, а поскапото демек ОЕМ квалитет 6300.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29668
    • CARclub.mk
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #573 на: 29 Мај 2024, 18:53:35 pm »
Што знам, за мене OEM квалитет за 100 евра е џабе. Ако е ОЕМ квалитет и погоденост, секако.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7827
  • Плинаш!!!
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #574 на: 29 Мај 2024, 19:31:20 pm »
Другар, прави си го меракот а меракот нема цена. А тоа дали ќе и извадиш цена или не коа ќе ја продаваш ама баш и не треба да се замараш. Сеа си млад немаш семејни обврски и би те советувал да си го правиш меракот за било што, не само за колата. Кога ќе дојдат семејните обврски тогаш твојот мерак ќе дојде на второ па и на трето место како од финански така и од временски карактер. Затоа сеа уживај.

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk


Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1005
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #575 на: 29 Мај 2024, 20:14:30 pm »
Што знам, за мене OEM квалитет за 100 евра е џабе. Ако е ОЕМ квалитет и погоденост, секако.

4000 денари беа ОЕМ капачиња за бандажи сет во М Кар, страв ми е да прашам колку е ОЕМ крило.

Иначе, на тема вадење цена од мерак, ко менував термостат и хладњак за уље, Џеповски ми рече "Да знаеш кога ќе ја продаваш никој нема ова да ти го цени". Ама за мене си ја правам. Ако можеш да си дозволиш и имаш заштеда за црни дани, терај.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #576 на: 29 Мај 2024, 20:21:52 pm »
Швалерка или кола. Што повеќе ќе троши и прави задоволство.
Никогаш не вели никогаш.

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1005
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #577 на: 29 Мај 2024, 20:23:10 pm »
Швалерка или кола. Што повеќе ќе троши и прави задоволство.

Кола бе, замисли да треба со ДВЕ жени да си имаш работа во животот. :)

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7062
  • хаУс мајстор
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #578 на: 29 Мај 2024, 22:29:56 pm »
Заминале сите со цените.
https://www.karoserija.mk/glaven-katalog/body-parts/brnitsi-pragovi-i-la-sni/opel?car_url=opel-astra-g-1998-1-2009-8&cat4=branitsi-dodatotsi

3458 денари, а поскапото демек ОЕМ квалитет 6300.
Мора ли ново да биде?
На отпад/плац каде растураат не се најде ништо, или не побара?
И онака ќе се фарба, ама ќе биде оригинал дел.
Јас така направив, 1400 мислам дека го земав крилото од отпад, го извадија од кола без грам кит на него, барем тоа може да се види кога ќе се извади.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5920
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #579 на: 29 Мај 2024, 23:10:35 pm »
Корозирани се сите од внатрешна страна, а му бараат како за ново пари. Моето е маалку фатено од корозија(а платив кога се фарбаше колава во 2022ра и за него, ама штачеш - мајсторишта), може и така да тера (на мој ризик), а по предлог на мајсторот треба да се бара ново. Е сега точно не го прашав колку би коштало само крилото. Најверојатно околу 130€ фарбање+дел, толку побара за задните полумесеци Самоил пред 2 години.

Тука моите финансии спрема колата завршуваат. Може аирбаг да се земе и можеби некои навлаки за седишта, другото остснува како што е.

Па се надевам ќе може да се пофалам со полирана и средена кола на нареден собир, некаде да ги оправдам вложувањата  ;D
« Последно менување: 29 Мај 2024, 23:17:45 pm nestor04 »

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6847
  • French diamond
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #580 на: 30 Мај 2024, 00:52:05 am »
Мене Алфата ме кошта 10 000€, а вреди 6 да ја продадам, ама јас сакам мене да ми прави ќеф и да ја гледам со мерак,затоа сме на форумот, а не на градинарски форум.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #581 на: 30 Мај 2024, 07:18:11 am »
Мене колата естетски ми изгледа стварно добро, нормално е да има по некоја гребаница или трага од друга кола, и најбитно кај сива металик е што не ти двои ниту еден панел (со наши мајстори тоа ретко се гледа), барем јас тоа што гледам секојдневно. Размисли си дали воопшто да ја фарбаш, разбирам кеф ама кај тебе не гледам потреба. Ете сакаш да вложиш во голем сервис со топ делови, механички топ и натепај малку километража на шетање, викенди, одмори, земи некој грчки остров помини го „уздуж и попреко“.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5920
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #582 на: 30 Мај 2024, 10:34:19 am »
Нема трага од кола, има само една гребаница на цела кола која не се забележува кога е помината со восок (ќе излезе со полирање), но вратата е китирана и под китот има корозија и китот пука, па вратата изгледа ужасно со испукан кит. Крилото од камчиња беше цело зуцки и не го превениравме, па сега скапало и тоа. Браникот пукна од лош автолакер, а пластиката на багажникот јас ја упропастив со полирање.

Дефинитивно колата се вози доста (барем во споредба со претходно), дневен просек ми се 60км и тоа во град, а Прилеп е 4км да го поминиш од крај до крај. Едноставно ми е ќеф да си ја возам и одржувам иако е обична кола од минатиот век.

Инаку мене колата ме кошта околу 5000€, а да ја продадам можам за околу 1500-2000€ максимум.
« Последно менување: 30 Мај 2024, 10:51:02 am nestor04 »

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1837
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #583 на: 30 Мај 2024, 10:37:08 am »
Терај си го меракот чим имаш можности некад тој хормон на срека колку и да не вреди се задоволува со вакви измени вложувања кој можеби подоцна ке си речеш еј што ми требаше али тоа е друга прикаска, и пак ке речам бандаши други :D

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5920
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #584 на: 03 Јуни 2024, 09:58:17 am »
Замина на фарбање. Мајсторот вели дека 90% од бојата може да се погоди. Чекам да се јави четврток да видиме како е што е, во меѓувреме да си ја средам гаражата за да ја гаражирам.