Автор Тема: Opel Astra G 1.4 16V TNG  (Прочитано 60380 пати)

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #555 на: 29 Април 2024, 09:46:26 am »
И доста инвестиции во оваа Астра  :), дали размислуваш за апдејт, една ГТЦ 2008/09 како ќе ти стои
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5918
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #556 на: 29 Април 2024, 11:05:13 am »
Сега засега не, сакам уште некои ситници да ги средам и да ја возам додека соберам пари за некој голем апгрејд (луксузно возило).

Во превод би ја возел уште 2-4 години.
« Последно менување: 29 Април 2024, 11:13:45 am nestor04 »

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #557 на: 29 Април 2024, 11:45:01 am »
А за клима си размислил да му наместиш?

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5918
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #558 на: 29 Април 2024, 11:52:55 am »
Сум размислил, ама нема кој да го направи тоа и мислам дека е скапа инвестиција. Не сакам толку пари да давам по астрата. Не ми смета без клима, едноставно се навикнав, а посебно со клима фолиите има голема разлика, и јас не верував дека нешто ќе има промена, ама ете има.

Компресор комплет имам сѐ исправно од 1.6 (исти се), ама нема кој да монтира.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5918
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #559 на: 28 Мај 2024, 18:02:31 pm »
Се крчка нешто, ама соленко. Денес падна половичен договор, од утре со нови апдејти. Се надевам нема да зажалам  ;D

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #560 на: 28 Мај 2024, 18:53:59 pm »
Лелелеле, ќе јаде c20let изгледа.
Никогаш не вели никогаш.

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5554
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #561 на: 28 Мај 2024, 19:01:01 pm »
Уште една Астра 1.4 ? :D


Sent from my iPhone using Tapatalk
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5918
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #562 на: 28 Мај 2024, 19:13:42 pm »
Комплетно естетско средување на секоја можна ситница (ми боди око, таков сум) што ми смета која ја перам колата. Браник, крило, врата, и уште некоја мала пластика која е изгребана. Некој што не доработил, сега ние со мајсторот ќе доработуваме. Цените се лудило. Врата+крило кај 90% мајстори кошта 250€. Браник 150€.
Чекаме делови од Аутодок периодов и ќе се прави мал+голем сервис (предвремени двата, на пола интервал) и спремни сме за на одмор.

Заборавив да напишам дека среден е и страничниот шоферски ербег, кој чекаше одамна и беше со отпорник кога ја купив колата. Проблемот беше скинат кабел (лошо залемен) кој благодарение на другарот електроничар беше залемен (на незгодно место) и отпорот падна од 3.2-3.8 на 2.4-2.5 оми (по пропис) и може слободно да поместувам седишта без да се плашам дали светнало ламбичето или не, доколку седнеше некој над 70кг светнуваше ламбичето, сега тоа е решено.
« Последно менување: 28 Мај 2024, 19:21:35 pm nestor04 »

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4995
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #563 на: 28 Мај 2024, 20:10:15 pm »
Od baba nevesta ne biduva. Stara i vistinita pogovorka.
Zbiraj pari za toa so sakase lexus ili so i da e

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29668
    • CARclub.mk
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #564 на: 28 Мај 2024, 20:37:04 pm »
Ако ти е мерак, средувај си ја. Знам колку значи.

И јас мислам дека ти е време за ново, ама па јас ја возев истата кола 12 години, така да... :)

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5918
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #565 на: 29 Мај 2024, 16:09:45 pm »
Закажано фарбање во комора (врата, ново крило, заден браник горна линија со матирање, лајсна на гепек (ја изгребав сам со пробно полирање) и нешто под хауба) цена за комплет 300€ (најниско што можеше да се спушти). Само врата и браник од линија е 10.000, а кај друг мајстор пријател (без комора) е 250+150€. Колата ќе се фарба нередна недела и ќе биди готова за 2-3 дена. Крилото ја крева цената бидејќи е 3500 денари како дел. Си стои зад сработеното (долгогодишен пријател на моите) и е чесен. Цените се високи, но во споредба со други мајстори е ок.
Се чека - сет ребраст со водна пумпа Gates (прва вградња), линиски каиш Gates, сајла за рачна (Bosch OEM), масло Amsoil, филтер за масло и воздух Hengst, огледало за ретровизор Van Wezel (се одлепи моето), заден брисач комплет Bosch Aero.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #566 на: 29 Мај 2024, 16:21:12 pm »
И после ожени се за астрата
Во смисла дека никако нема да ти се иплати да ја продаваш пошто нема цена да извадиш...

Sent from my SM-A546B using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Присутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6743
  • Бенве сие бенве
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #567 на: 29 Мај 2024, 16:27:25 pm »
Дај бе донирај ги парите на некое дете шо нема пари да јаде, не ги фрлај у астрата шо не вреди 1500еур.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5918
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #568 на: 29 Мај 2024, 16:31:46 pm »
Донирам храна секојдневно каде што јадам во пекарата. Често идат деца со родители кои немаат храна и бараат нешто вчерашно, продавачката ги одбива и вели дека нема, па им купувам јас бурек или што ќе си одберат. Арно ама има и такви кои ме излажале и купиле цигари со тие пари. Затоа секогаш ги носам таму каде што сакаат да јадат, дали во пекара или сендвичара, па да му купам јас, а не да им давам пари.

Можеби немам финансии за Лексус и да го носам на керамика и да го оставам да го перат за 500 денари на 2 дена, но на моменти ми е криво кога читам дека некој си ја пере колата, ја полира, става керамики, нови бандажи, па зошто јас да не си го дозволам тоа? Имам мерак за да научам да полирам премногу, па имам можност да се учам на своја кола со помош на професионален дитејлер, нормално на оштетен лак и корозија не се става восок, ниту пак се полира.
Посебно ми е мерак кога се паркирам на паркинг на кој има 4-5 астри и мојата двои.

Присутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6743
  • Бенве сие бенве
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #569 на: 29 Мај 2024, 16:54:36 pm »
Сребрена префарбувана кола секогаш ќе двои.


Sent from my iPhone using Tapatalk